Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
Реално, ова е максимумот на оваа генерација. Истрошена генерација, што ги има кренато сите трофеи. Секако дека се професионалци и дека сеуште би дале се за клубот, но оние жедните за трофеи треба да бидат моторот на тимот. Еден таков играч на грб не однесе лани до шампионската титула РОБИН ВАН ПЕРСИ. И да не беше тој ништо немаше да освоиме.

Среќен сум што Мојс не потпаѓа под притисокот и не се расфрла со трансфери. Знае како треба да го изгради тимот. Знае дека потребно е време и нерви. За жал не сите го гледаат тоа. Сер Алекс го гледа. Се надевам и бордот. (А исто се надевам и дека не грешам дека знае што прави :D)

И нема да ми биде чудно да прокоцкаме и уште една сезона без трофеј, но затоа следните да се повампириме. Затоа што имаме млади играчи кои за некоја година можат да бидат тој мотор. Јанузај, Пауел, Џонс, Лингард, Кинови, Переира, затоа и за Дели кукам да се врати.
Трансфер ќе се направи. Не се сомневам во тоа. Ќе пристигне вистинскиот играч. Можеби ќе купиме еден и вие пак ќе пцуете се живо и диво, но тој ќе биде вистинскиот. До душа нема да биде тоа еден играч затоа што ни треба засилување на неколку позиции. Важно е дека можеме да обезбедиме континуитет и квалитет на тимот неколку сезони по ред. И мислам дека тоа ќе биде тим за паметење.

Му треба време на Манчестер Јунајтед. Не сме ние инстант тим.

Горди сме на традицијата? Горди сме на она што е Манчестер Јунајтед? Горди сме на Базби, на светото тројство, на издигањето од пепелта после трагедијата? Горди сме на Ферги ерата? Горди сме што сме најтрофеен клуб?
Е за да ја одбраниме гордоста на традицијата ќе бидеме трпеливи и ќе го правиме она што отсекогаш сме го правеле. Ќе веруваме.
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
11.058
Поени од реакции
10.411
Реално, ова е максимумот на оваа генерација. Истрошена генерација, што ги има кренато сите трофеи. Секако дека се професионалци и дека сеуште би дале се за клубот, но оние жедните за трофеи треба да бидат моторот на тимот. Еден таков играч на грб не однесе лани до шампионската титула РОБИН ВАН ПЕРСИ. И да не беше тој ништо немаше да освоиме.

Среќен сум што Мојс не потпаѓа под притисокот и не се расфрла со трансфери. Знае како треба да го изгради тимот. Знае дека потребно е време и нерви. За жал не сите го гледаат тоа. Сер Алекс го гледа. Се надевам и бордот. (А исто се надевам и дека не грешам дека знае што прави :D)

И нема да ми биде чудно да прокоцкаме и уште една сезона без трофеј, но затоа следните да се повампириме. Затоа што имаме млади играчи кои за некоја година можат да бидат тој мотор. Јанузај, Пауел, Џонс, Лингард, Кинови, Переира, затоа и за Дели кукам да се врати.
Трансфер ќе се направи. Не се сомневам во тоа. Ќе пристигне вистинскиот играч. Можеби ќе купиме еден и вие пак ќе пцуете се живо и диво, но тој ќе биде вистинскиот. Му треба време на Манчестер Јунајтед. Не сме ние инстант тим.

Горди сме на традицијата? Горди сме на она што е Манчестер Јунајтед? Горди сме на Базби, на светото тројство, на издигањето од пепелта после трагедијата? Горди сме на Ферги ерата? Горди сме што сме најтрофеен клуб?
Е за да ја одбраниме гордоста на традицијата ќе бидеме трпеливи и ќе го правиме она што отсекогаш сме го правеле. Ќе веруваме.
друже немам ништо против тоа како Мојс го води тимот има само еден проблем што ме нервира кај Мојс а тоа е што игра дефанзивна тактика
 

HristijanWR10

Bryan Kearney
Член од
11 април 2012
Мислења
10.767
Поени од реакции
20.491
Од секогаш знаев дека ТОЈ е вистинскиот за Јунајтед.
Сигурни сте дека вистинскиот ќе сака да дојде во Јунајтед?
 
Член од
21 ноември 2008
Мислења
1.651
Поени од реакции
1.597
У најбоље форма не сме го тепале челски дома, не па сега. Што ве мава депресија? Што очекувавте со овие играчи? Мојс ви е крив? Ферги да беше ќе тепавме?


Треба да се фокусираме на собирање поени. Против помали екипи, насреќа, со судии - како знаеме и умееме. Да влеземе до топ 4 па ќе му ја мислиме за наредна сезона.


Сега мислам дека ќе го објават Коентрао (ако воопшто иде) и ќе ги смират нервозите на навивачите.
 

Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.359
Поени од реакции
701
Прво полувреме:

Добар почеток на натпреварот, тактички многу добро поставена играта, не ги оставивме Челзи да мрднат, нити една акција да организираат.
Изборот на играчи од тие што ги имавме на располагање - солиден.
Ми се допадна идејата и замислата со Велбек како централен кој се враќа да проигра со крила и бекови и со free role на Јанузај, но се покажа како неефективна....неговото место (на Јанузај) сега засега треба да биде лево или десно крило.
Исто и Челзи добро ги имаше поставено брзите играчи да ги неутрализираат влезовите на нашите крила и сите можности за контри.
Голот многу несреќно примен. Јунајтед далеку подобар противник.
Керик и Џонс надмоќни во средината како полутки.
Вториот гол - катастрофа, целосно запоставен Ето, нешто што несмее да се случува а еве се повторува повеќе пати.
Велбек можеше слободно да добие пенал, беше оневозможен да шутира како треба при обидот од 5 метри по нафрлувањето од лево.

Второ полувреме.

Брз гол. Потег што ја реши утакмицата.
Веројатно да успеевме да се зачуваме во првите минути, можеби ќе успеевме да извлечеме добар резултат, бидејќи по првиот дел самодовребата беше на високо ниво, се виде дека фали реализатор што ќе го ефектуира придонесеот на Јанузај и тоа ќе се решеше со Чичарито, сепак ништо од планот, после третиот гол Челзи целосно ја умртви играта, почнаа да се влечат по терен и да шутираат во аут.
Хазард е многу добар играч, врвен.
Челзи успеаја да ја преземат контролата на средината и иако целосно безопасни во напад, лесно не исфрустрираа и како од учебник го привршија натпреварот.

Јунајтед и покрај голот, изигра многу послабо од првото полувреме што веројатно е резултат на некаква психичка неспремност - нешто што е недозволиво и мора да се работи на тоа.
Факт е дека ако ги имавме Руни и Ван Перси ова ќе беше натпревар со многу подруг резултат....но тоа е тоа, ќе ги причекаме уште некое време.

Интересна е сезонава :)

Glory Glory !
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.367
Поени од реакции
26.419
Настрана глупостиве, стварно ме интересира мислењето и ставот на Inglourious Basterd за цела оваа работа. Човек ти си еден од оние кои имаат смисла тука и сакам да знам што мислиш за работава со Мојс и клубот.
Накратко, Мојс нема да ја сврти сегашнава состојба во Јунајтед.

Сеа надолго. :D

Една работа треба да ни биде јасна. Јунајтед не е хармонично семејство, како што патетично пропагираше Фергусон. Јунајтед е збир на луѓе со егоа (валда таа е множината :D ) како планина. И тимот што треба да ги менаџира, треба комулативно да има бар дупло поголемо од нивните. Или да има „legacy“ од успеси и минимум харизма да ги добие играчите на своја страна.

Мојс нема ништо од тоа. Требаше да знае дека е ранлив тука и да избере добри соработници. А тој го избра Фил Невил. Еве што Фергусон пишува за Фил Невил.

I had a few like that. Phil would do anything for the team. He would only think of the team. For the most part, if he were to play a limited part in the successful functioning of the side, he would find a way to be happy with that. In the end, though, Gary came to talk to me, to see how I felt about Phil’s
diminishing role.

‘I don’t know what to do, he’s such a great lad,’ I told Gary.
‘That’s the problem,’ Gary said. ‘He doesn’t want to come to you.’

Phil lacked Gary’s directness, you see. I invited Phil out to the house for a talk. He came with his wife Julie. At first I didn’t notice her in the car. ‘Cathy, go and bring Julie in,’ I said. But when Cathy got out there, Julie began crying. ‘We don’t want to leave Man United,’ she was saying. ‘We love being at the club.’ Cathy took her a cup of tea, but she wouldn’t come into the house. I think she was worried she might break down and embarrass her husband.

Како може човек кој е милионер, кој има обезбеден живот до правнуци, до толку да нема его. Одговорот е многу едноставен. Фил Невил нема доверба во себеси. Тој смета дека се што направил му е поклон од Јунајтед. Дека ништо од тоа не заслужува. И денес, тој човек треба да го контролира Ван Перси.

За волја на вистината, не дека Мојс не предвиде дека ќе мора да ја добива соблекувалната и дека не проба да го направи тоа, ама и тој обид му се одби од глава. Мојс избра да го задржи Руни и преку него да го придобие тимот. И Руни сеуште калкулира со потпишување на нов договор, а тимот е веќе влезен во период кога треба да планира damage control. Ништо чудно да го пуштат на лето за смешни пари, само за да не заврши во премиерлигашки ривал.

Се на се, пасивноста на почеток го однесе Мојс во вител од кој ќе му требаат барем три години и расчистување со 80% од играчите останати од Фергусон за да излезе. Ако ја земеме во предвид динамичноста и компетитивноста на денешниов фудбал, Јунајтед ги нема тие три години на располагање. И доколку бордот реши да му ги даде на Мојс, ќе добие стабилен менаџер, ама дебело ќе го изгуби статусот на најголем британски, а ќе биде светлосни години оддалечен од друштвото на најголеми светски клубови.

Мојс е трудољубив, ама тоа паѓа во вода кога на крај не си ја завршува работата.
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Ако дозволи Ди Еџ да пишам и јас мое мислење за сегашната состојба на Јунајтед (btw добар аватар имаш одбрано :) ).

Според мене, само Ферги можеше со овие играчи и со не така голем буџет да освојува титули со Јунајтед. Во Јунајтед треба да се направи ремонт на тимот и тоа уште на лето, почнувајќи од Мојс. Можеби некој ќе рече дека има време и такви работи, ама едноставно човекот досега со нити еден потег не убедил нити еден човек дека е правиот за Јунајтед. Според мене тој е уште еден од низата тренери кои можат да бидат добри со екипа од средина на табела, ама немаат доволно карактер, квалитет за да водат врвен клуб. Можеби екипава не е доволно добра за да се бори за титула, ама да биде 7мо место, и во нити еден момент (досега барем) да не е ни близу до 4то место....
Видете што му се случи на Ливерпул, како од светска екипа стана екипа која едвај стигнува да игра ЛШ години наназад. Не велам дека кон тоа оди и Јунајтед, ама не е голема границата меѓу екипа која се бори за титула и за ЛШ...Управата мора да делува брзо, и да донесе правилна одлука, околу целава ситуација во клубов, ситуација со која неморале да се соочуват веќе добри 26 години.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.812
Поени од реакции
44.142
Aj, право и скаут репорт :D
Има супер техника и контрола детто, знае да пуште добар пас, пукна 2-3 "Сколс топки" и помаге дефанзивно. Ама реално оше не е на нивото на Модрич или Гундоган на пример. Има потенцијал уф секој случај и мисљум оти ќе успее. :)

Прво, чисто да расчистиме. Секој шо очекувал вадан Манчестер да искаре нешто од утакмицта со ваа екипа (поточно без Руни и Перси) за мене или е Латас или е суперултраоптимист. xD

За Мојс викиш добро е шо не потпаѓе под притисок и го граде тимо полека полека. Најреално, сеа за сеа Мојс нема ни почнано да граде нешто. Евентуално некоа викендичка на Лох Нес. Нема ни авторитет стекнано оште, како шо ми стое. Шо е полошо, не сум сигурен и скица дали има направано уопште. Мада би требало да има, а сигурно нема да ни го каже тоа на нас. :)
За ситуацијата јасно е оти требе да са направат некои промени уф тимо. На сите неј јасно оти ни фале креативен плејмејкер. Освен тоа очајно ни фаљат лев бек и крило. Толко слаби крила не сме имале од кога глеам јас фудбал. Да не е Јанузај ние ќе немиме ни едно крило од кое можиш да очекавиш нешто. Браво за детто стварно, помалечок е од нас, а кине. Нема страх од ништо и слободно може да са каже оти ваа сезона е најпозитивно изненадувајне уф Европа. За Јанг сите са сложувиме, Валенсија оше ги лже некои, ама он е испеана песна веќе. Нани исто, никоа пт нема да биде класа играјач. Заха не ни играе уопше, Кагава неј крило, а Гигс е 40 години. И не меј јасно оти, оти ffs не пробе друга формација. Искористи го Кагава бе теле, или продади го, са уопропасти играјачо од трчајне по аут линијата или седејне зад неа.
Другото не е уопште лошо. Ного е битно Руни да са задрже, со Перси одлично соработават и ќе кинат оште 2-3 сезони, ако са здрави и живи. Керик е стар, ама е се подобар и подобар. Флечер стварно е кути засилувајне, човекот колко трче и колко е борбен алал му вера. Уф одбрана имме фудбалере сеа за сеа, ама Фердинанд најверојатно ќе са пензионире летоо, а Видич е уф години, така да и тука очекавум некој нов играјач. И им са мољум Џонс да престанат да го играат среден ред и да го направат тоа шо беше Видич вие години, прав стуб назди и капитен оти детто има се шо е потребно за да биде најјакио дефанзивец уф Англија за некоа година. Коа ќе ми текне как играјше Видич пред повредата со Базел оше са наежавум, а коа го гледум Џонс иам чувство оти ного скоро некој друг дефанзивец ќе ма наежаве така. Значи од тие младите шо и наброја погоре за Џонс и Јанузај сигурен сум оти ќе бидат големи фудбалере, а исто ного верувум уф Пауел. Другите сеа за сеа за мене са талентирани фудбалере, шо може да завршат уф Сандерленд, Хул или Кардиф. Играч шо ного сакум да го земиме е Баркли. Уф ни един фудбалер од Манчестер го неам видано тоа инато и тоа дивио начин на играејне фудбал уф стило на Руни, а баш тоа го има уф воа дете.

За ваа сезона конретно, освен сите промени шо са десија уф екипата, факт е и оти немме ама баш ич среќа. Изгубиме 5 поени уф последните секудни, а немме освоано ни един. Тоа одприлика идат 12 поени помалце, If you know what I mean. Немме среќа ни со повредите, а богами ни со судиите. Ама да не са жаљиме на судиите, нема смисла. За повредите, Керик го нема 2 месеца, Рафаел 2 играе, 5 не играе. Џонс исто повредан ного често. За Руни и Перси маабет да не прајме. Не памтум кога играјаа заедно последан пт, против Арсенал изгледе? И чисто ма интересире колко утакмици вкупно изиграјаа заедно? А баш вие са најбитните играјаче на Манчестер. Единствено арно нешто е шо са врна Флечер, пу пу да не го урочум. :) Единствена шанса за титула неј Лига купо. Мисљум оти ќе са пласириме уф финале секак, Сандерленд има да го испуше за сите шо на тепаа ваа сезона, ама уф финаљто со Сити ќе биде ептен тешко да са победе. Не са нормални тие ваа сезона. :) За ПЛ, првите 3 места са завршан маабет веќе, ми останаве само четврто место, да фатиме последан воз за ЛШ. Цела среќа Ливерпул шо киксна, па на 2 утакмици сме од него. Верувум оти ако конечно ни са врнат главните играјаче и немме веќе заебанции со повреди, ќе бијме 4те. Не глеам как и уф шо са појаки од нас Ливерпул, Тотенхем и Евертон. А ного битно е да фатиме возо за ЛШ, полесно ќе напрајме тренсфере летто, а и Руни нема да плаче сигурно. :D А уф ЛШ ваа сезона, најного шо можиме е 1/2 финале, ама со огромна доза на среќа. Имаме уф 1/8 финаљто, тоа сигурно. :D Ако ни са падне уф 1/4 финале некој од Атлетико-Милан/ПСЖ-Леверкузен/Зенит-Дортмунд или Арсенал мисљум оти ќе имиме шанса за пролаз. Дортмунд са исто ного слаби ваа сезона, ПСЖ знаат да са испосерат, Атлетико колко и да са јаки немат искуство, а со Милан ако играјме ќе биде дерби. :D Ама ќе и тепиме. За наредната здравје, има време, ама мисљум оти ного работи зависат и од тоа дали ќе завршиме 4ти. Само јасно е оти без промени на тие 3 позиции шо ги спомнах и догодина ќе немиме шанса за титула.


Ај са распишах, може и фатих да са повторавум, не памтум шо пишал сум погоре. :D Фала за тие шо го прочитале цел пост, на валандавски дијалект. Ако на некој му требе помош со превод, слободно нека си пите. :D GGMU!
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
653
Поени од реакции
434
^ Мајсторе, тепа по очи голем текст напишан на дијалект. Што не оди, не оди :)
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.586
Ќе речам само штета што ни фалат играчи кои денес требаше да пресечат во клучни моменти, покажавме вистинска игра со само една голема грешка и понатаму се беше агонија и обид да се стигне Челси...

ќе дојдат и светлите денови, играчи се тоа што ни фалат, денес Мојс го докажа тоа.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.812
Поени од реакции
44.142
^ Мајсторе, тепа по очи голем текст напишан на дијалект. Што не оди, не оди :)
Реплицирав на мој сограѓанин, а на него неможам да му се обраќам на литературно. Не можам ни да замислам, затоа. :)
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Еве и од мене мислење, многу ми личите на тимот на Челси под водство на Анчелоти со Малуда , Калу, Анелка... кои беа испуцана пушка, и тогаш Челси се вадеше на индивидуални квалитети на Дрогба, Лампард..., што на вас и тоа не ви успева без Руни, инаку според мене не е до Мојс екипата ви е испуцана и одртавена једина светла точка е Јанузај кој што е дијамант како игра за негови години, исто така светла точка е и Керик со неговата стабилност и Видиќ, се друго ти е шут и втора класа, једина грешка според мене на Мојс е што не го игра повеќе Чичарито, дечкото треба повеќе да се искористува има неверојатен сенс за гол, додека за ЛШ имате квалитет но треба голем напор да вложат просециве што ги имате за да извадат ЛШ покрај Руни, РВП, ВИдиќ и Керик и плус до крај на Јануар купување за до крај на сезоната централен дефанзивец и креативец од типот на Фабрегас/Модриќ/Гундоган или нешто слично.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Еве и од мене мислење, многу ми личите на тимот на Челси под водство на Анчелоти со Малуда , Калу, Анелка... кои беа испуцана пушка, и тогаш Челси се вадеше на индивидуални квалитети на Дрогба, Лампард..., што на вас и тоа не ви успева без Руни, инаку според мене не е до Мојс екипата ви е испуцана и одртавена једина светла точка е Јанузај кој што е дијамант како игра за негови години, исто така светла точка е и Керик со неговата стабилност и Видиќ, се друго ти е шут и втора класа, једина грешка според мене на Мојс е што не го игра повеќе Чичарито, дечкото треба повеќе да се искористува има неверојатен сенс за гол, додека за ЛШ имате квалитет но треба голем напор да вложат просециве што ги имате за да извадат ЛШ покрај Руни, РВП, ВИдиќ и Керик и плус до крај на Јануар купување за до крај на сезоната централен дефанзивец и креативец од типот на Фабрегас/Модриќ/Гундоган или нешто слично.
еее баш на место ти е постов, она што јас го зборам. Некои се чудат тука како можело од шампиони да се донесеме во оваа ситуација. Е гледаш како можело, и вие тогаш имавте слаб трансфер период, само Рамирес ви дојде мислам кој беше прилично лош првата сезона, ако добро памтам само црвени картони правеше. Имавте исто како што велиш фудбалери во залезот, буквално во истата ситуација сме како вас, бонус само што ние сменивме и менаџер. Затоа не разбирам тука зошто има самоубиствени жалопојки, значи ова мораше кога тогаш да се случи, се случи и пред десет години точно кога Фергусон мислеше дека ќе гради тим со Џемба Џемба, Клеберсон, Донг и Белион во напад и наредното лето веќе почнаа горе доле да се стабилизираат работите.

Евра или Монако или пензија или да има епизодни улоги како Рио сезонава, Рио си оди, Ешли Јанг или да се продаде или и на него намалување плата и од клупа, ротација. Промоција на Мајкл Кин, Лингард и Пауел како за старт и паметен трансфер период летово, уште пред СП да се готови со трансферите. Супер почеток би бил ова.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.812
Поени од реакции
44.142
Не е баш лесно за било која екипа да продаде играч од класата на Јанг...











...никој сака да го купи. :(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom