Проблемот е во тоа што,што и да се започне во оваа држава,неврзано само за екстерново тестирање,ќе биде окарактеризирано како обид и подбуцнување од опозицијата,нели...тоа го имаш во весници секој ден..Џабе тука објаснувања и слично.Реалната слика комплетно се извртува во партиски цели.Ако не си со нас,си против нас и точка!Тоа што,во конкретниов случај,екстерното тестирање е катастрофално замислено и изведено,и не донесе апсолутно никакви позитивни промени,никого не го интересира.Битно е дека ОНИ остваруваат(како,на кој начин,какви последици има сето тоа,е тотално небитно).Генерално луѓето се плашат отворено да реагираат...не знам зошто...Ова е сериозен проблем...И се е тоа под закрилата дека секаде во свет се прави ова или она,и дека е супер...Ај,важи..Јас реагирав во министерство во мај месец,реагирав и во училиштето,имаше и уште неколку родители со мене...од тоа ништо...Знам за случај на девојка која добила 1 по математика на екстерното(3 средно),се укочил компјутерот,па кога продлжила на друг,и ги регистрирале само првите две задачи!Колку за инфо,девојчето е од 5 одд.по натпревари по математика,каде што редовно освојувала 1 или 2 место!Цело лето се влечеле по министерство,па и професорите што биле во комисија пробале да помогнат заедно со професорката по математика од училиштето каде што учи...И ништо!Приговори не знам колку....И сега!??!ние се расправавме за историја,и прашањата за Албанија...и повторно ништо...Во оваа наша ’демократија’ тешко нешто поминува,немаме мнозинство,а очигледно ни памет..Жалосно но мене тотално не ми е јасно каде сето ова води,и жалосно е што луѓето во образованието кои се исто така директно засегнати,реагираат само по ходници и на кафе муабет.Ретко кој стана и нешто лконкретно кажа.Треба убаво,ама убаво и сериозно да се размисли како сето ова ќе се реши....