Сајбер протест против "ЕКСТЕРНИТЕ ТЕСТИРАЊА"

  • Креатор на темата Креатор на темата Брзии
  • Време на започнување Време на започнување

Дали се согласувате да има екстерни тестирања?

  • Да

    Гласови: 84 49,7%
  • Не

    Гласови: 85 50,3%

  • Вкупно гласачи
    169
Кој е ефектот на образованието ако после 1 година ништо не ви останало во глава од предметот? Па матура како ќе полагате кога таму треба да го знаете материјалот од сите 4 години... Нема да ви поставуваат прашања од квантна физика.
 
Грешиш пријателе. Вредноста на факултетот опадна. 90% од тие што се запишале го завршиле, тоа го зборам, а за тоа индиректен кривец е нашето задолжително средно. Барем 1/4 од тие што се запишале средно од годината кога е задолжително ќе работеле како земјоделци.
1/2 од останатите ( кои се запишале - под услов сите да го завршат средното ) би останале само со средно.
Останатиот дел после средно би се запишал на факултет ама колку би завршиле ? Тоа е проблемот, ќе се фаќаат после тоа врски и за на работа, не само за факултетска диплома што значи дека у старт ако не упишеш мастер и не докторираш нема да си многу компетентен на пазарот на труд, а ти додека докторираш ќе дојдат татини мази и ќе ти го соберат работното место. Наместо работодавецот да те бара тебе за да те земе, ти го бараш работодавецот кој ќе те земе.

Еве, нека остане задолжително средно ама ако ученикот падне година да може слободно да се отпише без да плаќа казни и чуда. За другото дочитај го постот што ми го имаш цитирано ( зошто очигледно го немаш прочитано, те нанервирал првиот дел ). Имам дадено начин како да биде поефикасно и подобро/поквалитетно.
 
Сум и против екстерното тестирање и против полагање на матура, не е тоа начин за објективно оценување. Пред две години полагав матура, тоа на се` освен на полагање личеше, на крај испадна деца кои не знаат кој е писател на Злосторство и казна петки да имаат македонски а професорката баш и реално си ги оцени колку што си заслужуваа.:facepalm: Нешто слично очекувам да е со екстерното. А и се сеќавам баш пред две години некој на форумов го пиша есејот англиски за матурата и истиот се падна па така тој што си има подебели врски ќе си ги има прашањата и ќе испадне попаметен и посолиден ученик од некој што моментално се треси и го учи цел учебник.
 
Грешиш пријателе. Вредноста на фаи култетот опадна. 90% од тие што се запишале го завршиле, тоа го зборам, а за тоа индиректен кривец е нашето задолжително средно. Барем 1/4 од тие што се запишале средно од годината кога е задолжително ќе работеле како земјоделци.
1/2 од останатите ( кои се запишале - под услов сите да го завршат средното ) би останале само со средно.
Останатиот дел после средно би се запишал на факултет ама колку би завршиле ? Тоа е проблемот, ќе се фаќаат после тоа врски и за на работа, не само за факултетска диплома што значи дека у старт ако не упишеш мастер и не докторираш нема да си многу компетентен на пазарот на труд, а ти додека докторираш ќе дојдат татини мази и ќе ти го соберат работното место. Наместо работодавецот да те бара тебе за да те земе, ти го бараш работодавецот кој ќе те земе.

Еве, нека остане задолжително средно ама ако ученикот падне година да може слободно да се отпише без да плаќа казни и чуда. За другото дочитај го постот што ми го имаш цитирано ( зошто очигледно го немаш прочитано, те нанервирал првиот дел ). Имам дадено начин како да биде поефикасно и подобро/поквалитетно.
ај вака .. остави го факултетот. што се запна толку за факултето. 90 % завршуваат само на фон и европски, веројатно од таму ги црпиш информациите за факултетот. Предходниот пост пишав. 80 % од студентите на ФИНКИ прва година паднаа на колоквиуми по калкулус 1. 50% уште го немаат положено. Ај белки че се запишиш на факс па че сватиш шо ти зборувам дека не е толку лесно, па и на фон не е лесно (посебно ако си стипендист.)
Член сум на студентска организација и сум посетил повеќе балкански универзитети меѓу кои тие во Загреб,Београд, Сараево и Софија , ти гарантирам дека високото образование не е срање (барем техничките факултети) и се тука некаде со Балканските земји.
Ти на факултет одиш за себе, не одиш заради некој проект на владата. Ако го поминиш факултетот на врски нема да најдиш работа. Просто и едноставно, никој не ти дава плата за лепе очи.

