Порано објаснував,пак ќе се повторам.
Исламот нема проблем со Божјите пратеници и книги пред Мухаммед с.а.в.с. туку напротив ги потврдува и Иса(Исус) и Муса(Мојсеј) и Давуд(давид) и Ибрахим(Авраам) и Нух(Ное) итн итн значи буквално сите Божји пратеници од Адем а.с.(Адам) до Мухаммед.
Услови за исламското верување(иманот) се:
Верување во Аллах и во пратениците Негови,и книгите Негови и во мелеците(ангелите),во Судниот ден и дека се се случува со Божјата одредба.
Значи секој муслиман верува дека гореспоменатите биле пратеници и веровесници и дека на 4 од нив им биле објавени книги од Аллах.
на Давуд - Зебур
на Муса - Теврат(тора)
на Иса - Инџил(евангелие)
и на Мухаммед - Кур'анот.
Со тоа што муслиманите ги почитуваат,сакаат Божјите пратеници пред Мухаммед, а последна Објава Куранот и последен Пратеник е Мухаммед и тоа е како што реков порано: последна верзија на Аллаховите објави,совршена верзија која ги признава и почитува тие пред неа но со доаѓањето на последната објава претходните се докинати.
Тоа што има денешната библија карактеристики со Куранот е можеби и резултат на човечки измени итн итн.
бидејќи колку и да сакаме да потврдиме дека денешната библија ваква каква што е не може да се каже дека е Божја книга бидејќи е допишувана,бришена,додавана,ревидирана итн итн од луѓе.
Така да не можам од позиција на денешната библија да ти одговорам на тие слични карактеристики.
Веќе ја анализирав на друга тема,најпознатата молитва од библијата каде Исус го потврдува својот ислам и своето искажување на едноштвото и верувањето во Бога и покорноста кон Него и потчинување на Неговата воља.