Македонија - Унгарија [ 18.01.2014 - 16:00 часот ]

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе победи?

  • Македонија

    Гласови: 80 66,7%
  • нерешено

    Гласови: 15 12,5%
  • Унгарија

    Гласови: 25 20,8%

  • Вкупно гласачи
    120
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Еве да не излези дека само јас го критикував судењето и гледав некоја друга утакмица
Генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски, му ја честиташе победата на противникот, но исто така искажа поддршка и на нашите репрезентативци за искажаната борбеност на овој меч. Воедно, првиот оперативец на РФМ искажа незадоволство од арбитражата на белоруската судиска двојка, која добро е позната на македонската спортска јавност по дуелите од СЕХА-лигата, откако беше задолжена и за делење на правдата на последното дерби меѓу Вардар и Металург.
Унгарија денеска беше подобар и посреќен противник, но без разлика, честитки на нашите репрезентативци за максималната борбеност и пожртвуваност во текот на целиот натпревар. Борбата за што подобар пласман продолжува, но жално е што најлошото судење досега го имавме денеска, на првиот натпревар на кој ни судат судии од СЕХА-лигата“ – изјави Филип Милошевски.
http://ekipa.mk/miloshevski-najlosho-suden-e-so-arbitri-od-seha/

Ајдеееее......
Се заинати Мукаетов нешто да се докажува со овие од СЕХА, не знам зошто само? Ради Наумче и неодложениот дуел? Никој не е крив за повредата на човекот и не доликува после ваков натпревар да се спомнуваат судиите за да се тераат некои свои правдини, кои немаат никаква допирна точка со првенството.
 
Ох леле од судиите се жалат :facepalm:
 
Sudiite li vi se krivi? Mislam mozese komotno stativata so lambicki da si ja ukrasime i da go trgneme golmanot posto bese ko proziren. Ungarcive gi izaskaa za site pari, ne mozea topkata da predvidat na kogo mu se podava.
 
Добро бе шо ви е ејјјјјј!!!! Никој нигде НЕ ВИКА дека се СУДИТЕ КРИВИ...Само КОНСТАТАЦИЈА дека на ова утакмица спорните моменти ги судеја против нас.... и тоа во минимум 5-6 ситуации.
 
Добро бе шо ви е ејјјјјј!!!! Никој нигде НЕ ВИКА дека се СУДИТЕ КРИВИ...Само КОНСТАТАЦИЈА дека на ова утакмица спорните моменти ги судеја против нас.... и тоа во минимум 5-6 ситуации.

Едноставно на утакмицава немаше такви клучни елементи, клучен беше пристапот со наполнати гаќи и немање на квалитет.
 
Еве ви снимка кој сака и има нерви нека ја изгледа на раат пак па со ладна глава нека процени сам...п.с. Уште прв напад Ѓорѓиевски од крило чист пенал недосуден
Македонија-Унгарија Снимка

Каква снимка не заебавај... Едвај првите 20 минути ги изгледавме а камоли снимка :)
Шо побрзо да се заборави овај натпревар.:sleep:
 
Еве ви снимка кој сака и има нерви нека ја изгледа на раат пак па со ладна глава нека процени сам...п.с. Уште прв напад Ѓорѓиевски од крило чист пенал недосуден
Македонија-Унгарија Снимка


На еден момент особено се сеќавам, Велко оди во полуконтра на 6 метри, еден од унгарците со 2 раце очигледно го турка во другиот унгарец, тие пробивање судат :facepalm:.
 
Најмногу се разочарав од пристапот на играчите во овој меч.Премногу лежерно одиграа и однесувањето им беше како да играат пријателски меч со Унгарија,а не меч од ЕП.Одбраната беше катастрофална.На нашиве им беше страв да влезат во дуел со Унгарците и им оставаа премногу простор за игра и чисти шутеви кои овие максимално ги искористија.Во нападот можеби имаше разновидност ама реализацијата ни беше катастрофална.Тука одново се покажа дека Кире ни е 99% од репрезентацијата.Не му оди на него и нема друг играч кој што е способен да превземе одговорност.Пецаковски изненади и изигра доста добро,но не може од него да се очекува да го превземе товарот и да го изрешети голот на Унгарците.Миркуловски проба да направи некои соло продори,но реализацијата му е мизерна и со таква реализација ни во женската репрезентација не може да игра.Сепак Жутљаков не е бек шутер и не треба да му се замери за тоа бидејќи неговата задача е поинаква.Сега следуваат утакмици на кои реално е скоро невозможно да победиме и од играчите треба да очекуваме само дадат 100% од себе и што биде нека биде.
 
Потоп :facepalm:
После победата над Австрија се кренаја над облаци, катастрофа изигравме, одбраната швајцарско сирење, па овај Велко Марковски после Манасков моментално тој е во најслаба форма, тотално е аут чоеко, ми текнува каков тандем беа само пред 2 години во Србија со Јоновски , па и во Лигата на шампионите со Металург кога го изборија најдобриот пласман на тимот ! Со Манасков се борат сега кој е полош, ептен лесно поминват покрај него...

Часар и Анчин да можеа од трибина да шутираат гол ќе постигнеа, шо ќе беа тие удари, топ во рацете се двата !
Министеро слабо денес, второто нешто фати ама пак просекот чорба, па за пеналите да му ебам мајката онај со брадата 4 пенали со ред му ги даде на исто место до ногата, толку не процени Борко ? :facepalm:
Лазаров и тој слабо, кога не ти игра овај, ни Борко, ни боркејца не ни помага.
Манасков моментално е поќе зијан, отколку корист за репрезентацијата, џабе 5те гола бе дете кога топката од раце ти паѓа !!!
Прибак сите чекавме на него, прва утакмица му е на вакво големо натпреварување со репрезентацијата, не можиме уште на почеток од него да бараме 7-8 гола !
Па и Пецако првата утакмица даде 1-2 гола, после се поќе и поќе даваше. Повеќе асистираше до Столе, си ја знаат работата од Вардар.
Митков, на овај треба со ЗАКОН да му се забрани да не игра поќе ракомет ! Толку слабо нешто немам видено со години ! Поарно нека земат некое дете 17 години, нека се калеми уште од сега, со овај трупот џабе се шета само по авионите !!!!
 
Добро бе дечки смирете живци, не е крај на светот.
Факт е дека не само овој натпревар, туку цело ова првенство репрезентацијата не е на нивото што го знаеме. Али погледнете ги сите повреди и срања што им се случија пред да почне првенствово и ќе испадне дека и ова е одличен успех. Главниот организатор на играта и вториот најдобар играч и стрелец во тимот се повреди, се повреди и Лазаров џуниор, Пецаковски влечеше повреда, на вториот натпревар го изгубивме и Стојчевски, Веле и Аце како прв пат да играат заедно, Манасков и Георгиевски се тотално надвор од форма но и покрај се стигнавме во топ 12 во Европа и имаме обезбедено квалификации за СП.
Со составот кој моментално располагаме ова е повеќе од добар резултат. Нема потреба од плукање по играчите затоа што направија и повеќе од што можеа. Ако видиме какви репрезентации со дупло поголемо реноме и далеку подобри индивидуалци испаднаа по првата рунда успехот е уште поголем.

За денешниов меч, апсолутно ништо не ни тргна од рака. Мислам дека разликата во квалитет не беше толку голема колку што резултатот е сплет на многу несреќни околности.
Во првите 5-6 мин почнавме многу добро, комбинации, акции, неколку изнудени седмерци и зицер позиции од кои успеавме да дадеме само еден единствен гол. Ако не се лажам во првите 10-12 мин процентот на реализација ни беше негде 17%. Додади на тоа дека одбраната беше катастрофална, а голманот имаше ептен лош ден, земете во предвид дека најдобриот играч ја изигра најлошата утакмица во последниве неколку години и јасна е работата. Унгарија не ти ги простува утнатите зицери и седмерци. Се одлепија 5-6 разлика и си ја држеа до крај. Не дека пообјективното судење ќе го сменеше резултатот но и судиите денес допринесоа со неколку лоши одлуки. Едноставно ЛОШ ДЕН.

За конечниот пласман на првенствово
Со оглед на формата и квалитетот кој во моментов го носиме јас типувам дека ќе се бориме негде за 9-10 место. Реално со моменталната ситуација тешко е да очекуваме да го победиме Исланд, но не е невозможно со оглед на тоа дека и порано тие ја имале фаворитската улога ни сме успевале да ги добиеме. Во тој случај влегуваме во игра за 7-8 место што реално во овој момент е премногу
 
Не знам дали приметивте, ама во прво полувреме сите шутеви ни идеа во долниот дел од голот, не само оваа утакмица скоро сите на првеснтсвово најчесто нашите шутираат доле, па голманиве не анализирале убаво па се утепаа бранејќи против нас, и сите имаа висок процент т.е околу 50% на одбрани против нас.
Истото ги приметив и јас, особено Кире и Миркуловски. Мене ми е нејасно, влегува Миркуловски залетан на шест и шутира во нозе на голман, па не постои голман што ќе ти фати топка ако му ја пукнеш во аголот. Сите голмани ни се спуштаат ниско, не им ни треба ни посебна анализа.
 
Секој реален љубител на ракометот и на спортот, ќе сфати дека ние неможеме ништо повеќе од втора фаза и пласман на 9-10 место. Толку е кај нас, повреда на 1 играч и одма се сеќава во играта и во ростерот. Неможиме со 7 играчи да се надеваме на победи против вакви велесили.
Друга работа се головите кои ги примивме...незнам точно ама сигурен сум дека од 31, некој добри 20 ни дадоа од бековските позиции, од кои 40-50% беа БЕЗ НАШ БЛОК, е во таква ситуација играчи како Анчин ќе ја искинат мрежата. Несериозен старт, со страв, паника, промашени 3-4 зицери на почеток и уште тука ги изгубивме и така малите шанси за позитивен резултат на натпреварот.
Не ни очекувам да добиеме една од наредниве две средби, и мислам дека со иста разлика ќе загубиме како на овој натпревар, ама што е тука е, сепак целта(реалната), е остварена, пласман во втора фаза, е сега да се надеваме да ни се падне колку е можно послаб противник за баражот на светско.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom