- Член од
- 23 јуни 2008
- Мислења
- 4.002
- Поени од реакции
- 4.246
Ова е втора тема што ја отварам за серија наречена Мост. Едната што ја отворив беше The Bridge, навидум добра серија, а сега жалам што мене ме има како автор на отворената тема. Огромен минус за таа серија која не е ниту малку достојна до фасцинантниот оригинал, серијата Bron/Broen, или мост на двата јазика дански и шведски кои го следиме во текот на серијата. Приказната за некому непозната, се случува убиство на политичарка на средината на мостот кој ги дели Малме и Копенхаген. Детективката Сага од Малме и Мартин од Копенхаген ќе бидат оние на кои ќе им припадне задачата да ги откриваат виновниците на низа убиства кои следат всушност предизвикани поради социјалните проблеми што се случуваат во обете држави.
Темата ја пишувам откако ја изгледав првата сезона чиј крај дефинитивно можам да го сместам во една од највозбудливите и напнати 58 минути во телевизиската историја. Одличната музика, ладната атмосфера се она што е вистински белег на скандинавската кинематографија од филмовите која можеме да ја видиме и во серијава. Сага е фасцинантен лик, полуаутистична жена која има врвна меморија, а и со текот на епизодите гледаме како полека се обидува да се социјализира и ја гледаме нејзината желба да се вклопи во општеството. Моментално ја гледам втората сезона и подолг коментар ќе оставам во друго мислење, засега тематиката ми се допаѓа уште повеќе од прва. Огромна препорака.
(сликата е од втората сезона)

--- надополнето: 14 декември 2013 во 21:45 ---

Со нетрпение чекав да излезе нова епизода, во недела ја даваа во Шведска/Данска, јас во понеделник веќе ја барав на Замунда. Ете тоа сакав да кажам 
, апсолутно брилијантно, и да и на крајот сепак ја видовме вистинската Сага - ладнокрвна, но секогаш праведна, па дури и да го издаде нејзиниот единствен вистински пријател. Тоа е таа Сага. 