Луѓето кои чекорат по неговите маргини нас не исфрлаат надвор и од тие маргини. Имаме и ние право да се бориме за подобар живот за нас и нашите најблиски. Ако некој и нешто ни смета тогаш ќе си кажеме отворено и ќе се бориме да се сменат нештата. Што е многу многу е, цела провинција се пресели во Скопје нема веќе место!
Ти си вонземјанин?
Пошто тие се луѓе, а гледам ти се сметаш за нешто друго.
Еднина е човек, множина е луѓе. Поделбата на наши и ваши е крајно ниска работа. Македонија треба да ја гледаш како единствена смеса од хетерогености, како едно цело во кое сите партиципираат.
Јас да сум ко тебе предлагам до орган или преку некој од советниците на владата кои подготвуваат закони, следни решенија:
1.Забранет престој на провинцијалци над 5 години во Скопје. Пет години се сосем доволно за да изучат факултет и да си се вратат назад. Оние кои не го завршиле факултет во редовно време, да си останат со виша бидејќи не ги бива, а нас како држава ни треба саглам кадар.
2.Забрана за привремена работа за време на студирање. Со тоа би имало повеќе простор за конобарци, легални проститутки т.е докажани скопјанки, продавачки во бутици, во маркети и така натака.
3.Редовен данок во висина од 50 проценти од платената месечна кирија, додека трае престојот за изучување.
4.Забрана за склучување на брак и формирање на семејство со скопјани.
5.Задолжителен абортус(тука и МПЦ ќе се вмеша) на зачнато дете со провинцијалка од страна на скопјанец кој клецнал без заштита.
6.Забрана за упишување на докторски студии, бидејќи некој може да постане асистент, па професор, па така да остани во Скопје и да го учи твоето дете.
7.Во случај на неисполнување на горе наведените решенија, да биде дозволена употреба на секаков вид оружје, дури и биолошко од страна на скопските фраери, како и забрана и престанок на важење на Конвенцијата за спречување и казнување на геноцид од 1948 година, и понатамошните протоколи кои ги уредуваат овие основни човекови права.