Crazy in Love
Here's looking at you kid.
Jess - New Girl
Првата сезона, па и втората ми е беа ок за гледање, дури и добро беше на моменти. Онака не е лошо за губење време. Самиот карактер на Џес ми оди на нерви уште од самиот почеток, ама сега во третава сезона више ја достигнува кулминацијата. Прво, прелигаво збори, се лигави цело време. Ок, сфаќам да си weird and awkward и јас понекогаш сум таква, ама на 30 години да се понашаш така детски и разгалено е едноставно неподносливо за очи. Мора да е секогаш по нејзино, успева со манипулација (иако некои не би го доживеале како манипулација) да ги убеди другите да и одат по газот, СЕКОГАШ мора да се меша у туѓите животи и да се прави најпаметна што најверојатно НАЈВЕЌЕ МЕ НЕРВИРА. Не можам буквално да ја поднесам веќе, најверојатно и ќе престанам да ја гледам серијава. Најиритирачки лик најверојатно што сум го гледала. Ок, be who you are, I am all for that, али има разлика од тоа да бидеш она што си и до тоа едноставно да не знаеш граници во која ситуација како да се однесуваш и да се мешаш онака апла нападно во животот на другите луѓе, што другите и го дозволуваат пошто што и да направи на крај се извинува тажно и пак и простуваат. Не ја можам, неверојатно. Од епизода во епизода ликот се повеќе ми оди на нерви, за разлика од ликот што сестрата на глумицава го глуми во Bones, Temperance Brennan која ја обожавам.
Кери од Сексот и Градот
Слична ситуација ко погоре, само малку на поинаков начин. Ова е тип на лик, исто како и на Џес погоре, на кој некој треба да им удри заушка и да им рече: АЛО ОПРАЈ СЕ ЖЕНО! Пример за тоа каков карактер на жена не треба да бидеш во животот. Лигава, егоист, секоја реченица ја почнува со јас, секој муабет кој другарките го почнуваат го врти врз себе. Еднава на пример вика: Трудна сум, она одма дава коментар каде има ЈАС и каде се врти муабетот кон нејзе и за тоа што нејзе и се случува. Другарка и раѓа дете, има сериозни ВИСТИНСКИ проблеми, не може да спие, во депресија е, нема излезено од дома, оваа по телефон ја замара за тоа дали таткото на бебето на другарката кој е другар на нејзиниот бивш има речено нешто за неа и дали некогаш чула муабет дека овој другарот на бившиот ја спомнувал и дали бившиот ја мрази (бивш кој патем го извара и на крај ја раскина свршувачката со него пошто нели она е независна од другите, а уствари не знаеше што сака, па и свршеничкиот прстен го носеше на ланче околу врат, пошто нели уникатна)... муабети за 4то одделение, од страна на 35/6 годишна жена. Жена која вришти хистерично по барови и ресторани и улици, дури и кога нема издржана причина. Сите го прават Mr. Big лошиот, ама забораваат дека кога и да му се јавеше она, тој беше тука да излезе со неа, да се слушне со неа, да ја ислуша ако има проблем, додека он ако ја побараше одма таа праеше драми како “сакал да и го уништи животот“.
Исто ко погоре, манипулатор, премногу сака да се меша во животот на другите, нападна и замара. Во секоја ситуација она мора да има некоја “духовита“ забелешка. Да имаше 15 години, немаше да ме нервира, нормално ќе ми беше, ама на 35/6 години, ова не е индивидуалност. Можам до утре да зборам колку ме нервира и лоши карактеристики, ама не заслужува. Еден од најиритантните ликови на телевизија, не знам што има толку во неа (не зборам за изглед) што ги прави жените да сакаат да бидат ко неа, ич не ми е јасно, а и јас сум жена.