Кој не си пател од ваков човек, не знае како е. У средно јас имав цимерка шо не се бањаше, и буквално у овој период од годината сме спиеле со отворена врата од терасата. Не дека немаше каде да се испере или да се избања, стварно не знам зошто го прават тоа. Ама не е до бањањето толку колку до нечистата облека, повеќе пати носена и испотена. Пижамите под перница си ги чуваше со сликата од дечко и четката за заби.
Може и до домашно воспитување е, јас имав прилика мајка и да ја запознаам, и жената иста како неа си беше таква. Не дека немаа пари или па не знам беа запуштени, такви си беа луѓето, не си се чистеа.
И секако, проблемот не го решивме. Пробавме од околу со зафрканции нешто ова-она, и којзнае уште какви не обиди имаше - на крај пак со отворена врата си спиевме
на крајот кога требаше да се отселиме една цимерка и кажа у фаца дека тоа што го прави не е у ред и дека треба да си води грижа за хигиената ама џабе, веќе беше предоцна...