Моменти од детството што ќе ги паметите

2

~2A

Гостин
Кога то мариовците кај тетка ми ме зачекаа и ме нашибаа толку јако што ден денес го памтам ќотекот.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.983
Поени од реакции
74.030
Имам многу да кажам на темава, ама ќе отворам со една од многуте теми од детството :D

Јадењето во основно :pos:
Падна муабет пред некое време во друштво, што ни давале за јадење во основно за доручек, ужинка и ручек (за тие што биле целодневна до 4-то), па се потсетивме на некои работи :D

Прво кога не носеа во школо од сабајле скоро никогаш не одев на доручек. Имаше некои наставнички што одеа по училници и проверуваа кој бил да јаде, а кој не. Знам се криевме позади завеси за да не не најдат :icon_mrgr:
Во глобала даваа зденка, маргарин со мед ако не се лажам, еурокрем (само тоа јадев) со чаша млеко (топло ко мочка). Стандард беа тие металните чаши, затворските :icon_mrgr:
На друго не се сеќавам, многу многу...

Не знам како сум издржувал до 16 часот, со оглед на тоа што само ужинката ја јадев, мада некогаш и тоа не го јадев :confused:
Ужинката ја набавуваа од Жито Лукс.
Од 5 дена во неделата, во 3 од нив задолжително имаше некои сирењаци :pos:
Многу ми е смешен зборов, мада поточно име требаше да му биде урдењак, пошто саде урда беше внатре.
Имаше некои различни комбинации на сирењаци. Имаше еден со одвратна урда, што уште поодвратно смрдеше. Единствен сирењак што го јадев беше еден од Жито Лукс, што беше спакуван во посебно пакување...
По ужина ги праќаа тие што се дежурни. Одиш доле и ја земаш ванглата за твоето одделение. Ако има и плус некои работи како чоколадно млеко или јогуртчиња, тогаш одат уште по двајца за да помогнат.
Најмерачки беше кога имавме кифла со чоколадо, и чоколадно млеко. Мераци :icon_mrgr:
Јогурт даваа со ѓевреците и од нив не можам да се пожалам, а некои денови имаме и переци.
Не сум сигурен ама нешто ми се врти дека и со мармалад ни давале некои кифли :confused:
Во глобала само на овие јадења за ужинка се сеќавам...
Памтам дека повеќето јогуртите ги ставаа во ранец, и после ќе го наседнеа ранецот, па книгите им пливаа во јогурт :icon_mrgr:

Ручекот ми беше најдебилната работа :D
Ради месото што ни го давале во основно, имам гадење кон повеќето видови на месо, особено свинското :sick:
После ручекот имавме голем одмор во кој се утепувавме од фудбал играње, ама проблемот беше за да отидеш на одмор, мора да изедеш одредена количина од ручекот. Јадеш дури можеш и после одиш да и покажеш на наставничката колку си изел и она или ти дава знак дека можеш да одиш на одмор или те враќа за да изедеш уште некој залак :icon_mrgr:
Месото мораше задолжително да се изеде. На самата помисла на месото ми доаѓа да повратам. Се распаѓаше целото, имаше вкус на умреш глушец :sick:
Затоа најчесто го криев во остатокот од јадењето или го фрлав под маса :icon_mrgr:
Од ручекот само памтам дека ги јадев шпагетите, па дури и репете барав. Макароните исто беа јестливи, ама од икс причини ги правеа да бидат потпечени и то ги правеше погрди.
Задолжително во неделата имаше пире со некое грдо месо, ориз и во другата половина имаше зелена салата, и компир манџа, зелка, грашак, леќа, боранија сите со одбратно месо во нив...
Мислам дека имавме и грав во некои од деновите, па веројатно сум го јадел тоа :icon_mrgr:
После некои јадења имавме десерт.
Даваа пудинг со кора на врвот складиран во затворските метални чаши и едно одвратно лебасто колаче, во неколку ниво, горе имаше шеќер, низ нивоата имаше пар мармалад, и задолжително најдолниот дел беше загорен :D

Покрај овој муабет, се сеќавам дека откако ни ги дадоа оценките во прво одделение, моие ме однесоа да ме частат во Жито Лукс (кај екс Ванила, сегашно Вегера во ГТЦ). Најдобро јадење тогаш беше кроасан со шунка и кашкавал или сирење од Жито Лукс. Многу беа купувани во тоа време, знам дека кошатаа 30 денари :icon_mrgr:
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.151
Поени од реакции
83.887
нешто мнооооооооооооооооогу гадно :notworthy:
Жалам. Никого не би требало таков тип на сеќавања да го врзуваат за детството. Никое дете не треба да доживува толку негативни нешта, за кога ќе порасне, детството во мислите, да го поврзува со нив.
А сепак, судбината не прашува.

