AlternativeF
госпожата од втори
- Член од
- 1 мај 2006
- Мислења
- 4.830
- Поени од реакции
- 7.575
Здраво. Ме застана сообраќајна полиција бидејќи бев со службено возило, ми побараа сообраќајна, моја возача дозвола, товарен лист, патен налог и се што имам од опрема. Откако приложив се дури ПП апаратот со голем рок на важење ми ја отворија кутијата за прва помош и полицаецот увиде дека немам безопасни игли и ножички и почна да вика дека немам клуч за резервна гума, на што јас му одговорив дека клучот се наоѓа во склоп на дигалката која е сместена на своето место во возилото, но тој не сакаше ниту да погледне, велејќи дека немам и си отиде во своето возило и почна да пишува некој документ. Откако јас почнав да инсистирам да ми каже зошто пишува тој ми рече дека немам соодветна опрема и ми напиша казна од 100 евра и плус казна која следи за правно лице и управител на правно лице. Срамота е, незнам на кој да се обратам, кај и да се обратам сите велат дека е завршено и дека штом е издаден налогот никој ништо неможе да измени. Го молев како човек да не пишува бидејќи не заслужувам за некои безопасни игли да плаќам 100евра. До колку мисли дека треба да ме казни нека ми напише некоја друга казна што можам јас само да ја платам, да не ја меша фирмата во која работам, но за жал не наидов на разбирање кај дотичната особа затоа што наводно имале наредба да казнуваат по било која основа, само за да ја полнат касата на државата. Ве молам посоветувајте ме што да направам... Фала однапред
Не ја плаќај казната туку веднаш посоветувај се со адвокат!
Со плаќањето на казната ја признаваш вината и автоматски судот потоа ќе донесе пресуда против фирмата и управителот, односно ќе треба и тие да платат казна.
Обавезно зборувај со адвокат кој ќе може да те упати што е најдобро да се направи затоа што ти казната како физичко лице ќе си ја платиш, но после тоа фирмата ќе се товари со дополнителни казни, а претпоставувам дека тоа нема да ти биде тебе во прилог.