Аај како повозрасни од вас ќе побарам совет, оти некој други ќе ми се прснат во лице, не ме сфаќаат дека сум сериозна хахах

Значи иам за симнување едно добри 6-7 кила.Можеби и треба повеќе, ама сакам да си останам пак пополничка, ај да не филиозофирам (да не си го изгуубам гзо) а и мразам да бидам слаба.За 4 месеци, за полуматура, и за летово сакам да си бидам тип топ.
Епа сеа ова ми е исхраната.
За доручек-мусли со млеко, некое овошје, салата, овесни снегулки ии тоа.
На училиште-една витанова, и едно јаболко или банана.
После училиште, она што има за ручек, секако третинка од количината што ја јадам моментално

, без леб.
За вечера-чаша јогурт, млеко,мусли, малку салата, или некоја овошка.
И Вода во огромни количини.
Од исхраната не тргнувам ништо конечно.Фанатик сум по месо, благо и млечни производи, па ќе си има и ден во неделата посветен само на нив.
Исто така планирам 5 дена во неделата да си вежбам дома по саат, саат и пол.Претежно кардио вежби, планирам да почнам со insanity, скокање на јаже и сл.Пред спиење серија вежби концентрирани на само одреден дел од телото.На пример разни стомачни вежби, вежби за задник и бутови, скелкови и сл.И еден ден во неделата на Фитнес.
Цел-стомачни мускулчиња, послаби раце, поубав грб, мускулести нозее ии секако најбитното секси стегнат голем задник! хаха
Е сеа да прашам дали е добра програмава, нешто да се додаде, да се тргне?
Секој совет е добредојден.