патетично ама вистинито, за жал

SE sekava nekoj na crtanite so Trutot Hachi.
Пчеличето Хачи.
Тие од ТВСкопје, не контаа тогаш, дека тие јапански сценарија на цртани се по скроз другачиј терк праени, за таму, за нивниот менталитет, традиции....

Хачи не беше само уште една Маја, како што веројатно мислеле тие што го откупувале цртанот
 

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.174
Поени од реакции
13.789
На сликата од прво одделение сите се насмеани и среќни само ја плачам и се тегнам накај дома...ууфффф....ни тогаш не ми се учело.
После некој месец учителката ме фати дека доаѓам без домашни и препишувам од другите на час...да, да, во прво :(

Во градинка најдов отров за глувци (едно гооолемо браво за воспитувачките!!!) и ми личеше на кикирики. бидејќи мама ме учеше се да делам, јас го поделив со цела моја група. Следната сцена е лекари трчаат низ ходници, деца повраќаат, некои ги носат по болници...


Уууште помала коа бев, знам дека малтретирав многу две дечиња од мојата група, бев "заљубена" во нив...само што не ми беа дечко/маж, туку едниот го викав шваљер другиот куче!!! И знам дека ги бркав да ги бацам и гушнам, а они се криеа позади учителката и плачеа :( оф мори мајко...малку нападна сум била м? :D
 

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.018
Жалам. Никого не би требало таков тип на сеќавања да го врзуваат за детството. Никое дете не треба да доживува толку негативни нешта, за кога ќе порасне, детството во мислите, да го поврзува со нив.
А сепак, судбината не прашува.

патетично ама вистинито, за жал



Пчеличето Хачи.
Тие од ТВСкопје, не контаа тогаш, дека тие јапански сценарија на цртани се по скроз другачиј терк праени, за таму, за нивниот менталитет, традиции....

Хачи не беше само уште една Маја, како што веројатно мислеле тие што го откупувале цртанот
Се секаваш на серијата.
јас како во магла.
--- надополнето: 22 јануари 2014 во 19:11 ---
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.151
Поени од реакции
83.887
Се секаваш на серијата.
јас како во магла.
Па, ваљда секој кој бил дете тоа време се сеќава на неа. Највише затоа што друго и немаше да се гледа, освен еден-два канала. Што има на прва, тоа сите гледаат, сите знаат. Нема шум од канали, серии и информации. Сакам да кажам, лесно е за запамтување.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Е многу ми недостигаат некои места од детството во градов,кој беше тогаш
во тоа време кога јас го трошев тоа детсво по неколку маала од двете страни на реката.
Го нема дрвеното(еврејското)мовче,не им текна да го направат заедно со театарот,
Ги нема ни скалите на Камен мост од лева страна по кој се симнуваше до театарот.
Ама го нема ни надвозникот над шините кај Мала станица. Е тука со едно другарче ќе се качевме и чекавме да помине некои од големине црни пампури,додека другите лица го избегаваа тоа место тогаш-претрчуваа,а ние ќе ги извадевме курињата и му мочавме право удолу во тоа белиот дим,а никој тоа да не го примети.Незнам што ни беше тоа задоволство. Требаше да се направи и овој пешачки надвозник,од кој и да не гледам ниту пак фотографии,а беше толку важен во тоа време и беше многу употребуван во текот на денот.Беше челичен мост преку шините,веднаш до рампата на водњанска.
Е ми фали и Калето (го изгубивме ли веќе).Па немало ден е да не се качиме на калето,да трчаме,играме камај,тепаме гуштери а и поприкажеме со стражарите од касарните кој не не бркава од близината на жицата а кој ги нема сега.
Не ви кажав,тогаш во реката угоре под женска гимназија се ловеа ракови во кошници.
 

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.018
Anco
И ти одамна памтиш ?

Кое годиште си .
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Anco
И ти одамна памтиш ?

Кое годиште си .
пред некој ден ми честитава роденден, џоа баѓи години ми се гледаат,
па пред земјотресот веќе завршив некое оделение (во К.Рацин)
а да и гледав филмови со партизани на ѕидот позади офицерски-Џабе
 

Expecto Patronum

Citizen Erased
Член од
13 јули 2011
Мислења
1.331
Поени од реакции
3.281
Кога луд петел на комшиите на баба ми ми напрај дупка во стомакот.
Кога пропаднав во хоризонтална метална врата со скали надолу затоа што скокав на неа.
Кога по цел ден дремев кај татко ми в сендвичара и ги фаќав муштериките за газ.
Кога мајка ми ми ја шина раката по долго тргачење за да ме извади од под маса.
Кога се здружув со банда ромчиња, а моите цел град го превртија за да ме најдат и потоа нормално следеше ќотеќ.
Кога татко ми даде 500 денари за роденден а јас "на старо" од едни ромчиња си купив пластично светло за на тркало од точак (за 500 ден. :pos:), и нормално пак следеше ќотек.
Друго не ми текнува моментално... Ова е во периодот од 5 години до кај прво одделение...
 

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.018
пред некој ден ми честитава роденден, џоа баѓи години ми се гледаат,
па пред земјотресот веќе завршив некое оделение (во К.Рацин)
а да и гледав филмови со партизани на ѕидот позади офицерски-Џабе
Aj mislev sum naj cic;ko na forumov.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Aj mislev sum naj cic;ko na forumov.
еј,чичко сакаш да ми го земеш престолот, јас сум дедо бил комај од минатиот век
Ај и ова да ви го кажам,за нешто од детството од пред земјотресот
(кога немаше нет, радио се слушаше од инка,закачена на бандера,Тв едно во маало)
летно време на распустот цел ден бевме надвор со детските игри и кришка леб насолена со шеќер и попрскана одозгора со вода на уличните чешми,оти дома немавме,(вода)
за да не ни падне шеќерот трчајќи и бркаиќи се играјќи жмурки и камај или тркалајќи некое колце од стар точак со багремово гранче. А ако пак некој заборави да го попрска лепчето со вода ќе јаде само сува кришка леб. Е тоа и тогаш по-убаво ни беше и не се двоевме,бевме другари бре,маалски копиљи,жизици а поголемите фраери. А си знаевме да јадеме чврги од тие поголемите ако нешто не ги послушавме,се почитуваа годините.
--------------
Фенери од лубеници
Август месец, година 1959,улица Савска
Навечер искачавме со фенерите од лубеници да прошетаме по улицата,па така одевме до црквичето и назад. Дента татко ми внимателно ќе ја исече лубеницата и испразни така да таа остане цела како топка,а само отвор останува горното капаче. Потоа целата лубеница-корка,ќе ја ишари со отвори во разни форми,крукчиња и ѕвезди.
Внатре во лубеницата ќе стави една свеќа,прицврстена за дното,ќе го затвори капачето на лубеницата и на неа ќе направи рачка за носење како фењер од врвка.
потоа ќе ја запали свеќата и ќе ни даде лубеницата да одиме надвор да шетаме по улица-маало. И други деца имаа слични такви направени лубеници-фенери,можеби виделе од нас или мора некој да направил прв.Така како шетаме и ги фртиме лубениците-фенерите така по улицата се отсликуваат шарите. А тогаш уличните светла беа на километар и тоа само на главната улица.
Ех.зошто и сега да не направиме еден ден бар во годината„Ноќ на фенери од“
----------------------------
сакате ли уште
 
B

babsyy

Гостин
Честите разделувања на моите. Покрај толку проблеми морав да порано да "пораснам". Кога ќе излезев надвор секогаш се смешкав како да не ми е ништо, пошто нејќев да ги делам проблемите со другите. Тие секогаш имаа убави работи за кажување, активности со родителите коишто јас ги немав, затоа што најчесто бев или со едниот или со другиот родител. Длабоко во себе бев најтажното девојче во друштвото.

Истите тие работи многу ми влијаеа понатаму во животот. Ама секогаш размислував дека има луѓе коишто доживуваат работи што јас веројатно никогаш нема, и човек сфаќа дека мора да се помири со животот и со работите на коишто не може да влијае. И секако да научи да не ги прави грешките кои постојано ги гледал во животот.

Настрана тоа, имав прекрасно друштво, другарување. Другарчиња кои и ден- денес ми се многу блиски.
Најсреќен момент ми беше кога ми се роди братчето, а па ги замолив моите да не сакаат подеднакво, а не да му се радуваат толку на него, а јас да им здосадам. :)))
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.505
Поени од реакции
87.449
Кога јас, брат ми и татко ми шетавме на плоштад... 1996 беше мислам годината, и не запира Дедо Мраз, не прашува неколку прашања и си заминуваме. Кога вечерта гледаш на МТВ и А1 во вестите не даваат нас :vozbud:. Незнам како но целиот разговор со Дедо Мразот го пуштија на телевизија, а појма немав од кај не снимаа на плоштадот. Како и да е... Yeah :drk:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom