Анализа на крв - толкување резултати

Член од
24 октомври 2011
Мислења
385
Поени од реакции
139
Здраво нова сум на форумот и сакам да прашам. Денес ми правија крвна анализа резултатите ке ми ги дале за 2-3 дена па заборавив да прашам дали при таа анализа на крв ке ми ја напишат и крвната група пошо не сум давала крв за анализа и нз како одат тие работи( ми треба да полагање за возачка) и ми дадоа некој флаери за донации на крв. Дали би уживала некој привилегии доколку станам донатор ?

Благодарам однапред
Здраво
Ако сакаш да одредиш крвна група треба да појдиш во трансфузиологија ќе ти земат малку крв од прст и ќе ти кажат крвна крупа и ќе треба да платиш за таа услуга, но ако сакаш тоа да ти биде бесплатно можеш да дадеш крв со што ќе ти дадат картонче за крводарител и ако продолжиш и понатаму да даруваш крв и направиш 10 пати ќе ти дадат потврда од фондот за здравство и ќе имаш привилегии со тоа што повеќе здравствени услуги ќе ти бидат бесплатни и плус со давањето крв ти се обновува крвта и тоа е добро за организмот. Јас имам давано досега 11 пати и верувај дека тоа не е ништо страшно трае само 15 минути и чуството е многу убаво кога знаеш дека спасуваш некој живот.
Поздрав
 
Член од
18 јануари 2008
Мислења
131
Поени од реакции
14
Вчера правев крвна слика и се ми беше ок во нормални вредности само еритроцитите беа малце над горната граница. Но друго ми е прашањето креатининот ми беше 93 а горната максимална според овој тест вика 115 и пак си е во границите на нормалата. Арно ама и спомнав на матичната дека спортувам и повеќе внесувам месни производи и суплементација со протеин од сурутка и креатин и оп тука одма ааааааа епа во нагорна линија ти оди ... И сега не ми е јасно во граници на нормала е а ми вика да прекинам со тоа месец па да правам пак крвна слика ???

П.С Така се хранам и со таа суплементација веќе 3 месеци
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.308
Поени од реакции
7.293

Таа суплементација што ја земаш не е проблем, ама за креатинот треба да бидеш внимателен, и да го земаш баш така како што е опишано во упатството пошо се оптеретуваат бубрезите, препорачливо е да пиеш многу течности за да може организмот да го елиминира полесно. Тие резултати што ги имаш не се страшни, не му се секирај ама ич :).
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Мислам дека сум на право место за да прашам.
Како да проверам која крва група сум? Ако може локација ( што, каде ), пари, што треба итн. итн.. Фала!
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.539
Поени од реакции
4.066
Да си прашам за совет.

Во Март годинава прегледував крвна слика и ми беа покачени вкупниот и директниот белерубин. Вкупниот ми беше 45.2 а треба да е помал од 19 а директниот ми беше 11.4 а треба да е под 5.1. Останатото се ми беше супер.

Одма прочитав на интернет што може тоа да значи и од памет се извадив кога прочитав дека зголемување не овие параметри е знак за некој хепатит, жолтица.

Закажав контрола на приватно одма, ми закажаат за после два дена, направив повторно крвна слика и ехо на органите. Белерубините овој пат беа нешто подобри но пак над нормалните вредности, 27.6 вкупниот а 9. 7 директниот. Ми направија проверка на органите и се беше во најдобар ред, докторот ми кажа дека овие параметри не биле за нешто сериозно иако добро е да се дојде на контрола. Сумњаше во малце ситен песок во жолчката ама и тоа се беше во ред. Ми спомна дека може да ми се покачени од поголем физички напор а во тој период одев во теретана.

Е сега, вчера пвторно правев крвна слика, белерубините повторно покачени плус овој пат и АЛТ ензимите. Вкупниот белерубин 47.62, директниот 12.57 а АЛТ 46.20 а треба да е под 41.

Повторно читање по нетов што може да биде заради покачени АЛТ и повторно фаќање паника после прочитаното.

Закажав одма за денес ехо, на друго место во однос на прошлиот пат, отидов во 15:00, докторот ги виде резултатите и одма ми кажа дека нема простор за паника, дека ова зголемување воопшто не било страшно за некое оштетување на црниот дроб и некој хепатит а зголемувањето на овие параметри можело да се деси од газирани пијалоци и други шеќери кои ги внесуваме во организмот, ако сум пиел деновиве нешто повеќе жестоко и од некој напор.
Ми ги прегледа органите на ехо, све беше во најдобар ред со нив, црниот дроб е во одлична состојба, само ми спомна ако сакам за чисто да не се замарам да проверам и интернист за срцето иако според докторов нема потреба од никакви грижи.

Прашањето ми е, дали да се оставам на ова или да направам некои дополнителни испитувања.
 
Направи си тест за хепатит Б и Ц, ако се негативни немаш гајле.
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.539
Поени од реакции
4.066
Направи си тест за хепатит Б и Ц, ако се негативни немаш гајле.
Фала за одговорот. Ќе направам.

Само уште ова. Докторот ми спомна дека за хепатит б или ц вредностите требале по 5/6 пати да бидат зголемени за да се сумња во тоа. Има некоја точност во тоа или ?
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.308
Поени од реакции
7.293
Фала за одговорот. Ќе направам.

Само уште ова. Докторот ми спомна дека за хепатит б или ц вредностите требале по 5/6 пати да бидат зголемени за да се сумња во тоа. Има некоја точност во тоа или ?
Тоа е точно, ако е хепатитот во акутна фаза.
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.872
Фала за одговорот. Ќе направам.

Само уште ова. Докторот ми спомна дека за хепатит б или ц вредностите требале по 5/6 пати да бидат зголемени за да се сумња во тоа. Има некоја точност во тоа или ?
Чекај, тебе доктор ти кажал и ти не веруваш додека некој на форум не ти потврди? Кога се работи за здравје, стој подалеку од интернет зашто нервно ќе заболиш од сите болести што ќе си ги пронајдеш. Еве си добил 2 мислења од доктори, ако сакаш да бидеш сигурен оди и на трето. Можеби има тука медицнски лица што ќе знаат да те посоветуваат, ама можеш да се изначиташ и глупости и да се извадиш од памет:)
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.539
Поени од реакции
4.066
Чекај, тебе доктор ти кажал и ти не веруваш додека некој на форум не ти потврди? Кога се работи за здравје, стој подалеку од интернет зашто нервно ќе заболиш од сите болести што ќе си ги пронајдеш. Еве си добил 2 мислења од доктори, ако сакаш да бидеш сигурен оди и на трето. Можеби има тука медицнски лица што ќе знаат да те посоветуваат, ама можеш да се изначиташ и глупости и да се извадиш од памет:)
Не не, нормално дека верувам, само лошо се изразив односно лошо го формулирав прашањето па затоа така делува.
 
AdRi*

Obscenely Delicious
Член од
10 декември 2007
Мислења
651
Поени од реакции
41
Сигурно ли се точни овие вредности?На пример за тромбоците тука пишува од 250 000-400 000,мене ми се 178 000,ама според вредностите дадени на листот,во границите на нормалата е.Седиментацијата ми е малку повисока 15/30,треба ли да се обратам кај доктор за тоа?
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.308
Поени од реакции
7.293
Сигурно ли се точни овие вредности?На пример за тромбоците тука пишува од 250 000-400 000,мене ми се 178 000,ама според вредностите дадени на листот,во границите на нормалата е.Седиментацијата ми е малку повисока 15/30,треба ли да се обратам кај доктор за тоа?
Не, тромбоцитите ти се супер, без гајле.

Од 150 000 - 400 000 е идеално, мада со 50 000 може и трансплантација на срце да се направи и пак да нема крварење, ама тоа е друга тема ;)

За седиментацијата немаш гајле, најверојатно си настинала.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.920
Поени од реакции
12.411
Вака, на крвната слика во март што е направена вредност за железото беше 2, што е многу ниско со оглед на тоа дека долната граница беше означена со 9. Тогаш матичната рече дека не треба ништо посебно, никакви испитувања и препорача само да обрнеме внимание на храната. За 6 месеци повторна анализа. Ете, после 6 месеци, нивото на железо исто. Случајно во разговор со други доктори ни кажаа дека толку ниско ниво на железо не се крева само со храна, и дефинитивно треба да се обрне повеќе внимание на ова. Зедовме некој таблетки или витамини, не знам што се, за покачување на железото и по една недела ( овој пат анализата ја правевме во друга ординација ), нивото на железо беше 7,2. Дефинитивно другата недела ќе направиме уште една анализа во друга ординација, ама дали е можно за една недела нивото да се зголеми толку многу, со оглед на тоа дека 6 месеци стагнирало?
 
После една недела земање на железо треба да се покачи хемоглобинот и ретикулоцитите, тогаш дефинитивно може да се каже дека станува збор за железодефицитна анемија. Провери дали има покачување на овие два параметра, ако нема на нив подобрување а има само на серумното железо, можно е да е некој артефакт.
 
Член од
9 ноември 2009
Мислења
325
Поени од реакции
56
Правев крвна слика, сите вредности се ок, освен MCV кое ако треба да биде од 86.0 - 100.2. Не е ништо страшно, ама ако може некој да ми каже што е ова MCV, не се разбирам јас.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom