Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Стокец квалитет ?
Конзерва... лимаријата е баш конзерва.
А ни машината не е ништо подобро. Единствена предност е што се лесни и ефтини за поправка...
Nemalo drugo i zabranet bil uvoz pa zatoa narodov moral da trpi ovakvi kanti. Najgolem problem e sto so izgledot,tehnikata i duhot na voziloto si ostanaa vo godinite kade sto pocnaa, krajot na 70tite i pocetokot na 80tite. Nikakov napredok vo dizajn, oprema, motor, tehnika. Fikoto e bez konkurencija najgolem promasaj i krs od site. Sramota sto duri do 84 se proizveduvase.
Go zaboravivte i tristacot, to est jugoslovenskata *verzija* na luksuzna limuzina.
![]()
![]()
А овие во споредба со 101 какви беа?
Првата кола што ја возев беше ваква, само црвена.
Ако го прочита мојот пост од погоре, 101 е уствари тоа од сликата, ама во хечбек варијанта.![]()
А овие во споредба со 101 какви беа?
Првата кола што ја возев беше ваква, само црвена.
за лимаријата да... може да збориш - лесно скапуваат и немаат голем животен век НО и тука има финта како да ја зачуваш колата односно да и го продолжиш векот на лимаријата а за моторот си голема грешка - 101 има одличен мотор исто и југо ама 55ка - 45ката имаше некоја маана на блокот или така нешто.
П.С јас кога го имав стокецот веруваш на рамно на автопат 160 развивав во секој момент - без издуви без вадење лонци проширени хилзни или слично - СТАДАРД! - оди да те видам после 20тина години на некоја од коливе што немаат ни електроника ни компјутери ни чипови да кренеш толку.
а вие што очекувате во 70 ил 80тите да се вози? мерцедеси бемвиња и слично? - па да имало и тогаш такви коли ама за прашајте колку пари биле тогаш и колку технологија имало.
убаво си пиша членот погоре од мене - нека дојде некој сега од овие тазе положениве нека паркира лада иили стоеден од прва на паралелно поготово кај што немаш ни серво ни сензори ни ништо па тогаш ке го признаеме како шофер.
Лугето со Фико одеа на Јадранско море на одмор,со 1300 градеа куки и викендици.А тој период имаше што да се купи.Сега ке се обидам да доловам се што се произведуваше во тој период.Ако утнам да ме корегирате,ок
1.Црвена Застава Крагуевац.Лиценца на Фиат од 1951 по објавувањето на националниот конкурс за производство на првиот национален автомобил.101,128,Југо,1300/1500 125ПЗ,Застава 750,Комбе 850,Југо Флорида
2.ТАС Сараево.Прво легендарната Буба,па после 1975 модернизирана фабриката за Гољф1.Гољф 1,Гољф2,Џета 1,Џета 2.Имаше и оригинали од Волфсбург за кои се плакаше 112%давачки на државата.
3.ИМВ Рено.Почнувајки од Рено 4,па 5,Фуего,18,21,25
4. ИДА Кикинда.Сите модели на Опел во тој период.Значи Кадет,Сенатор,Кикинда,РекордАскона
5.Првомајска Загреб.Малкумина знаат дека Фиат имаше погон каде се склопуваа 131 и 132 поради малите давачки кон државата
6.Литострој Љубљана.Прво почнаа со Мини Морис,па Остин Морис,на крај раскинаа и се прекрстија во ИМВ Рено
7.Копер Цитроен.Сите модели почнувајки од Спачек,Дијана,ГС,ДС
Ако фали нешто корегирајте ве молам...
Имаше и тој период увоз на автомобили од Европа,ама чинеа богатство бидејки постоеше домашно производство и се штитеше со големи увозни такси и давачки кои за некои модели беше и до 112%
Инаку моделите на Црвена Застава во тој период беа технички понапредни од моделите кои доагаа од Социјалистичкиот Блок со ислкучок на Лада.......
И на крај многу важна работа.Ги купуваа возилата нови од салон...
километражата е мерена паралелно со друга кола и со GPS така да не верувам дека лаже.Грешка си за развивањето.Сите километражници на тие коли лажат за 20-40 km/h.Може пишувало 160,али од 130-140 не верувам да одат повеќе
--- надополнето: 12 јануари 2014 во 01:59 ---
За овие Литострој,нели и вилушкари правеа
Малку за возилото кое ги моторизираше лугето на Балканските простори.Се знае моето прво ауто и непрежалено,ЗАСТАВА 750.Првата лиценца на Црвена Застава,чинам 61-ва беше.Со 596цм3 и некои си 19КС,а вратите во контра насока,значи преку лето само ги отвараш и со врчка ги врзуваш и имаш климатизер боли глава(од промајата,нормално).
Некаде 1967 чинам Црвена Застава го превзема комплетното производство кад епрва промена е направена кај вратите,па добива појак мотор од цели 767цм и солидни 22КС доволни за макс од 115км/ч,а се појавуваа и луге кои тврдеа дека ја вртеле км на почеток
Со измените во АМСЈ крајот на 60-те за афирмација на авто спортот во тоа време ја отвараат познатата нацинална класа и тоа група Н и група А до 850см3,каде младите надежи имаа можност да ги направат првите чекори во авто трките со поддршка од спортското одделение на Црвена Застава....
Се одеше во Грција по делови,се ставаше се и сешто.Се имаше срека бидејки сите возила на Црвена Застава беа засновани на Фиат технологија па не беше проблем да се напасува некој дел од 101 на фико.Наспремните модели вадеа по 60-70КС што за машина од 767цм3 беше цедење до максимум.Се вртеа без проблем до 6500,што и за денешни стандарди е за респект.Не знаете каков е филингот да си у ауто кое фабрички има 605кг,а олеснето стигаше и до 550кг,а со машина од 60КС.Од преголема снага,не се вртеше во кривина туку секогаш предното тркало му беше во воздух....
Некаде средината на 70-те АМСЈ увезе 70 парчиња оригинал Фиат 850ТЦ Абарт кои беа распоредени низ клубовите на поранешна Ју.Тоа беше ауто со 580кг и 115КС кое се вртеше на 8000 без проблеми.Еден примерок одлично сочуван од тој модел се наога во Кисела Вода во Скопје.........
Почетокот на 80 те донесе промени.Се разви моторот 850цм со 32КС и макс од 125км/ч,а со мали преправки вадеше до 150км/ч.Дури и Црвена Застава разви своја верзија на мотор со два менувачи брз и спор,кој беше 850см3 и некои си 58КС и се продаваше низ нивната мрежа како подршка на националната класа и новите возачи кои ги правеа првите чекори.
Веке се гледаше крајот на легендарното фико кое не можеше да го издржи чекорот.Имаше прбна серија од 500 парчиња со мотор А112 или познатот 903цм3 од Југо 45 со менувач од комбе 903 Ак,со предни дискови од 101,без спојки,со ентериер од 126П,но не наиде на големи симпатии поради цената
Производството згаснува официјално 1986,но до потрошување на залихите се произведува до 1987 кога последниот модел заминува во музејот на Црвена Застава....
Автомобил кој беше плукан,величен обожаван,сакан но секој кој го имал барем за малку сеуште зазема посебно место во неговото срце.Барем за мене е така!!!