Ни ти не си ме сфатила што сакам да кажам.

Значи никаде не спомнав дека досадна им е играта, туку достигнувањата на последните натпреварувања-стрикно полуфинале.
Еве прост пример од тенисот ќе дадам. Мене Хрватска во ракометот ми стана ко Ферер на Гренд Слем. Подобар од Вавринка/Цонга/Гаске/Бердих, ама кога ќе дојде до Ѓоковиќ/Надал знаеш дека нема шанса да пројде. Така и Хрватска на последниве натпреварувања, си газат со Унгарија/Шведска/Полска/Исланд и кога ќе дојдат полуфиналињата со Шпанија/Данска/Франција.... трт Милојко, толку им е.

Немаат мрднато од полуфинале не знам колку натпреварувања по ред. Затоа ко нивни симпатизер ги искритикував, не дека играта им е досадна или успехот не е голем.
И ја викам камо среќа да освојувавме бронзени медали, камо среќа и да имавме тенисер ко Ферер, ама скроз друг ми беше муабетот, се надевам дека сфати.