Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Во недела и Маркизио нема да игре поради жолти картони, па баш ме интересира како ќе настапи Конте на средината. Може да проба со 4-3-3 формација, така што Асамоа, Видал и Погба ќе се во средината.
 
1493265_711785928846336_693438733_n.jpg

Дали вредит ризикот да се проба да се освои ЕВРОПА ЛИГА или како и да се викат... ?
 
Дали вредит ризикот да се проба да се освои ЕВРОПА ЛИГА или како и да се викат... ?

Зависи кој како гледа, а со оглед на тоа каде се игра финалето, ништо чудно и да пробаат до крај да идат.

Ја лично сакам да идат до крај, само заради една причина, локацијата на која ќе биде одиграно финалето.
 
Нека играт, да не се заебават да отпаѓаат пред време. Лани Челзи го освои, финансиите им беа во втор план, важно си зедоа трофеј.
--- надополнето: 12 декември 2013 во 17:50 ---
Ештон крило :cool:
17995.jpg
 
Голема пара ќе изгубиме годинава од неиграњево во ЛШ... Среќа што го имаме Марота, зен - мастерот за квалитетни засилувања со малку пари. Ова е памет за друг пат, сега Марота ако не купи ништо посебно во Јануари/Јуни нема да го кривам. Човекот му ги донесе сите засилувања што ги бараше Конте, па дури имаше и шпекулации дека му се заканува отказ ако не ги донесе. Овде дефинитивно нетреба да се криви Марота. Да не ве слушнам зимава/летово да дрвите за трансверите, колку пари, толку музика. Само Раџа да го донесеме, и да вратиме некој од младинциве кај нас, ништо друго не ни треба.

Колку и да е лоша ситуацијава за клубот, ама не да му одговара на Марота, какво алиби си има :pos:
Само кој ке го слуша цело лето ко ке дроби како сме немале пари и слично. :facepalm:
Искрено, мислам дека ред е на Ањели и Елкан, да фрлат некоја пара, мислам дека е очигледно дека со овој состав многу тешко Јуве да направи нешто повеке во Европа, претходната сезона и тогаш лошо почнавме, ама се протнавме на крај некако, ги изигравме перфектно последните 3 утакмици у групата. Ама сега, не иде така бате, бруки е со тимови како Копенхаген да се игра нерешено, едноставно мора да бидеме поубедливи.
Може на многумина нема да им се сфига оваа идеја, ама јас би сакал да се донесе и некој централен дефанзивец, пошто ова што го видов јас сезонава од Бонучи и Киелини во ЛШ, едноставно не наликува на најдобрата одбрана во Европа пред 2 години. Уште еден везњак обавезно, ова воопшто не смее ни да се размислува. Лев бек. И барем еден крилен напагач за 4-3-3, може Конте и почесто да ја менува.
 
Единственото нешто позитивно од дуелот со Галатасарај... Џиџи сеуште го има рефлексот

tumblr_mxou6ddxcW1r30r4xo1_500.gif
 
Од сите екипи што поминаа вечерва во Лига Европа и тие што испаднаа од Лига на шампиони може да се рече дека Јувентус е број еден фаворит за освојување на титула.
 
Голема пара ќе изгубиме годинава од неиграњево во ЛШ... Среќа што го имаме Марота, зен - мастерот за квалитетни засилувања со малку пари. Ова е памет за друг пат, сега Марота ако не купи ништо посебно во Јануари/Јуни нема да го кривам. Човекот му ги донесе сите засилувања што ги бараше Конте, па дури имаше и шпекулации дека му се заканува отказ ако не ги донесе. Овде дефинитивно нетреба да се криви Марота. Да не ве слушнам зимава/летово да дрвите за трансверите, колку пари, толку музика. Само Раџа да го донесеме, и да вратиме некој од младинциве кај нас, ништо друго не ни треба.

Ако се сфати сериозно работава и се освои ЛЕ,нема да биде којзнае колкава финансиската загуба на тимот.Сигурно ќе биде некои 20 тина милиони,али во случајов со Марота и неговите јебачки трансфери,на рати,позајмици,компензации,оваа сума е доволна за класа играч.
Разликата во овие две натпреварувања повеќе ја прават парите од телевизиските права и влезниците.Лани тимот заработи некои си 63 милиони од телевизиски права,оваа сезона и доколку ја освојат ЛЕ ќе биде некои си 15-20 милиони помалце.
Премиите од УЕФА,доколку се освои ЛЕ и се поминеше понатака во ЛШ се тука некаде.Да бидеме реални и доколку се поминеа групите во ЛШ,тимот би стигнал максимум до четврт финале.Така да парите во ЛШ до четврт финале се некои 400 000 повеќе од премијата доколку се освои ЛЕ.
Champions league

first knockout round : 3 500 000
quarterfinal : 3 900 000

total : 7 400 000


Europa league

second round : 200 000
Ro32 : 350 000
quarterfinal : 450 000.
semi final : 1 000 000
winning final : 5 000 000

total : 7 000 000
 
Јувентус да ја поминеше групата и да испаднеше во 1/4 финале од ЛШ ќе освоеше 5 милиони повеќе него како победник во ЛЕ.
 
Кога ке знаеме со кого играме?

Понеделник во 13:00 часот е извлекувањето. Можни противници: Аз Алкмар, Базел, Бенфика, Франкрфурт, Генк, Лудогорец, Лион, Рубин Казан, Салцбург, Севиља, Шахтјор, Тотенхем, Трабзон и Валенсија.
 
Понеделник во 13:00 часот е извлекувањето. Можни противници: Аз Алкмар, Базел, Бенфика, Франкрфурт, Генк, Лудогорец, Лион, Рубин Казан, Салцбург, Севиља, Шахтјор, Тотенхем, Трабзон и Валенсија.

Нека се паднат со Лудогорец ако ништо друго барем може да се гледа Јуве во живо
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom