Најекономично греење и ладење

Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.653
Поени од реакции
7.498
Не се слагам со твоето мислење околу предимензионирање на надворешната единица. Зошто? Затоа што моќноста на надворешната единица нема никаква врска со надворешната температура.
avant.jpg
Ако нема врска со надворешната температура тогаш објасни ми зашто како пример твојата Авант Тошиба според Еуровент на +7 дава макс 3,6Kw на -7 2,65KW а на -15 САМО 2,16kw?
 
Член од
12 септември 2013
Мислења
222
Поени од реакции
184
4.33 ti e kw na peletite dobien
3.19 na evtina struja ti e kw toplina
Soberi. Plus kolku e TA I kolku e spore na peleti....
Peletite ne ni za backup ni za frontup
 
Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.653
Поени од реакции
7.498
Ова се таканаречени VRF системи и се крајно непрактични за да се вградат и користат дома. Незнам дали си имал искуство да седиш во простории каде што има вградени вакви системи и колку долго си седел во тие простории...За деловни простори, паааа, и не баш, но за хали, хангари, каде што има голема фреквенција на луѓе итн итн се одлични.
Не спомнав никаков VRF a ni VRV зборев за класична клима/инвертер која не е класичен сплит систем каде внатрешната единица е на зид монтирана. Зборев да како внатрешна се земе каналска која изгледа вака

ili vaka u kombinacija so nadvoresnata:
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.365
so denesen internet mene voopsto ne bi me plasela edna pecka na peleti za stelovanje. kaj mene doma doadjaat majstori samo za grubo, malteraj i slicno, ne deka i toa nemozem da naucam...
Ако ти е досадно има и подобри начини да ги попуниш времето... од студирање на обскурни параметри на електорника за печки на пелети. :)


Зошто мислиш дека монтажата е посложена отколку на печка на дрва. Напротив е многу попроста само што обично луѓето се неинформирани или нема да им се допадни тоа што ке го слушнат или ке треба да го направат. Или поедноставно за камин на дрва оџакот треба да исполнува минимум некој параметри за да тој камин работи. За печката на пелети убедливо најдобро решение е да нема воопшто оџак, туку само една дупка во ѕидот со дијаметар колку што е издувот на самата печка. И толку. Ако мислеше на штеловањето , баш и од тоа најчесто произлегуваат пробемите, од издувот.
Контрадикторен си во неколку работи што ги имаш напишано во минатото на истиов муабет... ама заеби ме мрзи да барам и цитирам. :)

Фактите се следниве.
- Печки на пелети ретко кој монтер знае да ги подеси.
- Од тие што знаат, ретко кој монтер се замара да ги подеси детално параментрите.
- Кога некој од овие вториве, потоа некнадно ќе посвети додатни денови на оптимизирање на параметрите за ефикасност на согорувањето... тогаш се раѓа нов ангел на небото (не заради добротијата на монтерот, туку едноставно толку ретко се дешава спомнатата случка) ;)
 
Член од
15 мај 2012
Мислења
653
Поени од реакции
576
Vanlok
Јас лично не го сакам концептот на фен којлерите

I jas isto ne go samak. Koja e poentata ako povtorno mi duva u vrat.
 

Sale77

Доктор
Член од
30 декември 2005
Мислења
67
Поени од реакции
55
@strelec

Океј, не збореше за врф системите. Дали имаш претстава една оваква клима колку и како дува? Дали си осетил, почувствувал? Прво дувањето е толку јако што нема да можеш да седиш во просторијата повеќе од 10 минути без да те заболи глава а и + што е бучна. Инаку овакви системи се монтираат во простории каде што има огромна диспација од некој други уреди, со цел да се неутрализира топлината (серверски соби, генератори, трансформатори етц, етц....)

Околу другото прашање.
Се е тоа убаво што го пиша и што приложи слики, но што значат овие параметри? Tbiv, TOL?
--- надополнето: 16 јануари 2014 во 21:47 ---
А сликата што ја постираше се само превземени параметри од техничкото упатство на климата. Постојат стандарди по кои се декларираат параметрите на една клима. Значи тие важат за сите клими. Точно дека климата на +7 степени ке испорача моќност од 4,2 киловати за потрошувачка од 1,14 киловати, но ке испорача на -15 моќност од 1,815 киловати но за потрошувачка од 751 ват.(помала потрошувачка од 350 вати)
На тмпература од -15 климата нема можност да работи со максимална потрошувачка за да испорача максимална моќност. Тоа не зависи само од температрурата туку од еден куп фактори.
Но далеку е од тоа да ставиш дупло појак потрошувач за да добиеш посакувана моќност. Каде е тука заштедата???
 
Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.653
Поени од реакции
7.498
@strelec

Океј, не збореше за врф системите. Дали имаш претстава една оваква клима колку и како дува? Дали си осетил, почувствувал? Прво дувањето е толку јако што нема да можеш да седиш во просторијата повеќе од 10 минути без да те заболи глава а и + што е бучна. Инаку овакви системи се монтираат во простории каде што има огромна диспација од некој други уреди, со цел да се неутрализира топлината (серверски соби, генератори, трансформатори етц, етц....)

Околу другото прашање.
Се е тоа убаво што го пиша и што приложи слики, но што значат овие параметри? Tbiv, TOL?
Сеа незнам за која клима ме прашуваш дали сум осетил ? За каналска сум осетил а VRF не, баш сеа скоро бев да видам кај еден пријател домашна изведба со каналска, во секоја соба му се поставени по 2 решетки (усис/издув) на плафон со димензии на решетка негде 30x15цм слично како на сликава. Многу елегантно решение е како прво нит зидни нит клими гледаш.

Второ дувањето скоро и да не се осеќа бидејки самите решетки не се наместени на сред соба или ко лустер над маса туку се на краевите од собите, усисот го извлекува ваздухот и воедно прочистува. Што се однесува до издувот дали смета глеј на тоа вака, и со обична клима ако не грее цела нок сабајле ко ке ја пуштиш на 16 дур постигне 23 ке дува и ке бучи, но јас кога бев кај пријателов подесена му беше на 20 на термостат а во просторијата беше 22,7 степени и дувкањето едвај се приметуваше ко ставив рака на решетката ја осетив. Повеке се осеќаше звучно но не смета. Изведено му е во стан со таа среќа што е на најгорниот кат и над него кров така да сите канали му се невидливи и лазат по кровот.

За Tbiv, TOL...во докуметов проппишан од ЕУ(UREDBA KOMISIJE (EU) br. 813/2013) е детално опишано кое што значи....укратко TOL e границата после која уредот неможе да испоручи топлина, а Тбив е гранична температура под која почнуваш собата да ја догреваш со друг уред (греалки/дрва) зашто ако е тнко димензионирана т.е. не е предимензионирана нема да може да те згрее.
„bivalentna temperatura” (Tbiv) znači vanjska temperatura izražena u Celzijevim stupnjevima koju je proizvođač naveo za grijanje, pri kojoj je deklarirani ogrjevni kapacitet jednak djelomičnom ogrjevnom opterećenju i ispod koje je deklarirani ogrjevni kapacitet grijanja potrebno upotpuniti dodatnim ogrjevnim kapacitetom grijanja radi postizanja djelomičnog ogrjevnog opterećenja
--- надополнето: 16 јануари 2014 во 22:22 ---
@strelec

А сликата што ја постираше се само превземени параметри од техничкото упатство на климата. Постојат стандарди по кои се декларираат параметрите на една клима.....
Сликата е скриншот од Еуровент сајтот и нивни измерени/тестирани податоци за таа клима Авантот13ка, ти очигледно не си го ни отворил сајтот на еуровент. Еве ти линк....првата од горе е твојата т.е сликаното од "сликата" :)
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.068
Поени од реакции
23.516
Ако ти е досадно има и подобри начини да ги попуниш времето... од студирање на обскурни параметри на електорника за печки на пелети. :)



Контрадикторен си во неколку работи што ги имаш напишано во минатото на истиов муабет... ама заеби ме мрзи да барам и цитирам. :)

Фактите се следниве.
- Печки на пелети ретко кој монтер знае да ги подеси.
- Од тие што знаат, ретко кој монтер се замара да ги подеси детално параментрите.
- Кога некој од овие вториве, потоа некнадно ќе посвети додатни денови на оптимизирање на параметрите за ефикасност на согорувањето... тогаш се раѓа нов ангел на небото (не заради добротијата на монтерот, туку едноставно толку ретко се дешава спомнатата случка) ;)
Можи и сум , незнам што имам напишано. Можи и не сум.
Работата е ваква. Да е до мене или до монтерот а не до тој каде што ке се монтира печката, јас знам многу точно што да препорачам за да проблемите ги сведам на минимум. Арно ама во реалноста не е така. Де сакале овде да им седи, де сакале таму да дува, де сакале и таму да топли, па таму неможела пошто не одговарала со незнам што и најбитно ѕидот дупење никако, фасадата ова она, а и оџакот им бил нов. И после затнувала и правела триста чуда. Е правела.
Да не спомнувам дека првите модели( сега за новите незнам) имаа технички грешки што сами посебе недозволуваа да ја наштеловаш идеално што би рекле и со тек на време порано или покасно ке почнеа да прават проблеми, па мораше мали корекции во штеловањето. Има тука уште ама пошто не се замарам повеќе со нив и ова доста е.
Кој нешто има да праша или не му е јасно нешто, тоа што можам ке го посоветувам иако сега баш на се и не се сеќавам до најситни детали.
 

Sale77

Доктор
Член од
30 декември 2005
Мислења
67
Поени од реакции
55
Сеа незнам за која клима ме прашуваш дали сум осетил ? За каналска сум осетил а VRF не, баш сеа скоро бев да видам кај еден пријател домашна изведба со каналска, во секоја соба му се поставени по 2 решетки (усис/издув) на плафон со димензии на решетка негде 30x15цм слично како на сликава. Многу елегантно решение е како прво нит зидни нит клими гледаш.
Решението е елегантно. Се сложувам. Ништо не се гледа, уваво ако е изведено, се е перфект. Ама пречи. Мене лично ми пречеше. + има и една работа која треба да се нагласи, а тоа е дека немаш регулација на температурата во секоја соба посебно со каналски систем. Во едната можеш да направиш фрижидер, а за сметка на тоа во другите да ти биде топло....Колку сакаш дизајнирај и подесувај, подесената температура ке биде онаа која што е наместена онаму каде што е термостатот.

За другите системи, со посебните едниници имам огромно искуство. И тоа со кериер и тошиба поставени во простории кои ги кажав. Бучат и носат (системи што ги постираше на претходните постови)

Сликата е скриншот од Еуровент сајтот и нивни измерени/тестирани податоци за таа клима Авантот13ка, ти очигледно не си го ни отворил сајтот на еуровент. Еве ти линк....првата од горе е твојата т.е сликаното од "сликата" :)
Не сум го отварал сајтот, немам потреба од такво нешто. Гледам во техничка спецификација декларирана од производител. Сите податоци ми се таму веродостојни.

За Tbiv, TOL...во докуметов проппишан од ЕУ(UREDBA KOMISIJE (EU) br. 813/2013) е детално опишано кое што значи....укратко TOL e границата после која уредот неможе да испоручи топлина, а Тбив е гранична температура под која почнуваш собата да ја догреваш со друг уред (греалки/дрва) зашто ако е тнко димензионирана т.е. не е предимензионирана нема да може да те згрее.
„bivalentna temperatura” (Tbiv) znači vanjska temperatura izražena u Celzijevim stupnjevima koju je proizvođač naveo za grijanje, pri kojoj je deklarirani ogrjevni kapacitet jednak djelomičnom ogrjevnom opterećenju i ispod koje je deklarirani ogrjevni kapacitet grijanja potrebno upotpuniti dodatnim ogrjevnim kapacitetom grijanja radi postizanja djelomičnog ogrjevnog opterećenja
--- надополнето: 16 јануари 2014 во 22:22 ---
Сега работите се многу многу појасни. Да не ти ги цитирам претходните постови кога кажав дека ако се користи топлинска пумпа, мора во системот да има и електрично котле кое ке ја дозагрева водата. Згреана со топлотна пумпа ке нема доволна моќност да ти ги затопли просториите. Зголемувањето на моќноста на чилерот ке придонесе зголемување на моќноста на греење минимално, односно затоа и ти нагласив дека нема влијание надворешната температура, него самата изведба на уредот, а да не зборуваме дека со зголемување на моќноста драстично се зголемува и цената. Цената на 12 киловатен чилер и 15 киловатен не е иста. Разликата е можеби и 2 до 3 илјади евра, ако не и повеќе. Под температури од -7 топлотните пумпи се сметаат како делумни загревачи и се многу малку ефикасни, па макар биле и милион киловати. Затоа им е потребна поддршка од електричното котле кое загреаната вода од 40 степени ке ја догрее до 60 со многу помалку потрошена електична моќност.

Предимензионираноста во тој поглед ја наведов како нелогична. Неможеш се да предимензионираш за да бидеш ефикасен.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.365
...ако се користи топлинска пумпа, мора во системот да има и електрично котле кое ке ја дозагрева водата. Згреана со топлотна пумпа ке нема доволна моќност да ти ги затопли просториите...
Сале ова горе е импровизирање а не ефикасно и економично решение. Тоа што го наведуваш е точно само ако се инсистира како грејно тело да користиш стандардни панелни или решеткасти алуминиумски радијатори... Што е нелогично штедење во ситуација кога се вложиле големи пари во систем со топлотна пумпа.

