Мислам дека или климата твоја е преслаба за тој простор да го грее или е нешто во начинот на користење од твоја страна. Сузумито повлечува на почеток максимално 1650 вати и потоа во зависност од надворешната температура паѓа потрошувачката, ако е надвор пример 10+ степена троши 200-250 вати, ако е 5-10ст. троши 250 -300. од 0-5ст троши 300-400-450. а под 0 и некаде минус 7-8 качува просек од 500-580 вати. А богами точна е како термометар, кога ќе ја погледнам потрошувачката веќе знам колку степена е надвор отприлика. Ова се вредности во нормален мод, а со користење на еко-мод вредностите се на пола, единствено нема гаранција дали ќе може да ја одржува зададената температура (а ја одржува и дури гаси) и не сум сигурен дали е добро за моторот да работи долго во еко и за тоа јас лично не го користам. Кај мене максимална измерена потрошувачка е 14-15 кв. за 24 часа кога беше најладно, а во сегашни услови 7-8 кв.
Е сега само да кажам едно мое согледување, кое може некој и да го оспори но според мене кога се купува инвертер најбитно е да биде предимензиониран, секогаш купете појака варијанта за да дојде до полн израз работата на минимум, баталете ЦОП, нема толку врска, појака клима со послаб ЦОП но со добар минимум ќе потроши исто или помалку струја, ќе бидете постоплени, ќе можете да греете и поголема површина по потреба.