Осум земји каде населението страда најмногу

  • Креатор на темата Креатор на темата SparroW
  • Време на започнување Време на започнување
Тука стварно многу мизерно се живее, за разлика од Конго или Зимбабве каде ронка леб е луксуз, а патиштата се непознати.
 
Не викам дека е лесно, но на тоа дека сме на 7мо место на граѓание кои страдаат е смешно.

По твоја процена, на кое место би требале да бидеме?
 
А Германија не е? Damn, jас мислев чистењето вециња е лоша работа :(

Не е лоша работа ама скоро единствена е, сите студентки кои одат преку лето Германија се собарки и тоа е факт. Ги прашувам што ќе работат викаат во хотел.
 
Ај доста со тоа. Нормално е да има вакви проблеми во котлините. Сега затоа што нема ветер е е така. Вакви работи имало и ќе има...И никој не е крив за тоа.
Ме чуди како воопшто не ве загрижува проблемот со воздухот.Како да му се случува на некој друг, а не на скопјани.Можеби ако ги затвориш очите и ако посакаш доволно силно, воздухот ќе се исчисти!
 
По твоја процена, на кое место би требале да бидеме?


Искрено? После речиси целиот континент Африка, половина Азија и дел од Јужна и Централна Америка.

Сигурно не страдаме повеќе од Централно Афричка Република каде што моментално има граѓанска војна, нешто што го има во повеќето држави. а тука се вклучена и новата држава Јужен Судан која го има истиот проблем, а да не зборам за Нигерија или Сомалија или пак за Либија и Египет кои уште не може да се средат. Од останатите, освен Јужно Афричка Република, сите други држави имаат проблем со достапноста на храна, вода и лекови каде што умираат секојдневно огромен број на луѓе поради неухранетост и болести.

Државите како Сирија, Јемен, Авганистан, Израел и Палестина, Пакистан, Бурма, Филипините и Ирак имаат воени конфликти на нивна териоторија. Тука се наоѓаат и граѓаните на Тибет, кои сакаат да се оделат од Кина и со тоа и те како страдаат. Секако, мора да се спомени и огромните број на силувања во Индија кои поминуваат неказнето и со што милиони жени од оваа држава секоја година се физички и психички повредени.

Мексико се наоѓа во огромна војна помеѓу државните сили и нарко картелите, каде што годишно умираат по 10,000 граѓани, додека огромен дел од северниот дел од државата се под постојан страв и притисок од локалните картели. Колумбија исто така го има сличниот проблем, каде што со герилата војуваат повеќе од 50 години. Во Перу постои долг конфликт помеѓу властите и бунтовниците кој никако не може да запре. Тука се вклучени и огромните број на сиромашни посебно во Бразил, кои освен со криминал во големите градови, луѓето населени во фавелите - немаат друг начин за преживување.

Како бонус мора да се споменат и државите кои не се признаени како независни и со тоа секако страдаат граѓаните бидејќи секако сакаат да бидат посебна држава. Трансинистрија, Јужна Осетија, Нагорно Карабах, Абхазија и многу други го имаат овој проблем а бидејќи официјално се наоѓаат во склоп на други држави, голем процент од граѓаните на тие држави би страдале.

Не викам дека кај нас е рај на земјата, ниту дека е нешто добро, но реално не сме за до толку високо на листата. Не викам ниту да не се превземе ништо или пак да биде алиби дека има полошо, туку напротив, да се направи нешто да бидеме што подалеку од овие држави па да ги немаме проблемите како што тие ги имаат - граѓанска војна, меѓуетнички конфликт, неухранотост, сиромаштија или долга војна со добро организираниот криминал. Да прекинеме да плачеме дека е лошо и да превземеме нешто додека не не снајде навистина нешто многу лошо!
 
Ај доста со тоа. Нормално е да има вакви проблеми во котлините. Сега затоа што нема ветер е е така. Вакви работи имало и ќе има...И никој не е крив за тоа.

..



Границата помеѓу нормалното и ненормалното е многу тенка.
Човекот нема да смисли подобар начин за да си го подобри квалитетот на животот, да се избави од страданието, не затоа што тоа е невозможно, не затоа што се потребни материјали и знаење, едноставно затоа што е глуп! Доволно глуп за да умре во болка очај и бессознание предизвикани од канцер кој самиот го создал и упорно работел во текот на својот живот да го надргради забрза и прошири ширењето на канцерот...
Сите ние заедно на некој начин придонесуваме за квалитетот на живот, и самите сме си одговорни за своите постапки, што ке посееш тоа ќе жнееш.....
Ќе живееме бедно и недостојно, ќе умреме бедно и недостојно, само заради тоа што сме замижувале пред проблемите и сме ја завртиле главата на страна од проблемите...

Но никој не е крив за тоа, сите сме ние сведци и ке одиме во рајот, воздухот надвор се самозагадил...
 
Ме чуди како воопшто не ве загрижува проблемот со воздухот.Како да му се случува на некој друг, а не на скопјани.Можеби ако ги затвориш очите и ако посакаш доволно силно, воздухот ќе се исчисти!
Тоа е резултат од ниската свест на Македонецот за животната средина. Му ставаат кула кај крстот што зрачи ко Чернобил, никому ништо. Минчо си прави што сака, не е битно. Ова надвор, абе еј магла е, нормално е за главен град да има магла. :vozbud: Исто и како со контроверзнион асфалт со кој ја полеаа Партизанска пред избори, кој веќе пак е за нигде станат, имаше нешто муабети демек е најниска класа на асфалт со многу негативности. Значи да сумираме, се` додека е накинџурено и накитено во градов, убав е топ е. Тоа што има отпади, загадувања, несреден сообраќај мање битно.
Нејќам ни да помислам што ќе се случуваше во Швајцарија, Германија, Англија, Белгија, Австрија и ред други држави да избувнеше вакво нешто како кај нас со маглава, досега десетина глави ќе беа летнати како ништо. Да не правам муабет дека како прво нема шанси да се случи таму вакво нешто т.е. се минимални.
 
И да бевме на првото место не треба да ве чуди ... се работи за перцепција на народот.

Овој народ падна од коњ на магаре. (од СР Македонија на Р Македонија).

Овој народ има повисоко образование во споредба со Јужен Судан , повисока свест , знаеме што се случува во светот...

Жителот на Јужен Судан е среќен кога ќе има вода за пиење ... жителот на Македонија страда кога не може да обезбеди да речеме одмор на море (во вода значи).

Во Европа африканскиот начин на живеење се сваќа како страдање. (не дека ги потценувам африканците , пошто и таму има држави каде добро се живее).
 
Колку, колку? Постои лага, голема лага и статистика!

Ова ќе го дополнам со следнава „ дефиниција „
Статистика е наука, во која од точни податоци се изведуваат погрешни заклучоци!
 
Ме чуди како воопшто не ве загрижува проблемот со воздухот.Како да му се случува на некој друг, а не на скопјани.Можеби ако ги затвориш очите и ако посакаш доволно силно, воздухот ќе се исчисти!
Затоа што немаме проблем со воздухот. Не ги преувеличувајте работите, не сме Иран па да не можам надвор да излезам. Кај и да е ќе дувне ветер и ќе ја снема маглава, но ете, последниве 2 недели неаме среќа :unsure:
 
Јас не верувам во вакви глупи наивни анкети кои не знам врз која основа се правени и кои се критериумите за да се донесат вакви заклучоци. Дека сме заморчиња, сме, дека страдаме, не знам-зависи кој како и кој што подразбира под страдање. Дали е спроведена анкета? Не. Мене лично не ме прашаа дали страдам, верувам дека ни вас не ве прашаа. Си напраиле таму некоја глупа анкета, колку да имало за што да се пишува.

И се е релативна ствар. Затоа ме интересира кои се критериумите за страдање, како се мери таа величина. Пример, јас може имам само за да се прехранам, ама наоѓам утеха во Бога и сум среќен, не страдам, супер ми е. Тие ми се потребите и очекувањата. Некој може да има тон пари, но да биде несреќен и да страда поради приватни причини и проблеми. Некој може нема ни за леб, ама воинот на коњ му прави толкав кејф што за него тоа е смислата на животот и изворот на среќата.

Затоа, вакви анкети воопшто не ги земајте за сериозно. Убаво пиша Родаст, таман работа да сме на 7. место, прашајте во Сирија колку страдаат, во Северна Кореа, во голем дел од Африка и еден куп други земји. И жално е што одма се фаќаме за Бугарите,а не се гледаме која беда сме колективно.

Глупи и необразовани новинари, мораат лебот да си го извадат и да пишат нешто, макар и глупости.
 
Анкетата, за жал, нуди вистински податоци за перцепцијата на среќата кај населението. Овде се зборува за тоа како се доживуваат луѓето, како среќни или несреќни. Се работи за лично чувство на исполнетост и задоволство од животот. Никој во анкетата не зборува за материјалните добра, за GDP или бројот на водоводи и канализации во државата.
Вечно и секаде во светот ќе има луѓе кои се чувствуваат несреќни, но сепак разликата од земја до земја покажува и отсликува многу поголем број на појави и состојби од само способноста за доживување на среќа на ниво на нервен систем.

Со тоа што ќе кажете "нема врска анкетата" не сме го решиле проблемот на голем процент граѓани кои се чувствуваат несреќни од начинот на живот. Еден реален поглед на работите ќе понуди објаснување зошто е таква состојбата и што треба да се преземе за да се случат промени кон подобро.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom