Сега не одма да ми се нафрлите и да бараме виновници за џабе, ко ги нема. И јас не би го менувал Војчех, од едноставна причина што после Леман конечно најдовме голман за прв тим. За разлика од лани, целиот тим е позрел и целиот тим е поискусен. Позицијата на табелата тоа и го докажува покрај вака жестока и покрај вака голема конкуренција. Го паметам и тој пенал, да, кој му го одбрани на Ди Натале и тоа многу добро, но не беше за директен пласман понатаму, бидејќи ако се сеќавам го добивме во двата дуели, и на Емирати и на Фриули. Но, не ми е тоа поентата. Имаме сигурна одбрана пред него, и заради тоа тој нема толку многу работа. Но сезонава, тој многу потфрли особено во грешни проценки и при нафрлувања. Па пред некое коло го удри играчот и топката се одби некој cm покрај голот. Ами ако беше внатре ? Не барам во сеното играл, бидејќи целиот тим функционира супериорно, а сигурен сум дека Венгер знае како треба со него. Ета јас лично најголем напредок гледам во Пер и Косиелни, особено Косиелни кој беше многу лош и правеше грешки, но ете. Тој и Ремзи за мене имаат најголем напредок во овој тим, иако сите играат на високо ниво.
Друго, овие голови на Казорла и тоа како ни требаат сега. Лани имаше +10 голови, и тие голови ни требаат баш сега, во овој период на февурари и март. И на Подолски.