- Член од
- 24 октомври 2011
- Мислења
- 385
- Поени од реакции
- 139
ЗдравоЗдраво нова сум на форумот и сакам да прашам. Денес ми правија крвна анализа резултатите ке ми ги дале за 2-3 дена па заборавив да прашам дали при таа анализа на крв ке ми ја напишат и крвната група пошо не сум давала крв за анализа и нз како одат тие работи( ми треба да полагање за возачка) и ми дадоа некој флаери за донации на крв. Дали би уживала некој привилегии доколку станам донатор ?
Благодарам однапред
Ако сакаш да одредиш крвна група треба да појдиш во трансфузиологија ќе ти земат малку крв од прст и ќе ти кажат крвна крупа и ќе треба да платиш за таа услуга, но ако сакаш тоа да ти биде бесплатно можеш да дадеш крв со што ќе ти дадат картонче за крводарител и ако продолжиш и понатаму да даруваш крв и направиш 10 пати ќе ти дадат потврда од фондот за здравство и ќе имаш привилегии со тоа што повеќе здравствени услуги ќе ти бидат бесплатни и плус со давањето крв ти се обновува крвта и тоа е добро за организмот. Јас имам давано досега 11 пати и верувај дека тоа не е ништо страшно трае само 15 минути и чуството е многу убаво кога знаеш дека спасуваш некој живот.
Поздрав