Данска - Македонија [ 12.01.2014 - 20:30 часот ]

  • Креатор на темата Креатор на темата HristijanWR10
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Утакмицава ја изгубивме првите 15 мизерни минути,играа ко рацете да им беа фатени.Што повеќе можевме да посакаме?Борко беше у елемент,имавме добро судење,А ние наместо да се вратимо што правевме? цела утакмица?дојди на 2 разлика и направи техничка грешка:facepalm:.Или па земи играј кој повеќе пати ќе го погоди Ландин.Арно беше со Шундо,ќе им кажеше клавајте голови,и завршена работа:D.Искрено ја сум задоволен,убеден сум дека ќе ги прегазиме и Чешка и Австрија.
 
Ексклузивно. За мечот во вторник против Чешка, Груевски се реши да ја прати ветеранската постава на Македонската фаланга да даде поддршка во Данска.
Имено, денот кој е наменет за бесплатно возење на пензионерите во ЈСП, ќе им биде бесплатен и за возење до Данска.
И покрај тоа пензионерите останале разочарани дека немало снег во Данска, а таман мислеле дека ќе ги искористат скиите кои туку што ги купија за бесплатното скијање низ Македонија.
 
Сите голови што му ѓи дадоа на Ландин беа од половина нагоре голот. Незнам како не го видоа тоа, или никој не го анализирал Ландин. Се што му шутнаа доле (у нозе) им одбрани.
 
не се труди, Лазаров не игра у Минчолург :sick:
уше е чудно како Златко не ги шутираше седмерците, кој е овој Кире o_O
o_O:eek:

Кај умеша овде Металург бре ??!

Глупости само да се тресело , ете оди фали се , Лазаров најдобар стрелец . И јас посакувам да е Лазаров најдобар стелец и се надевам со Чешка и Австрија , ама да бомбардира а не во голман да шутира , а кога веќе е блокиран барем да се обиде да направи пробив на 6 м а не да застанува за прекршок.
 
Ова требеше
keep-calm-and-klavajte-mu-pokje-goloj.png
 
Искрено играта на нашава репрезентација мене ми се допаѓаше и беше над моите очекувања, дури мислам дека беше и многу подобра отколку кога освоивме 5то место во Србија. Може така ми изгледаше затоа што и судиите беа до некаде наклонети кон нас, ама пак се гледа дека Обрван си ја врши задачата. Би рекол дека ова е и една од најдобрите партии на репрезентацијава уште од историскиот меч против Исланд. Единствена замера ми е што одредени периоди губевме концентрација во одбраната. Ама немаме играчи и тоа е тоа. Буквално ни фалат и лев и среден бек. Со овој тим што го имаме, како прва постава треба да играат Пецаковски - Миркуловски - Лазаров или пак Ангеловски место Пецаковски ако не се плаши толку и се реши повеќе да шутира. Со ваква игра ќе ги добиеме и Австрија и Чешка иако бев огромен песимист пред пријателските натпревари со Србија и Црна Гора.
 
Очекуван пораз,неочекуван позитивен впечаток од новиве во репрезентацијава.Полоша пас игра во контра и поголема трапавост јас немам видено на било кој друг ракометен меч.Ме радува тоа што голманов ни е во некаква си форма,ме нервира што се поместува пред шут без да види на која страна ќе иде блокот,али добри си се.Најголема слабост ни е уствари кога играме со играч повеќе.Ние сме ти фер плеј екипа бе, не сме педеришта да им даваме гол кога се помалце.Селекторов ни е супер , барем на психичка база им кажува што како , каде да притиснат каде е минусот,каде плусот за разлика од клај гол.Ќе биде се само да не се искараат , и да не си ја префрлуваат вината за денешниот пораз.
 
Ова лигуров Ландин баш би сакал у ринг да го пуштат со диви да видиме колку ке се курнази :свиркам:
 
Вака сеа, накратко:

Волку слаби крила не паметам бар јас откак пратам ракомет дека сме имале на некое првенство. Темелков МОРАШЕ да игра! Ако не друго барем у него имам поголема доверба за одбрана отколку од Георгиевски кој беше силуван од Мортенсен, силуван!

И ај ако веќе не го ставате пред Георгиевски според квалитет (иако за мене ќе повторам, Георгиевски е обичен просек), не можеш да го ставиш пред ЗЛАТКО МОЈСОВСКИ!

Всушност, кога веќе се пекаше толку по Раде, може да се пека и по Темелков, кој има многу повеќе придонесено за репрезентацијава него Стојановиќ.

Да се префрлимен на другата страна кај Дејан „се лепам до голманот“ Манасков. Абе Македонче бе, златна иднина ќе си спичкаш заради курчење по дискотеки. Он требаше на ова ЕП да биде дел од лидерите на екипава, тој гол од ЗИЦЕР не може да погоди. На минатото го правдав за промашените клучни два зицера против Германија, и оправдано беше тоа, ама сеа не. Сеа имаш 2 сезони во ЛШ зад себе и не смееш вака да си дозволиш, да промашиш три ебани зицери! :facepalm:

Единствено Олјески е на ниво (на неговото ниво) ама од него не би очекувал толку колку што очекував (до пред некое време) од Манасков.

И накратко, а уствари „само“ толку има за крилата да се пише, ај толку нека е сеа. :нинџ:
 
А уште некој тепа филм дека судиите ни се криви?:facepalm:
Јас никаде не видов таков коментар, баш напротив, сите го фалеа судењето. :)
 
Борко беше феноменален вечерва , да не беше тој разликата ќе беше катастрофална , само нека продолжи да брани вака . (y)
 
кокошкарите се натпреваруваа кој по јако ќе го ударе у главата нивниот голман :pos:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom