Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата vmx
  • Време на започнување Време на започнување
Фати ми скриншот од другиот таб, DSL (а можно е и Statistics табот да беше), да видам нешто. Најверојатно линијата повеќе од 12 mbps и нешто ситно не ти поддржува, има премногу шум.
Прво слика, па после ќе ти помогнам.
Screenshot_3.jpg
 
Да, до тоа е проблемот. Го гледаш редот Signal-to-noise ratio? 6db е крајната долна граница, ако падне под тоа ќе имаш чести дисконектирања.
Line attenuation ајде да го наречеме шум... Тој зависи од вкупната должина на кабелот од нивната опрема до приклучокот кај тебе во куќа/стан, во твојот случај тоа се 2км. Е сега, најбитното, што би можел ти да направиш сам? Скоро ништо, освен да се осигураш дека каблите се добро поврзани, не се од времето на дедо ное и не се изложени на влага. И да немаш некаде низ соба цел котур од телефонски кабел без потреба, и тоа го имам видено.
Теоретската можна брзина што би можел ти да ја добиеш со толкав attenuation, е 15mbps downstream. Ама тоа е во идеални случаи, ти имаш 12mbps и стабилноста на конекцијата ти е на граница. Кога надвор има варијации во температура итн., на граница си да имаш чести дисконектирања (не значи дека ќе ти се случуваат). Останува на тебе дали сакаш да им објаснуваш по телефон на вработените од техничка поддршка за сето ова, и да бараш да дојде тим да го ѕирне најблиското сандаче од каде што си поврзан.
Во моментот, ти повеќе од 12mbps/768kbps не можеш да имаш. Ако си задоволен и немаш проблеми, јас ти препорачувам да си уживаш во тие 12. :)
 
ХБО пакетот можам да го активирам само 1 месец и после да го деактивирам или и тој е како спорт пакетон со договор од 1 година?
 
Да, до тоа е проблемот. Го гледаш редот Signal-to-noise ratio? 6db е крајната долна граница, ако падне под тоа ќе имаш чести дисконектирања.
Line attenuation ајде да го наречеме шум... Тој зависи од вкупната должина на кабелот од нивната опрема до приклучокот кај тебе во куќа/стан, во твојот случај тоа се 2км. Е сега, најбитното, што би можел ти да направиш сам? Скоро ништо, освен да се осигураш дека каблите се добро поврзани, не се од времето на дедо ное и не се изложени на влага. И да немаш некаде низ соба цел котур од телефонски кабел без потреба, и тоа го имам видено.
Теоретската можна брзина што би можел ти да ја добиеш со толкав attenuation, е 15mbps downstream. Ама тоа е во идеални случаи, ти имаш 12mbps и стабилноста на конекцијата ти е на граница. Кога надвор има варијации во температура итн., на граница си да имаш чести дисконектирања (не значи дека ќе ти се случуваат). Останува на тебе дали сакаш да им објаснуваш по телефон на вработените од техничка поддршка за сето ова, и да бараш да дојде тим да го ѕирне најблиското сандаче од каде што си поврзан.
Во моментот, ти повеќе од 12mbps/768kbps не можеш да имаш. Ако си задоволен и немаш проблеми, јас ти препорачувам да си уживаш во тие 12. :)
Фала за овие информации ке ги пратам ако имам некогаш проблем, иначе Signal-to-noise ratio сеа е 7db, а за каблите тие се под земја и одамна ги имаат заменето.
 
Незнаев каде да прашам па ајде тука .Имам пакет од т-хоум и од пред некој ден Ви-Фито почна да зафркава ,проблемот е што само ви-фито прави така .На компјутерот има интернет ,има и телевизија и се вифито паѓа на секои 5 мин.Се јавив кај нив и ми рекоа дека од нив се е во ред дека било софтверски проблем,но отидов кај другар кој што има Близу и се беше во ред ниту да успори нит ништо.Да не знае некој до што би можел да биде проблемот? Фала однапред.
 
Здраво овие денови се двоумиме дома.. Се комплетно иаме на кабловска РОБИ-ТЕЛЕКАБЕЛ сликата на телевизор е катастрофална а сите велат дека на МаскТв е кристал :3. Имам Лед телевизор што подржува Фул Хд формат ама на кабловската неможеш да га искористеш тоа има само СКАРТ. А интернетот е 15мб/с и нонстоп е 1,8мб/с на торент и не мрднува, па сакав да прашам колку иде интернетот на торент на 8мб/с на 3макс старт. И да квалитетот на сликата каков е со ХДМИ кабел и ве молам слика да оставете пошто стварно незнаеме шо да направаеме.......
 
Види, со скарт кабел максималната резолуција е 576p, а со hdmi кабел е 1080p. Основото правило е колку повеќе пиксели, толку поквалитетна слика. Во овој случај, соодносот hdmi:scart е приближно 2:1, така да дефинитивно ќе имаш поквалитетна слика.
Во врска со брзината конкретно торентот при максимална брзина 8Mbps брзината на симнување ќе биде 1MBps штозначи скоро на половина од онаа на телекабел, не поради лош квалитет туку едноставно заради тоа што брзината е таа.
3Max Start e 1499 денари а 3Max Optic Start е 1799 денари. Верувај дека за 300 денари ќе имаш многу подобро искуство од причина што брзината на пакетот што си го предложил е 8 наспроти 50те мегабити кај оптичкиот пакет. Со оптички интернет, ќе можеш да приклучиш 3-4 телевизори и тоа воопшто нема да се одрази на квалитетот на сликата, додека пак брзината на симнување на торентите ќе достигнува и до 6 мегабајти во секунда.
Друга споредба, кај првиот имаш 300 гига а кај вториот 600 гига сообраќај. И уште нешто, имаат промоција сега така да ако склучиш договор до 31 овој месец, ќе добиш -500 денари попуст во наредните 3 месеци.

Така да, ако финансиски можеш да си дозволиш, но и ако во твојата улица има оптика (провери тука http://www.telekom.mk/optic/rezultati.htm?grad=Скопје) дефинитивно најдобар избор би бил ваков оптички пакет.
 
Дали ако се јавам денес (за 1 саат) да ми ја активираат Арена спорт сите 4 канали ќе ги активираат (пуштат) до 15:00 додека почне италјанско?
 
Дали ако се јавам денес (за 1 саат) да ми ја активираат Арена спорт сите 4 канали ќе ги активираат (пуштат) до 15:00 додека почне италјанско?

Активирај го пакетот преку тв(ресивер) рестартирај и ќе ги имаш каналите. Треба да внесиш само број од сметка и ќе ти се активни. Јас така направив и после рестарт ги имав.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Me2
сакам да нарачам ресивер од ебај за макс тв, дали некој има порачувано да каже дали работат кај нас
 
Дали некој можи да претпостави зошто кај мене на 3Max Start на ЛЕД ХД(не е фул туку 1368) со скарт кабел имам многу подобра слика него со ХДМи кабелот?

Со ХДМи кабелот сликата е доста побледа,а и резолуцијата на самата слика е мала така да морам да одам на зум па да се исполни екранот.

Треба да е обратно,ама..................плус кабелот е од нивниот пакет,не е од пазар
 
Имаш проверено во сетапот дали те е наместена резолуцијата?
 
проверував на сите можни резолуции,истото е ,а ми преостанува да пробам со друг хдми кабел.моментално ми е подесено на највисока резолуција
 
сакам да нарачам ресивер од ебај за макс тв, дали некој има порачувано да каже дали работат кај нас

Мислам дека телевизијата работи исклучиво на нивна опрема, најверојатно на некој начин им се кодирани ресиверите баш поради вакви работи.
Најубаво, јави се во контакт центарот и прашај дали би можел да инсталираш сопствен ресивер и дали воопшто би ти го активирале.
--- надополнето: 21 јануари 2014 во 22:06 ---
проверував на сите можни резолуции,истото е ,а ми преостанува да пробам со друг хдми кабел.моментално ми е подесено на највисока резолуција

По автоматизам, при приклучувањето на хдми кабелот треба да ти се подесе резолуцијата. Воопшто не ти треба никакво зумирање или слично, ова е доста чуден проблем.
 
дур проверам со друг кабел.ќе гледам на скартот:confused:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom