Work and travel USA

  • Креатор на темата Креатор на темата *ANE*
  • Време на започнување Време на започнување
Од тие што остануваат што работат претежно ? (освен камион)

Келнер да работиш ти е добитна комбинација бате , особено во некој добар ресторант каде што законот е кој колку бакшиш направи за него си е , а не како во некои го собираат и потоа го делат на еднакви делови. Келнерите обично се платени по 3-4 долари од саат , али затоа може да стигнат и до 200 долари бакшиш дневно. Други опции ти се да паркираш коли , и тука паѓа добар бакшиш , или со тек на време ако го запознаеш градчето да разнесуваш пици.

Иначе камион е добро платено , али ако одиш со добиена дозвола од тука па таму само да средиш некоја документација да ти ја преведат и пичиш , прават по 5-6 илјади долари месечно зависи од километражата. А ги бараат верувај , имаат дефицит на возачи на камиони. Имам двајца другари моментално во америка , едниот вози камион зима доста добри пари , а другиот вози такси во Њујорк и тоа во елитна компанија , и газдата бидејки бил многу задоволен му извадил некоја работна виза која ќе му овозможи да го прикаже како потребен за фирмата , па ќе може да си доаѓа и потоа пак да оди на легален начин. Само 2 години е таму , а 1 година вози такси и веќе спомнува дека кога ќе си дојде планира стан да зима , па сеа замисли колку е платен. :)
 
Од тие што остануваат што работат претежно ? (освен камион)
Најисплатливо ти е камион. Со друга работа не ќе можеш да си купиш своја куќа, оти келнер ќе зимаш 2000 долари месечно а камион да возиш 5-7000 долари месечно.
 
Некој да не имал искуство во ресторанот "Sunset Grille" во Ocean city, MD...конкретно за работна позиција food runner ? И општо за Ocean city, се наоѓа ли втора работа и слично ? поздрав
 
Најисплатливо ти е камион. Со друга работа не ќе можеш да си купиш своја куќа, оти келнер ќе зимаш 2000 долари месечно а камион да возиш 5-7000 долари месечно.

Точно дека со камион е поисплатливо. Ама далку поризично. Не за да те фатат и депортираат или нешто слично, самата работа е поризична. За такси, особено во Њу Јорк, како што спомнаа пред неколку постови, ниту сакам да правам муабет.
Келнер е доста добра и помалку ризична работа. Малку саати работиш на една работа (обично не ги работиш сите 8, зависи од местото, дали ресторанот работи само доручек, или пак само ручек и вечера, или пак цел ден), и тоа ти дава простор за уште една работа (пак пожелно е келнер). Голема улога е и самиот ресторан и местото - туристичко место = повеќе бакшиш. Ама во просек ќе земаш 200 долари од смена, ако работиш две работи, уште подобро. Ако е летен период и местото е доста туристичко, ќе вадиш и 400-500 долари од смена. Ако ти се работи, работиш 3 оброка, не би требало да си под 500 во нормален ден.
 
Знае ли некој од тие што имаат такво искуство што би било доколку јас кога ќе отидам на работно место (смештај си обезбедувам сама, со асистенција на работодавецот), ми текне да ја оставам работата што сум ја пријавила од агенцијата и се вработам на некое друго место, во истата околина? Има ли некој искуство со откажување на договор едно друго?

Можеш да правиш што сакаш, но кога ќе дадеш отказ ако работодавецот го пријави тоа во американскиот спонзор, тие ќе ти побараат да им пратиш job offer од друг работодавец или ќе бидеш пратена назад. Повеќето Македонци всушност и го прават тоа, бидејќи ни даваат глупи работни позиции од тука.
 
Точно дека со камион е поисплатливо. Ама далку поризично. Не за да те фатат и депортираат или нешто слично, самата работа е поризична. За такси, особено во Њу Јорк, како што спомнаа пред неколку постови, ниту сакам да правам муабет.
Хаха, замисли ноќеска во 2 саат ти вика диспеџерката имаш тура во Харлем, има сам да се депортираш дирекно правец ЏФК.
Келнер е доста добра и помалку ризична работа. Малку саати работиш на една работа (обично не ги работиш сите 8, зависи од местото, дали ресторанот работи само доручек, или пак само ручек и вечера, или пак цел ден), и тоа ти дава простор за уште една работа (пак пожелно е келнер). Голема улога е и самиот ресторан и местото - туристичко место = повеќе бакшиш. Ама во просек ќе земаш 200 долари од смена, ако работиш две работи, уште подобро. Ако е летен период и местото е доста туристичко, ќе вадиш и 400-500 долари од смена. Ако ти се работи, работиш 3 оброка, не би требало да си под 500 во нормален ден.
Според твојава математика келнер ќе зимаш 12.000 долари месечно, ако еден ден си слободен во неделата, или си грешка со пресметките или пишуваш без врска од памет. Во САД просечна плата е 5.500 долари, значи тука спаѓаат од лопатари до доктори, а ти келнер да зимаш повеќе од дупло нема шанси.
Во Хард Рок келнер зима 4.5 долари и бакшиш до кај 100 највеќе во ден. Еве нека бидат 6 долари од саат и бакшиш 200 долари во денот пак не е ни приближно до твојата пресметка.
 
Хаха, замисли ноќеска во 2 саат ти вика диспеџерката имаш тура во Харлем, има сам да се депортираш дирекно правец ЏФК.

Според твојава математика келнер ќе зимаш 12.000 долари месечно, ако еден ден си слободен во неделата, или си грешка со пресметките или пишуваш без врска од памет. Во САД просечна плата е 5.500 долари, значи тука спаѓаат од лопатари до доктори, а ти келнер да зимаш повеќе од дупло нема шанси.
Во Хард Рок келнер зима 4.5 долари и бакшиш до кај 100 највеќе во ден. Еве нека бидат 6 долари од саат и бакшиш 200 долари во денот пак не е ни приближно до твојата пресметка.

Најверојатно кажуваше колку се зема макс бакшиш како келнер, јас каде што работев келнерите земаат околу 1.5 на сат и се друго бакшиш, имаше денови кога како келнер се прават и до 200-300 а ако работиш цел ден можеби и 500 но тоа не е секој ден има денови кога имаш само 20-30 , така да просечно се правеше околу 4000 - 5000 на месец можеби на некои уште по ексклузивни туристички места дури и до 8000 можи да се стигни, но работата е сезонска работиш 3-4 месеци и после тоа е мртво.
 
Нас муабетот ни беше за што е најисплатливо да работиш ако останеш таму.
 
Некој да не имал искуство во Хард Рок на позиција "busser" ?
 
Нас муабетот ни беше за што е најисплатливо да работиш ако останеш таму.

E па добро е и келнер во некој поголем град каде заработувачката ќе е околу 2000 -3000 на месец или шанкер исто добро се заработува во некој од ноќните клубови во поголемите градови, или пак одиш неколку месеци на едно сезопнско потоа се преместуваш на друго , на тој начин би заработил повеќе но треба да се преселваш многу често. Возење камион е една од најчестите работи затоа што се заработува добро но е по ризично.
Така да зависи колку ти се ризикува и ти се работи.
 
Има некој да препорача некое место на кое што бил ,или слушнал каде се прават убави пари во Америка на Work and Travel програмата...Поздрав
 
Темава има 138 страни. Што мислиш?
 
Некој да сподели искуство за Bacara Resort & Spa , или Ocean Edge Resort & Golf Club ??
 
Има ли некој што планира да аплицира преку Ameriquest сега ?
и дали во амбасада го проверуваат на некој начин оценките односно положените испити од кога ке го земат индексот или уверението ?
 
Најисплатливо ти е камион. Со друга работа не ќе можеш да си купиш своја куќа, оти келнер ќе зимаш 2000 долари месечно а камион да возиш 5-7000 долари месечно.

A kako vozat kamioni lugevo vo crno mi izgleda nesto nevozmozno,kako dobivat cdl drivers licence bez green card . Aj ako moze nekoj da mi kaze kako si odi rabotava,sum interesiran da odam, i da si ostanam tamu na crno ako moze da se najde nekoja isplatliva rabota.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom