Да не се разбереме погрешно, не дека ми сметаат луѓето ама ств. не ми е јасно што мислат да прават со градов - не е нормално колку нови згради никнуваат секојдневно во Скопје а гарантирам дека 80% од истите се продаваат на дојденци од другите градови, т.е побарувачката од таму е најголема. И што е најтрагично не се престанува со градење.... се гради и се гради - еве само како пример ќе ги дадам 30те + згради кај Лисиче, 10+ згради кај Електротехнички факултет кои што никнаа во последните 4-5години. За Водно не ни сакам да правам муабет, ми текнува ко дете кога идев на Водно, од полициска до средно имаше 2-3 куќи, 2-3 хотела Француска и Британска амбасада и тоа е тоа.... сеа има се и свашта.
Јебеш, може е офтопик постов - али мене поише ме нервира градењето во СК (што е поврзано со провинцијалците) отколку било што друго.