Спротивно на факултетот ти е средното, кое мора да е задолжително, барем додека се описмени грото од населението. И да е земјоделец мора да има средно. Неможе 40 годишен маж, да не препознава симтоми на сипаници (пример, оти се учи то по биологија во 4та), или да незнае шо е то аритмија ко че му кажат на доктор. Или пак ако прави некоја смеса да незнае дека првен се става вода па во неа се раствора киселина, а не обратно.
Проблем се професорите во средно кој врска немаат со животот наместо да го описменат народот тие си го „ладат“ на часови.
Делат 5 ки ко алва. Мора да се запри тоа. Екстерното е добар начин за тоа. Макар да, има и други начини. Само нека се почни од негде.
 
Грешиш пријателе. Вредноста на факултетот опадна. 90% од тие што се запишале го завршиле, тоа го зборам, а за тоа индиректен кривец е нашето задолжително средно.

Вредноста на факултетите опадна ради нивното никнување како печурки насекаде. И ради приватниве факултети.
Али дека 90% завршуваат од запишаните, тука си грешка. Мислам зависи на кој факултет, имаш полесни, имаш потешки. Али мал дел кај мене се отпишаа после прв семестар само, кога сфатија дека не се за факултетот, уште малце по прва година, се истребија кој не е за таму.
Имаш некои што се трета, а заглавени со предмети уште од прва, четврта со заглавени од прва, кои се сепак упорни и само го полнат џебот на факултетот. Се студира и по 6-7-8 години. Се завршува, ама кога е прашање.
И земи учи си, поисплатливо ти е тоа отколку да дремиш на темава. :)
 
Си треба екстерно оценување само проблемот е нема да ги даде реалните резултати и оцени за знаење.Проблемот е длабоко навлезен во образованието на РМ.Да видите што све учат има да паднете во несвест.Треба големи промени да се направат за да излезе младина со право знаење.Факултето го уништува знаењето со тие есеи семинарски редовност некој едвај 6 има ама со овие поени добиени до 8,9 ке догура.Понапред се знаеше факултет да завршиш голема работа е тоа денеска секоја ала и будала има факултет завршено.Фактот е во 2003 само 53 магистратури има а во 2012 1957 магистратури мислите сега дека ова значи дека знаењето е зголемено хах се лажето гадно.Средното образование исто така некој едвај има оцена 3 или било која тој бара за просек и уште класниот ке поправи па и на совет и што очекувате после од него цел живот некој да го носи на грб и да му помага.Се знае професорот треба да биде објективен реален со авоторитет и да се труди да ти го пренесе знаењето а не денеска отвори дневник запиши предади затвори фала пријатно и ајт а дали има нејасно нешто и да има све е јасно.
Се знае кој колку знае толку и нема попуштање и крај пресечи како еден професор што велеше НЕ МОЖЕ СИТЕ ДА БИДЕТЕ ДИРЕКТОРИ МОРА НЕКОЈ И ДА КРЕЧИ
 
Се знае кој колку знае толку и нема попуштање и крај пресечи како еден професор што велеше НЕ МОЖЕ СИТЕ ДА БИДЕТЕ ДИРЕКТОРИ МОРА НЕКОЈ И ДА КРЕЧИ

Убаво кажано.
 
Ако сакаме да нема екстерно тогаш треба ко Албанците се собереме и низ скопје со камења по полицијата палиме автобуси а не со хамерите они без ништо така се собраа 3000 души од улица се собраа а ние цел живот нема да се собереме и да направиме такво нешто ние само за харлем шејк се собираме толку али тоа е македонче :):)
 
Сите знаат дека ќе има екстерно и дека нема ефект од штрајковите, али да се губи од часови. Иначе мислам дека ова нема да влијае на отценката
 
Сите знаат дека ќе има екстерно и дека нема ефект од штрајковите, али да се губи од часови. Иначе мислам дека ова нема да влијае на отценката
Да искочиме вака 3000 души и да кршиме па дали ќе има не идеме во школо али ние сне македончиња :)само на форуми и фб протестираме (не мислам на тие што пишуваат туку општо).
 
Влијае на оценката, како не влијае кога во свидетелство ја ставаат.
Иначе, како и што се претпоставуваше, падна системот во неколку школи, ќе видиме дали ќе опраат нешо...
 
Многу лесно беше професорите ни кажуваа :) тој од министерство 1 помина само се убивне од препишување.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom