Zastava 101/ Yugo

  • Креатор на темата Креатор на темата Флеш
  • Време на започнување Време на започнување
Јас на застава се научив да возам, сега да ги видам тие шофери што се прават мангупи а незнаат со серво волан да паркираат од прва.
 
Стокец квалитет ? o_O

Конзерва... лимаријата е баш конзерва.
А ни машината не е ништо подобро. Единствена предност е што се лесни и ефтини за поправка...

за лимаријата да... може да збориш - лесно скапуваат и немаат голем животен век НО и тука има финта како да ја зачуваш колата односно да и го продолжиш векот на лимаријата а за моторот си голема грешка - 101 има одличен мотор исто и југо ама 55ка - 45ката имаше некоја маана на блокот или така нешто.

П.С јас кога го имав стокецот веруваш на рамно на автопат 160 развивав во секој момент - без издуви без вадење лонци проширени хилзни или слично - СТАДАРД! - оди да те видам после 20тина години на некоја од коливе што немаат ни електроника ни компјутери ни чипови да кренеш толку.

Nemalo drugo i zabranet bil uvoz pa zatoa narodov moral da trpi ovakvi kanti. Najgolem problem e sto so izgledot,tehnikata i duhot na voziloto si ostanaa vo godinite kade sto pocnaa, krajot na 70tite i pocetokot na 80tite. Nikakov napredok vo dizajn, oprema, motor, tehnika. Fikoto e bez konkurencija najgolem promasaj i krs od site. Sramota sto duri do 84 se proizveduvase.
Go zaboravivte i tristacot, to est jugoslovenskata *verzija* na luksuzna limuzina.
:D

а вие што очекувате во 70 ил 80тите да се вози? мерцедеси бемвиња и слично? - па да имало и тогаш такви коли ама за прашајте колку пари биле тогаш и колку технологија имало.

убаво си пиша членот погоре од мене - нека дојде некој сега од овие тазе положениве нека паркира лада иили стоеден од прва на паралелно поготово кај што немаш ни серво ни сензори ни ништо па тогаш ке го признаеме како шофер.
 
Читам тука некои плукаат по заставините производи... Супер... Да! Во 80-тите беа застарени, вакви, такви онакви... Можете се да кажете за нив, само не смеете да плукате.
З 750 (фиќото) е модел од 50-тите години, но, не заборавајте дека тоа е возило кое ја моторизира масовно цела СФРЈ. Башка, еден од ФИАТ-овите бестселери.
101 е хечбек верзија на 128, дизајнирана во Италија заедно со 128. За оние кои не знаат, 128 е ФИАТ, кола на годината во Европа во 1970 година. Од непознати причини, ФИАТ не го произведува 128 како хечбек, па го дава лиценцно на Застава, која ВО ИСТО ВРЕМЕ прави почнувајќи од 1972 возило кое е сосем модерно и актуелно во светски рамки. Знаете... моторчето на 101 ФИАТ го употребуваше долги години, а оние кои се разбираат во механика барем малце знаат дека тој мотор е многу пред своето време, како по конструкција, така и по перформанси, а малце ако се фризира хехехехехе....
1300 за своето време бил кола бре! Германските соперници во тоа време можеле комотно вода да му носат, како по дизајн, така и по перформанси. Тогаш Ауди на пр. не бил она што е сега... Опелите сеуште во таа 1961 имале тробрзински менувачи и 65-те КС на 1300 за нив биле научна фантастика... Луксузна кола своевремено... се знаело барем по Југославија кој вози 1300 кој фиќо! Хммм... како ви звучат диск кочници на сите 4 тркала?
Југото е копија на 127, со механика на 101/128. За почетокот на 80-тите интересна кола.
Мака ми е за Флоридата. Задоцни со појавувањето на пазарот едно 5-6 години... ама 80-тите во Југославија веќе беа кризни години...
И, да знаете дека Застава имаше кооперанти низ цела бивша држава... многу усти хранеше... Плукате и по себе на еден начин.
Треба да се цени тоа што било. Многумина научиле да возат или барем еднаш во животот возеле Застава...
 
Лугето со Фико одеа на Јадранско море на одмор,со 1300 градеа куки и викендици.А тој период имаше што да се купи.Сега ке се обидам да доловам се што се произведуваше во тој период.Ако утнам да ме корегирате,ок
1.Црвена Застава Крагуевац.Лиценца на Фиат од 1951 по објавувањето на националниот конкурс за производство на првиот национален автомобил.101,128,Југо,1300/1500 125ПЗ,Застава 750,Комбе 850,Југо Флорида
2.ТАС Сараево.Прво легендарната Буба,па после 1975 модернизирана фабриката за Гољф1.Гољф 1,Гољф2,Џета 1,Џета 2.Имаше и оригинали од Волфсбург за кои се плакаше 112%давачки на државата.
3.ИМВ Рено.Почнувајки од Рено 4,па 5,Фуего,18,21,25
4. ИДА Кикинда.Сите модели на Опел во тој период.Значи Кадет,Сенатор,Кикинда,РекордАскона
5.Првомајска Загреб.Малкумина знаат дека Фиат имаше погон каде се склопуваа 131 и 132 поради малите давачки кон државата
6.Литострој Љубљана.Прво почнаа со Мини Морис,па Остин Морис,на крај раскинаа и се прекрстија во ИМВ Рено
7.Копер Цитроен.Сите модели почнувајки од Спачек,Дијана,ГС,ДС

Ако фали нешто корегирајте ве молам...
Имаше и тој период увоз на автомобили од Европа,ама чинеа богатство бидејки постоеше домашно производство и се штитеше со големи увозни такси и давачки кои за некои модели беше и до 112%

Инаку моделите на Црвена Застава во тој период беа технички понапредни од моделите кои доагаа од Социјалистичкиот Блок со ислкучок на Лада.......

И на крај многу важна работа.Ги купуваа возилата нови од салон...
 
Рено само 4 и 5 ги произведуваа 18, 21 и 25 ги продаваа готови од Франција, Фуего исто така.Тоа за ИМВ Ново Место. Денес е фабрика на Рено, моментално Твинго прават.
Литострој почна со Рено, модели 8 и 10, но и 16. Потоа преминаа на Остин и толку од нив со коли.Литострој и ИМВ се различни фабрики.
Кај ИДА Кикинда опелите доаѓаа полурасклопени, ИДА само ги досклопуваше во смисла тркала,фарови, акумулатор и сл. и ставаше напред на маската беџ ИДА, назад до ознаката на моделот едно „Ј“ и одеа како домашни. Рекорд и Кадет за Сенатор не сум најсигурен. Они одеа на финта дека го снабдуваа ГМ со задни осовини сосе добоши а земаа коли :).
 
zastava-128-02.jpg

А овие во споредба со 101 какви беа?

Првата кола што ја возев беше ваква, само црвена.
 
zastava-128-02.jpg

А овие во споредба со 101 какви беа?

Првата кола што ја возев беше ваква, само црвена.
Ако го прочита мојот пост од погоре, 101 е уствари тоа од сликата, ама во хечбек варијанта.
Застава го произведуваше 128 дури подоцна, кога ФИАТ веќе не го произведуваа... и, Застава го произведуваше редизајнот, оној од сликата.
http://en.wikipedia.org/wiki/Fiat_128
 
за лимаријата да... може да збориш - лесно скапуваат и немаат голем животен век НО и тука има финта како да ја зачуваш колата односно да и го продолжиш векот на лимаријата а за моторот си голема грешка - 101 има одличен мотор исто и југо ама 55ка - 45ката имаше некоја маана на блокот или така нешто.

П.С јас кога го имав стокецот веруваш на рамно на автопат 160 развивав во секој момент - без издуви без вадење лонци проширени хилзни или слично - СТАДАРД! - оди да те видам после 20тина години на некоја од коливе што немаат ни електроника ни компјутери ни чипови да кренеш толку.

а вие што очекувате во 70 ил 80тите да се вози? мерцедеси бемвиња и слично? - па да имало и тогаш такви коли ама за прашајте колку пари биле тогаш и колку технологија имало.

убаво си пиша членот погоре од мене - нека дојде некој сега од овие тазе положениве нека паркира лада иили стоеден од прва на паралелно поготово кај што немаш ни серво ни сензори ни ништо па тогаш ке го признаеме како шофер.

Грешка си за развивањето.Сите километражници на тие коли лажат за 20-40 km/h.Може пишувало 160,али од 130-140 не верувам да одат повеќе
--- надополнето: 12 јануари 2014 во 01:59 ---
Лугето со Фико одеа на Јадранско море на одмор,со 1300 градеа куки и викендици.А тој период имаше што да се купи.Сега ке се обидам да доловам се што се произведуваше во тој период.Ако утнам да ме корегирате,ок
1.Црвена Застава Крагуевац.Лиценца на Фиат од 1951 по објавувањето на националниот конкурс за производство на првиот национален автомобил.101,128,Југо,1300/1500 125ПЗ,Застава 750,Комбе 850,Југо Флорида
2.ТАС Сараево.Прво легендарната Буба,па после 1975 модернизирана фабриката за Гољф1.Гољф 1,Гољф2,Џета 1,Џета 2.Имаше и оригинали од Волфсбург за кои се плакаше 112%давачки на државата.
3.ИМВ Рено.Почнувајки од Рено 4,па 5,Фуего,18,21,25
4. ИДА Кикинда.Сите модели на Опел во тој период.Значи Кадет,Сенатор,Кикинда,РекордАскона
5.Првомајска Загреб.Малкумина знаат дека Фиат имаше погон каде се склопуваа 131 и 132 поради малите давачки кон државата
6.Литострој Љубљана.Прво почнаа со Мини Морис,па Остин Морис,на крај раскинаа и се прекрстија во ИМВ Рено
7.Копер Цитроен.Сите модели почнувајки од Спачек,Дијана,ГС,ДС

Ако фали нешто корегирајте ве молам...
Имаше и тој период увоз на автомобили од Европа,ама чинеа богатство бидејки постоеше домашно производство и се штитеше со големи увозни такси и давачки кои за некои модели беше и до 112%

Инаку моделите на Црвена Застава во тој период беа технички понапредни од моделите кои доагаа од Социјалистичкиот Блок со ислкучок на Лада.......

И на крај многу важна работа.Ги купуваа возилата нови од салон...

За овие Литострој,нели и вилушкари правеа
 
Грешка си за развивањето.Сите километражници на тие коли лажат за 20-40 km/h.Може пишувало 160,али од 130-140 не верувам да одат повеќе
--- надополнето: 12 јануари 2014 во 01:59 ---

За овие Литострој,нели и вилушкари правеа
километражата е мерена паралелно со друга кола и со GPS така да не верувам дека лаже.
 
Кај нас веке ги заборавија овие коли зошто веке ги нема.Нагоре по Србија,Хрватска и Словенија има клубови каде се дружат љубителите на овие автомобили од класични сочувани примероци до custom street racer со перформанси рамо до рамо со денешните автмобили.
Факт е дека нивната технологија оддамна застарена,но да не заборавиме една работа дека баш тие возила го моторизираа Македонскиот народ,а кои беа со цена каде баш секој можеше да купи ако не ништо барем ново фико од салон.....
Лесно се претвораа во street racer каде секој кој имаше малку познавање од механика,преку нок го претвораа во мало зверче кое на скопските улици знаеше да покаже многу,но денес за еден скапан tuning ти требааат еден куп пари.
Денешната младина и да им дадеш да вози некоја од овие коли,прво ке праша зошто нема серво па кај му е ABS,па зошто нема клима,централно па електрика на прозори,па ке ве убедува дека слабо кочи,итн,итн....
Никој од вас помладите нема возено кола со 4 диск кочници па да видиш како застанува кола со повеке од 1 тон железо на неа во место.Знаат постарите,зборувам за 1300.Ке излеташ од шофершајбна.Или паркирање на паркинг каде ти требаат сите мускули на рацете да го завртиш воланот.
Штета што ги снема овие возила,не поради што не потсетуваат нас постарите на едно убаво време поминато,туку поради младите да научат да возат како што треба.Кога ке научиш да поагаш со фико со рачна ама да не ти пукне спојка,е тогаш си печен шофер.Или со 1300 од паркинг на мраз без ивичњак у багажник,тогаш знаеш што е заден погон:vozbud::vozbud:

Оставија еден белег во едно време кога возењето беше опасно,а се******от беше безбеден,за разлика од денес кога возењето е безбедно а се****от опасен:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:

И за крај не плукајте по историјата,зошто гарантирам дека 99% од вас сте го имале првото се***с искуство баш у некое фико или југо,а богами и сите ние сме зачнати на некое задно седиште од некој 1300 или Лада.....Сервус
 
ej jas sum dosta pomlada generacija od nekoj koj veke posal vo temava inaku 101 koj seuste si go vozam e 6 godini postar od mene i odlicno sluzi, a i ima sentimentalna vrednost podarok mi e od dedo mi na denot koga poloziv. Zasega ne planiram da se resam od nego seuste ubavo si ja vrsi negovata rabota bar niz nasava drzavicka.
 
Me тегне сега @Evo XII за тастатура да пишувам овде приказни за 1300 :)
Имам еден таков дома растурен на составни делови, т.е. не баш дома, ама кај мој човек хехе... веќе скоро 10 години...
Тоа ми беше прв поим за кола воопшто, и се надевам дека наскоро ќе успеам да го средам како што личи... Знаете... некој рекол дека животот е нешто што се случува во меѓувреме додека си планирал нешто друго :)
Него да се вратам на темата...
1300 кочи на четири диска, и и на најмало прикочување се „поклонува“. Оној кој имал, возел, или барем биле честа глетка на патиштата кога нешто разбирал, знае за што зборам.
Исто така, има мек куплунг... и тој е хидрауличен. Нема сајли и сл. Господска работа.
Дизајниран е од Данте Џакоза, човекот одговорен за многу ФИАТ-и од 50-тите до 70-тите, моторот е дело на Аурелио Лампреди, исто така виртуоз кога сме кај моторите... Напишете на Гугл ќе видите за кој станува збор, а исто така внесете и Lаmpredi Twin Cam па да видите што е моториште :)
Претставен 1961 на саемот во Торино, Застава од некаде 1964 мислам дека го прави се до 1977 (претерале малце ама јбг).
Застава го прави како 1300 и 1500 со 65 и 72 коња. Оригиналот 1300 е различен од 1500. На прв поглед се исти, но 1500 е подолг. Наследник во ФИАТ на 1300 е 124, а на 1500 е 125.
Заставите носат Weber 34 DCHD карбуратор. Двогрлен... Троши 10-11 литри во град, 7-8 на отворено.
Италијаните отсекогаш биле мајстори за издув. А, Застава само ја преземала лиценцата и така и ги прави со 4-2-1 издув со среден и заден лонец. Во оригинал има прекрасен звук, посебно кога ќе се нагази во 3-та, прешалта во 4 и некаде околу 100 кмч се отвара второто грло... Резок звук, дури спортски ... Забрзува од 0-100 за 17 секунди (абе 1961 е!!!! тоа ако се смеете) и повлекува убаво во 4-та, ако прешалташ од 3-та во 4-та на некаде околу 90, таман да отвори второто грло, добива малце подлабок звук и влече рамномерно до некои 145-150 максимални кмч. За тоа време одличен!
Кога ќе се отвори хаубата, од двете страни на лонгитудинално поставениот мотор кој преку 4-степен менувач и карданско вратило силата ја пренесува на задните тркала, има две ламби кои го осветлуваат моторниот простор. Иста таква ламбичка има и во багажникот горе лево.
Внатрешноста е од скај, црн, кафеав или црвен, а Лукс верзијата на задната клупа има и потпирач за раката. Последните верзии се со карирана ткаенина, која се наоѓа и во 101 и 750.
Мек автомобил, не заморува. Седиштата се спуштаат до 180 степени и заедно со задните прават кревет. Менувачот е до 1974 на воланот и, имате ебодром. :)
Тоа го пробав 1995 кога прв пат имав секс во кола хехехе...
Серво волан нема, ама воланот е доволно голем да има убав замав и да не треба да имате претерано развиени бицепси за да го вртите... е сега ако сте навикнати на серво... жалим случај... ќе биде исто како на ФАП 1314.
Заборавив.. во Застава во раните 70-ти, размислувале за 1300 со дизел мотор. Експериметирале со Перкинс дизел агрегати, вградувани во ИМТ тракторите и возилата на ТАМ. Таквиот Франкенштајн, фала Богу, не влегол во производство. Имале проблеми со вибрациите, но и со предниот трап на 1300 кој не можел да се носи со тежината на Перкинсовиот дизел мотор, а тоа влијаело во огромна мера на стабилноста на возилото.
 
Малку за возилото кое ги моторизираше лугето на Балканските простори.Се знае моето прво ауто и непрежалено,ЗАСТАВА 750.Првата лиценца на Црвена Застава,чинам 61-ва беше.Со 596цм3 и некои си 19КС,а вратите во контра насока,значи преку лето само ги отвараш и со врчка ги врзуваш и имаш климатизер боли глава(од промајата,нормално).
Некаде 1967 чинам Црвена Застава го превзема комплетното производство кад епрва промена е направена кај вратите,па добива појак мотор од цели 767цм и солидни 22КС доволни за макс од 115км/ч,а се појавуваа и луге кои тврдеа дека ја вртеле км на почеток
Со измените во АМСЈ крајот на 60-те за афирмација на авто спортот во тоа време ја отвараат познатата нацинална класа и тоа група Н и група А до 850см3,каде младите надежи имаа можност да ги направат првите чекори во авто трките со поддршка од спортското одделение на Црвена Застава....
Се одеше во Грција по делови,се ставаше се и сешто.Се имаше срека бидејки сите возила на Црвена Застава беа засновани на Фиат технологија па не беше проблем да се напасува некој дел од 101 на фико.Наспремните модели вадеа по 60-70КС што за машина од 767цм3 беше цедење до максимум.Се вртеа без проблем до 6500,што и за денешни стандарди е за респект.Не знаете каков е филингот да си у ауто кое фабрички има 605кг,а олеснето стигаше и до 550кг,а со машина од 60КС.Од преголема снага,не се вртеше во кривина туку секогаш предното тркало му беше во воздух....
Некаде средината на 70-те АМСЈ увезе 70 парчиња оригинал Фиат 850ТЦ Абарт кои беа распоредени низ клубовите на поранешна Ју.Тоа беше ауто со 580кг и 115КС кое се вртеше на 8000 без проблеми.Еден примерок одлично сочуван од тој модел се наога во Кисела Вода во Скопје.........
Почетокот на 80 те донесе промени.Се разви моторот 850цм со 32КС и макс од 125км/ч,а со мали преправки вадеше до 150км/ч.Дури и Црвена Застава разви своја верзија на мотор со два менувачи брз и спор,кој беше 850см3 и некои си 58КС и се продаваше низ нивната мрежа како подршка на националната класа и новите возачи кои ги правеа првите чекори.
Веке се гледаше крајот на легендарното фико кое не можеше да го издржи чекорот.Имаше прбна серија од 500 парчиња со мотор А112 или познатот 903цм3 од Југо 45 со менувач од комбе 903 Ак,со предни дискови од 101,без спојки,со ентериер од 126П,но не наиде на големи симпатии поради цената
Производството згаснува официјално 1986,но до потрошување на залихите се произведува до 1987 кога последниот модел заминува во музејот на Црвена Застава....

Автомобил кој беше плукан,величен обожаван,сакан но секој кој го имал барем за малку сеуште зазема посебно место во неговото срце.Барем за мене е така!!!
 
Фиќото беше топ ауто за по град. Не трошеше многу и лесно се управуваше. Прекрасно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom