Балкански X Factor

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Оној Лукијан е права утка. Ги упропасти сите песни, врска си нема.
 
Член од
16 мај 2011
Мислења
158
Поени од реакции
85
Кандидатите на Жељко убедливо најслаби. Младен слабо, слабо. Можеби премногу трема имаше ама си ја прокоцка шансата, мене ми звучеше како недоволно спремен ич несоживеан со песната. Маја, ќерката на Луис најлоша од сите натпреварувачи, за никаде беше. Единствено Фифица и Џогани се полоши од неа. Утка Жељко, утка само Даниел му го избели образот. Кај тргна со вакви кандидати ? Ова Босанчето, Харис Чато има глас има талент ама не му е ни времето ни местото сега во ова шоу, никако. Мислам дека Емина згреши што го избра него. За Илма морам да признаам иако е дете, повеќето од женските кандидати таму можат вода да и носат. Има глас, прекрасна боја и како да се родила пеејќи, пее безгрешно. Ама не е таа икс факторот зашто уште е дете и неизводливо е тоа. А ја држат нормално за гласови, мислам најмногу на неа ќе заработат. А девојчето не да пее, грми. Прекрасно. Што сакав да кажам, ми се бендиса изведбата на Алекса и на Даниел. Даниел има нешто ѕвонливо во гласот, не знам дали само јас го осеќам тоа, ама има нешто впечатливо во гласот, кога пее како да вади некаква радост и убавина. Не знам, чудно. Иако и понатака не ми е фаворит и не го сметам за некој силен вокал морам да признаам дека уживам додека го слушам. Има нешто во него што ретко скоро невозможно е да се најде во пејачите. Има нешто во гласот неописливо ѕвонливо и мило. Не знам на кого ме потсеќа, ваљда на никого. Најразличен од секој глас што го имам до сега слушнато. Мислам дека Даниел ја носи ѕвездата во себе а и самата негова појава е различна, да не претерам ама ќе кажам дека го расветлува целото ова шоу. Да, знам дека порано пишував против него ама со некои работи тотално ме има фасцинирано. Уште да додадам машкиот бенд е супер и треба да се врати Маид, кој е единствен професионалец во ова шоу. Е тогаш ќе заличи ова шоу на нешто квалитетно.И да ве прашам за оваа Тамара озбилни сте ? Јас не знам како стигнала до тука, ок убава е и слатка ама ова не е избор за мис. Додека одеа исечоците пред нејзиниот настап слушавте ли кога пробуваше да ја пее од Адел сомеоне лајк ју? Таков глас аудиции не може да помине. И сам Кики кажа едвај успеале да и најдат песна. Ќе пее таа до крај "песнички" за некако да догура до финале. И има нешто подло и покварено во неа, како во Илма што има нешто дигнато и дволично. Според мене најдобри, машкиот бенд, посебно лидерот то ест докторот, Алекса, Лукијан, Даниел, Илма, Александра. Ќе видиме понатака. Ќе видиме како ќе се снајдат со различни песни ама победникот би требало и би морало да знае да отпее секакви песни, а досега таков овде немам видено а ако имате вие некој на ум па кажете.
 
Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.841
Мислам дека Даниел ги демантира сите што не веруваа во него. Со тоа што Жељко му е ментор и тоа се виде во колкава предност е во однос на другите ментори, знае да му одбере песна, знае да ја крене/спушти на гласот на артистот. Вчера сите матрици под менторство на Жељко беа ускладени на гласот и на Даниел и на Младен и на ќеркава на Луис. Другиве ментори направија доста грешки во матрицата. Даниел веќе си создаде фан база, продолжува да ја импресионира и да ја зголемува така да за него според мене веќе е започната музичката кариера и дури ако не победи ќе биде далеку повеќе популарен од било кој од овие финалисти, а Жељко сигурно ќе го командува во понатамошната кариера и се надевам дека ќе имаме добар пејач кој ќе може барем да ја има половина од славата на Тоше на екс-ју просторите. Да не бидам погрешно сватен, не го ставам во конотација за споредба со Тоше.
Се лажеш ако мислиш дека Желко ќе изиграва менаџер на Даниел и на останатите негови кандидати, тој е доделен од продукцијата да им помага тука за време на шоуто, после тоа секој по свој пат, па може и конкуренција да му бидат во иднина така да не гледам зошто би ги форсирал после завршетокот на шоуто.
Инаку Даниел веќе загарантирано ќе има кариера во Македонија, само ќе му биде тешко некое време после завршетокот на шоуто и кога ќе спласне цела таа еуфорија (истото им се случи и на другите учесници од македонија на слични вакви шоуа - Идол и сл.). Најважно за него ќе биде да си одбере добра продукција и да си ја снима музиката која тој ја сака а не други што ќе му наметнуваат
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.771
Поени од реакции
9.567

Другар, Минакорд продукцијата е на Жељко. Истата продукција ги поведе Даниел и останатите од групата на Жељко на пречекот на новата година во Крушевац. Како секоја продукција што има желба да го има најдоброто во свои раце сигурен сум дека тоа не би го испуштила за да направи профит. Се гледа дека Жељко не гледа во Даниел конкуренција. Жељко помогнал на неколку имиња да се прослават, така да не би гледал зошто да не се случи и со Даниел. Ќе каже времето, но тоа е моја проценка.

Околу болдот. Не би рекол дека ќе му биде тешко во споредба со Операција Триумф или Идолот што беше кај нас. Х Фактор моментално е бренд кој е далеку повеќе следен од двете наведени шоуа, цело време е актуелен по социалните мрежи, пејачите се во постојан контакт со медиумите. И Операција Триумф беше во балканските земји да, но е далеку од Х Фактор според мене ради тоа Х Фактор е многу повеќе следено засега. За да се споредува со нашиот Идол е глупаво зошто тоа се случуваше во нашите граници и после тоа се распадна сиот концепт околу него така да самиот факт што неговиот победник мораше да се пријавува на овој Х Фактор говори се. Друга работа, види кај фан страните на фб кај него и ќе можеш да воочиш дека има фан база од целиот Балкан така да тоа е доста добар чекор, само како што кажа ти, мора продукцијата која ќе го има потака да ја искористи оваа предност и да не му наметнува каков тип на музика да пее понатака.
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Се лажеш ако мислиш дека Желко ќе изиграва менаџер на Даниел и на останатите негови кандидати, тој е доделен од продукцијата да им помага тука за време на шоуто, после тоа секој по свој пат, па може и конкуренција да му бидат во иднина така да не гледам зошто би ги форсирал после завршетокот на шоуто.
Инаку Даниел веќе загарантирано ќе има кариера во Македонија, само ќе му биде тешко некое време после завршетокот на шоуто и кога ќе спласне цела таа еуфорија (истото им се случи и на другите учесници од македонија на слични вакви шоуа - Идол и сл.). Најважно за него ќе биде да си одбере добра продукција и да си ја снима музиката која тој ја сака а не други што ќе му наметнуваат
Лелее сте запнале со таа конкуренција па конкуренција. Па зарем луѓево еден пејач одбираат и него само го слушаат? 3000 пејачи има на Балканов, многу од нив со хитови позади нив, па не гледам Жељко да им е љубоморен. На сцената има место за секого. Ако Даниел победи, тоа на никаков начин нема да се одрази врз кариерата на Жељко. Каква конкуренција какви бакрачи. Ко да речете дека Бијонсе и е конкуренција на Бритни, или Шакира на Лејди Гага.

Sent from my ALCATEL ONE TOUCH 5020X using Tapatalk
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508

Победникот од ова шоу ќе има слава само 1 месец по завршувањето на шоуво...., после ќе го снема или ќе се појавува еднаш во 2 години ;):)

Sent from my computer
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Победникот од ова шоу ќе има слава само 1 месец по завршувањето на шоуво...., после ќе го снема или ќе се појавува еднаш во 2 години ;):)

Sent from my computer
Ма не е битно, еве и нека се прослави многу. Зошто би му сметало тоа на Жељко? Со такво размислување Џеј Зи немаше да ја исфрли Ријана на сцената, ниту пак да соработува со шутракон Кание Вест. Дај малу повозрасно гледајте на работите.

Sent from my ALCATEL ONE TOUCH 5020X using Tapatalk
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Ма не е битно, еве и нека се прослави многу. Зошто би му сметало тоа на Жељко? Со такво размислување Џеј Зи немаше да ја исфрли Ријана на сцената, ниту пак да соработува со шутракон Кание Вест. Дај малу повозрасно гледајте на работите.

Sent from my ALCATEL ONE TOUCH 5020X using Tapatalk
Има разлика помеѓу другите земји и земјиве на Балканов. Луѓето поразлично размислуваат.
Ако се прослави премногу Даниел, самиот Жељко ќе си најде конкуренција..... така некои размислуваат.

Sent from my computer
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.548
Поени од реакции
5.305
Уште да додадам машкиот бенд е супер и треба да се врати Маид, кој е единствен професионалец во ова шоу. Е тогаш ќе заличи ова шоу на нешто квалитетно.И да ве прашам за оваа Тамара озбилни сте ? Јас не знам како стигнала до тука, ок убава е и слатка ама ова не е избор за мис. Додека одеа исечоците пред нејзиниот настап слушавте ли кога пробуваше да ја пее од Адел сомеоне лајк ју? Таков глас аудиции не може да помине. И сам Кики кажа едвај успеале да и најдат песна. Ќе пее таа до крај "песнички" за некако да догура до финале. И има нешто подло и покварено во неа, како во Илма што има нешто дигнато и дволично.
1. Како мислиш професионалец? Дечкото има песни направено, нешто албум?
2. Па гледај ја првата аудиција, ке сфатиш како дошла до тука. Ако беше за мис, ке ја бутнеа онаа Северина што ја викаа, па и уште неколку кандидатки што веројатно мислеа дека ке пројдат на лепота. Од женските кандидатки што останаа во шоуво, најмалку што ми паѓа на памет е некој да бира мис од нив, имаш 13 годишно девојче, трансексуалец, така да можеш да бидеш сигурно дека не се бирани по лепота. :)
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Цел ден си го слушам настапов, ептен мерак ми направи како ја испеа, реално ова е една од најдобрите песни на Бијело Дугме. Баш и со мајка ми коментиравме, ова од нејзино време, а песнава и е една од најдрагите и најомилените и она уживаше. Прекрасно. Многу зрел глас за нејзини години.
Единствена замерка имам што изреагира некако многу суетно кога жирито и даваше коментари. Значи сите само комплименти и делеа, само една малечка забелешка (што реално и не беше толку насочена кон неа, повеќе беше кон Кики насочена, иако лично не се согласував со критиката, одлично и легна песната) доби и веднаш остро реагира. Знам дека е малечка, уште е девојче, ама сепак, не можеш постојано да добиваш пофалби, секако дека мора да има и критики, нема потреба од филозофирања на сцена и остро реагирање кога некој ќе ти каже нешто. Мислам дека нејзините родители, како и Кики треба малку да поразговараат со неа на таа тема. Суетата е многу лоша работа, ама може да те уништи кога имаш 13/14 години. Не за џабе Ал Пачино кажа Vanity is my favorite sin.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.168
Поени од реакции
37.747

Во глобала се согласувам со тебе. Иако морам да признаам дека одлично звучеше во нејзина интерпретација, коментарот кој Кристина му го даде на Кики јас го кажав уште кога почна да пее. Како може на девојче од 13 години да му се даде да пее песна од Дугме, и тоа не една од тралалајките на Дугме, туку можеби најдобрата нивна, од периодот на Бебек. Не само што песната е на Дугме, туку е и песна чиј текст одговара за машки вокал, а не за женски. Кога Илма пее „Све ќе то, о мила моја...“ изгледа ко некои девојчиња од САД кога ќе излезат од плакарот. Друго што не ми се допадна е шминката - го унакажале девојчето. Башка, само мене ми се причинува, или по настапот и беше размачкан карминот? Го изела.:pos:
За суетноста комплетно се согласувам. Плус - мислам дека е премногу препотентна, и искрено - заради тоа мерак ќе ми биде ако испадне! Нека заврши училиште, нека научи како да се однесува, па после јас ќе бидам тој кој ќе навива за неа кога ќе се појави на X Factor 2023. ;)
 
Па горе-доле тоа ми е мислењето и на мене. Претешка песна за нејзини години и (не)искуство, мислам дека овде Кики одел буквално на ризик - или ќе биде топ или ќе биде дно. Излезе дека беше топ, супер ја испеја. А за машка песна, па и Харис пееше песна од Ријана.:icon_lol: Ми се свиѓаше сензибилитетот, ти викам мене оваа песна ми е една од подобрите на Дугме, пред се љубовта кон песнава мислам дека ми ја пренесе мајка ми, отсекогаш ја зборела и ја обожавала, па некако тоа и на мене се пренесе. Изведбата беше супер, но си држи и муабетот дека сепак таа е уште девојче.
А за шминката и остатокот од коментарот нема потреба од дополнување, се согласувам скроз.
Јас немав од прва таков впечаток дека е дигната, сега со реакцијата на коментарите (кои пази беа и мислам дека најдобри за неа, Жељко дури и рече и мени да испееш ќе биде прекрасно) некако ми се скрши филмот, бидејќи ептен ми беше симпатична. Нејќам да звучам како филозоф, ама овде родителите мора да скокнат. Јас на тие години така (без причина) да се однесувам и реагирам, мајка ми би ме откажала од учествувањето, за да ми дојде памет. Никад не ми дозволувала така да се однесувам (повторно ќе нагласам без причина, бидејќи коментарите беа и повеќе од добри).

Лукијан доби 100 пати полоши коментари, дури мислам дека од сите он доби највеќе критики, па не изреагира никако. Жирито (какво и да е, небитно дали некој ги сака или слуша) се професионалци кои ја работат таа работа и тука се да им даваат и забелешки и критики. За пеењето, знаеме дека пејат добро, затоа и влегле во тие 12, иначе немаше ни да влезат. Сега веќе и други работи се гледаат и коментираат и нема ништо лошо во тоа. Ај да вреѓаат, па јас прва ќе реагирам, сто пати сум зборела на форумов дека мразам хејтање без причина и обично јас сум таа која глуми дрвен адвокат на сите, но засега жирито е добро, дури и многу и ги фалат. :)

Даниел дури и сам си се изнакритикува...:pos: Тој оди во друга екстрема, дури мислам дека и треба малце повеќе самодоверба да стекне, затоа што мршојадциве што одвај чекаат да реметат некого ќе го изедат од што е премногу добар.

Инаку најслаба ми е Маја некако, јас навистина не ги гледам т.е осеќам тие емоции другиве толку што и ги фалат. Александра добро пее, ама некад од што сака да се истакне премногу се дере и фаци прави, на тоа мора да работи, некако нема многу харизма, иначе добар глас има.
 
Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Може некаде да се видат коментарите од жирито? За Даниел ги видов ама за другиве ги нема
 
Kajgana Shop

На врв Bottom