Затоа во вакви случаи како грејни тела најкономично и најефикасно е да се употребуваат хидропонско подно или ѕидно греење. Површината на тие грејни тела е многу поголема и затоа за греење дозволува употреба на пониски температури на водата, поточно тие температури со кои најекономично работи топлинската пума.

Ако на некој ова горе не му е јасно, водата во радијаторите треба да се загрее на некои 80-90 степени целзиуси за да радијаторите ги загреат просториите на 22-25с. Но со подно/ѕидно греење можно е истата собна температура да се постигне со загревање на водата, на температура од 40тина степени. Затоа што подовите и ѕидовите имаат многу поголема грејна површина.
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Можи и сум , незнам што имам напишано. Можи и не сум.
Работата е ваква. Да е до мене или до монтерот а не до тој каде што ке се монтира печката, јас знам многу точно што да препорачам за да проблемите ги сведам на минимум. Арно ама во реалноста не е така. Де сакале овде да им седи, де сакале таму да дува, де сакале и таму да топли, па таму неможела пошто не одговарала со незнам што и најбитно ѕидот дупење никако, фасадата ова она, а и оџакот им бил нов. И после затнувала и правела триста чуда. Е правела.
Да не спомнувам дека првите модели( сега за новите незнам) имаа технички грешки што сами посебе недозволуваа да ја наштеловаш идеално што би рекле и со тек на време порано или покасно ке почнеа да прават проблеми, па мораше мали корекции во штеловањето. Има тука уште ама пошто не се замарам повеќе со нив и ова доста е.
Кој нешто има да праша или не му е јасно нешто, тоа што можам ке го посоветувам иако сега баш на се и не се сеќавам до најситни детали.


Владе.... што е со плинот.
Дали имаш искуство со тааа варијанта, каде плинот се користи со бренер на обичен котел.
Колку би било исплатливо на тој начин?
 

Sale77

Доктор
Член од
30 декември 2005
Мислења
67
Поени од реакции
55
Сале ова горе е импровизирање а не ефикасно и економично решение. Тоа што го наведуваш е точно само ако се инсистира како грејно тело да користиш стандардни панелни или решеткасти алуминиумски радијатори... Што е нелогично штедење во ситуација кога се вложиле големи пари во систем со топлотна пумпа..
Не е импровизација. Тоа е решение, крајно, и го применуваат сите. И се согласувам дека во тој случај нема економија. Вложуваш многу пари и повторно ти треба електричен котел. Најчесто топлински пумпи одат во комбинација со фенкојлерите, за да се користат и за ладење и за греење.

Затоа во вакви случаи како грејни тела најкономично и најефикасно е да се употребуваат хидропонско подно или ѕидно греење. Површината на тие грејни тела е многу поголема и затоа за греење дозволува употреба на пониски температури на водата, поточно тие температури со кои најекономично работи топлинската пума.
Апсолутно се согласувам. Но мислам дека повторно просторијата нема да биде загреана доколку се користи само подно греење без да биде надополнета од некое друго грејно тело во ситуации кога надворешната температура ке падне под -7, ке ја земеме неа како една референтна. Тогаш мора да има и комбинација со она другото, еве ајде нека биде и ѕидното греење како алтернатива да ја користиме само топлинската пумпа. Но колкава инвестиција ке биде ова да се изведе? Неколку илјадници евра? Верувам дека нема да биде под 20 илјади за куќа од некој си 120 до 150 квадрата.

Ако на некој ова горе не му е јасно, водата во радијаторите треба да се загрее на некои 80-90 степени целзиуси за да радијаторите ги загреат просториите на 22-25с. Но со подно/ѕидно греење можно е истата собна температура да се постигне со загревање на водата, на температура од 40тина степени. Затоа што подовите и ѕидовите имаат многу поголема грејна површина.
Па добро, радијаторите се греат на 60 до 70 степени, а 80 или 90 се доколку имаш парно на дрва, бидејќи новиве системи се прават со алупласт и максимални температури до кој можеш да ги тераш се 90. Така да да бидеш на граница од 89 или 90 е ризично.
Подното не смее да ја помине границата од 35 до 37 степени на водата и 27 степени на подот. Се над 27 степени претставува опасност од нарушување на здравјето на човекот, со самото тоа околината станува нездрава за живеење.

Kako nadopolna vo vrska so toplotni pumpi:
Ne e tocno deka na poniski temperaturi toplinskite pumpi ne mozat da zagreat (mozebi Toshiba Estia ne moze)
Тука не дискутиравме за Тошиба, туку општо за топлински пумпи. Веројатно Виваксот може да загрее ако тошибата неможе.
Стануваше збор за систем со Кериер топлинска пумпа и линкот кој го поставив за изведба и чинење на истиот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom