Вака сега...
Ево 12-ка убаво ти кажа погоре, а јас само ќе додадам нешто..
Кола со 28000 км ќе има прекрасно зачуван ентериер во смисла седиштата не се пропаднати, тапацирунзи на врати здрави, релативно испрашени, гумите на педалите читави, прекинувачите скоро како нови, воланот како нов...
Инаку на Veglia Borletti таблите како на сликата (кои ги има на Р4 ГТЛ, Р5 Кампус) е релативно лесно да се врати километража. Како, не кажувам

Ти реков еднаш дека овие возила носат мотор од серијата Cleon, конкретно кај Р4 ГТЛ е 1108 кубика... со 33 коња. Тоа се мотори кои со убаво минерално масло одат до 200000 км. и тука некаде треба да се менат карики, летечи лагери и да се провери убаво главата и ќе вози уште толку. Дома имам таков мотор во Р5 Кампус и има околу 190000 км, а во својот живот видел се најлошо, и сега на старост добива убава нега, и сеуште оди добро, но за некои 10-15000 км ќе го отварам. Здравје... да не замарам сега со тоа.
И, ми текна една финта

Ако сакаш твоето ГТЛ да има 44 коња, ќе си најдеш глава од Р5 Кампус од 1108 кубика, сосе карбуратор, усисно-издувна грана и ќе ја монтираш на ГТЛ.
Блокот е ист, а силата се добива од различната глава и карбуратор.
Однадвор изгледаат исто, ако поклопецот на главата го оставиш од ГТЛ, бидејќи на ГТЛ капачката за масло е на средина, а на Кампусот е на крајот