Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата vmx
  • Време на започнување Време на започнување
Некој ако знае да ми каже за понудава Max Family S со колку канали е зошто не можам да најдам нигде
 
Зависи, кај мене дојдоа за помалку од 24 часа, т.е. ми цркна рутерот, утредента дојде дечкото и ми даде друг рутер.

Или си имал среќа,или пријател....друго нема ;)
 
Или си имал среќа,или пријател....друго нема ;)

Што знам, до сега сум немал некој проблем со техничка подршка, секогаш излегувале на терен кога и да сум барал помош а не сум чекал многу време, така да ...
 
Некој дали знае каде да го сменам рутерот зашто овие абер немаат од доагање?
 
Имам пријвено пречка на линија на 13-12. Од тогаш им се имам јавено едно десетина пати, и им испратив три четири мејлови, ама уште немаат дојдено. Да не знае некој колку дена законски треба да чекам пред да можам да побарам раскин на договор?
 
Имам пријвено пречка на линија на 13-12. Од тогаш им се имам јавено едно десетина пати, и им испратив три четири мејлови, ама уште немаат дојдено. Да не знае некој колку дена законски треба да чекам пред да можам да побарам раскин на договор?


Јави се на 171 ( не на 0800.. ), кажи им дека сакаш да испратиш приговор поради тоа што скоро цел месец проблемот не ти е решен, никој те нема контактирано и слично. Исто така, барај во оваа или наредната сметка да ти биде надоместен одреден износ поради тоа што не си добивал соодветна услуга од нив (незнам кај тебе дали се работи за интенрет или тел линија).
Напомени им и дека со неодговорените мејлови (како доказ) ќе отвориш случај во АЕК и ќе пристапиш кон раскинување на договорот.

Почекај еден ден да видиш како проблемот ќе биде решен :) Во краен случај, зимај телефонот и ѕвони на 190.

Инаку, го немам пред мене договорот, но некаде на задните страни има напишано кои се предуслови треба да се исполнети пред раскинување на договорот.
 
Вчера ми пуштија МаX Tv и кажете дали е добар протоколот што ми го пуштиле?Screenshot_2.jpg
 
Протоколот или протокот ?
Ако е за второто, тогаш е во ред (ако брзината на пакетот е 12 mbps)
Да за протокот ми е 12 mbps, и кога ке пуштам некој торент да ми се симиња почнува да ми сецка Max Tv - то, прашав еден колега што има исто 3max start пакет кај него протокот е 14 mbps.
 
Да за протокот ми е 12 mbps, и кога ке пуштам некој торент да ми се симиња почнува да ми сецка Max Tv - то, прашав еден колега што има исто 3max start пакет кај него протокот е 14 mbps.


Во врска со сецкањето, јави се во техничка подршка и побарај да ти обезбедат поголема брзина. Кога гледаш хд канал истиот има побарувачка од 8 mbps, значи ти остануваат 4 за интернет. Е сега ако се случило прво да си го пуштил торентот или пак брзината што се доделува на интернетот има приоритет во однос на онаа за макств затоа и се јавува сецкањето :)
Ова под претпоставка дека имаш 1 тв дома, ако имаш 2 тогаш и те како ќе имаш проблеми со симнување торенти и гледање тв истовремено, така да побарај поголема брзина.
 
Вчера ми пуштија МаX Tv и кажете дали е добар протоколот што ми го пуштиле?Прегледај го приврзокот 81607

Фати ми скриншот од другиот таб, DSL (а можно е и Statistics табот да беше), да видам нешто. Најверојатно линијата повеќе од 12 mbps и нешто ситно не ти поддржува, има премногу шум.
Прво слика, па после ќе ти помогнам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom