НБА Сезона 2013/2014

Кој ќе биде шампион во сезоната 2013/14?

  • Бостон Селтикс

    Гласови: 2 2,5%
  • Њујорк Никс

    Гласови: 2 2,5%
  • Чикаго Булс

    Гласови: 17 21,5%
  • Мајами Хит

    Гласови: 17 21,5%
  • Сан Антонио Спарс

    Гласови: 9 11,4%
  • Индијана Пејсерс

    Гласови: 1 1,3%
  • Хјустон Рокетс

    Гласови: 1 1,3%
  • Оклахома Сити Тандер

    Гласови: 8 10,1%
  • Денвер Нагетс

    Гласови: 2 2,5%
  • Лос Анџелес Клиперс

    Гласови: 5 6,3%
  • Лос Анџелес Лејкерс

    Гласови: 6 7,6%
  • Голденс Стејт Вориорс

    Гласови: 0 0,0%
  • Бруклин Нетс

    Гласови: 2 2,5%
  • Атланта Хоукс / Перо Антиќ

    Гласови: 6 7,6%
  • Мемфис Гризлис

    Гласови: 1 1,3%

  • Вкупно гласачи
    79
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
1 март 2009
Мислења
8.636
Поени од реакции
10.380
Абе како преценет, кој го цени Руди Геј жити се? :pos:
Славеа сите фанови на Репторс по форумите вчера.. не ги ни интересираше шо добиа..

ps welcome back kobe!
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.943
Поени од реакции
116.461
Не зборам само за фановите на Репторс, него општо од кошаркарската јавност. Не знам каква му беше платата во Торонто, да не гуглам сеа, али во Мемфис зимаше премногу и беше преплатен. Он и Џо Џонсон ми се преценети и преплатени кошаркари, само медиумски исфорсирани и ништо повеќе. Од друга страна Олдриџ е доста потценет кошаркар, или ајде да не претерувам сеа со ова преценување/потценување, може да кажам дека не се збори многу многу за Олдриџ, не се крева некоја посебна фама, а дечкото растура, и тоа не само оваа сезона, него години уназад.

Иначе Коби се гледа дека е апла ’зарѓан, ќе треба време и време да помине за да ја достигна правата форма, ако воопшто ја достигне.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.394
Поени од реакции
7.049

Па не се предоговараат договорите. Истата плата која ја имаше и во Мемфис и во Торонто ја има и сега дури не му заврши договорот. Околу 17 милиони по сезона ми се чини.

А инаку вредноста на играчите како Геј падна откако почнаа тимовите повеќе да се базираат на статистики и ефикасност според кои ваквите играчи кои многу трошат топки а не се ефикасни се многу малку ценети веќе. Тоа понаголемо почна да се случува од пред 3-4 години.

Исто така и еволуцијата на одбраната и системите кои моментално се користат (пред се благодарение на Том Тибодо кој практично ги воведе) ја минимизираат ефективноста на 1на1 тип на играчи. Нема веќе којзнае колку добивка од нив оти се лесни за бранење. Многу покорисни се играчите кои се добри шутери за тројка и добри додавачи особено во drive-and-kick додавања. Геј не е добар во овие области и затоа е заглавен. Едноставно не е добар фит за модерната НБА иако има талент.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.943
Поени од реакции
116.461
За мене и Грифин е исто медиумски префорсиран играч, али што да се прави, Америте си имаат таква традиција. Многу покорисен и подобар играч според мене е Хиберт, а далеку повеќе фама се крева околу Грифин, кој не го почитувам многу многу затоа што е кошаркарски неинтелигентен и не ми се допаѓа неговиот стил воопшто.
 
Член од
30 август 2009
Мислења
584
Поени од реакции
212
За грифин друже во право си потполно... само што на неговите закуцувања многу се палат..и тоа е...
 
Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.958
Ако не прочитавте conneR се сложува за Грифин и мисли дека народов се пали на неговите закуцувања...
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.943
Поени од реакции
116.461
А што има врска што Коби мавнал бунар од хорок или што изел банана? Грифин подобар ли е од него поради тоа? Дојдоа такви времиња во НБА каде ликови ко Грифин ги форсираат до небо, а реално се тотално глупи во кошаркарска смисла речено, немаат ништо направено во кариерата и служат само за атракција. Грифин и лидер и шампионски менталитет во истса реченица НЕ. Тој за да го направи она што го направил Коби треба милијарда фурни леб да изеде.
Уште па кога ќе ми рече некој дека е една од најдобрите 4ки во лигата :facepalm:
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.613
Поени од реакции
35.461
ај гледајте си коби таму кај шо мава бунари на хорок :pos: фала пријатно
Кој се радува на туѓа несреќа, карма му се случува!

(не дека би сакал цел еден тим, па уште и комшии, да го јадат заради еден форумски буљаш) :)
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.636
Поени од реакции
10.380
ниту го форсира некој грифин сезонава ( и покрај то шо има прилично солидна сезона, 21/11 ) ниту пак има некој атракции сезонава.. не ги имаш гледано клиперси и на памет збораш.. освен то шо е флопер на моменти ( годинава слабо) незнам заради која друга работа некој би го мразел блејк...се труди во секоја акција да дај максимум а и има еден од подобрите 'work ethics' во нба
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.943
Поени од реакции
116.461
ЛОЛ, кој ти вика за сезонава, општо зборам е исфорсиран, откако влезе у НБА. Најсмешниот момент, годинава слабо бил флопер :pos: Па пред 2-3 дена стаив видео од него, изглуми ненормално, можат да му подзавидат Морган Фримен и компанија. Јас не го мразам Грифин него ти кажувам дека е префорсиран и тоа е тоа. Еве пак ќе се надоврзам на мојот муабет од претходно, јас пре би ги земал Олдриџ, Пау Гасол, Крис Бош во екипа отколку Грифин. Иначе и Сакре се труди многу ама јебига...

Кој се радува на туѓа несреќа, карма му се случува!

(не дека би сакал цел еден тим, па уште и комшии, да го јадат заради еден форумски буљаш) :)
Добро де и Грифин не е поарен, он делка табли.
 
Член од
23 февруари 2010
Мислења
626
Поени од реакции
1.317
ЛОЛ, кој ти вика за сезонава, општо зборам е исфорсиран, откако влезе у НБА. Најсмешниот момент, годинава слабо бил флопер :pos: Па пред 2-3 дена стаив видео од него, изглуми ненормално, можат да му подзавидат Морган Фримен и компанија. Јас не го мразам Грифин него ти кажувам дека е префорсиран и тоа е тоа. Еве пак ќе се надоврзам на мојот муабет од претходно, јас пре би ги земал Олдриџ, Пау Гасол, Крис Бош во екипа отколку Грифин. Иначе и Сакре се труди многу ама јебига...

Добро де и Грифин не е поарен, он делка табли.
Нема резон да правиш муабет за кошарка со човек што омилен играч му е Грифин дрвосечачот или таблоделкачот како сакаш.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.636
Поени од реакции
10.380
Нема резон да правиш муабет за кошарка со човек што омилен играч му е Грифин дрвосечачот или таблоделкачот како сакаш.

Sent from my iPhone using Tapatalk
Добра логика, гениј! Ако не си фан на Леброн или Коби глуп си. Ако си фан на Блејк не треба да збораш за кошарка... Хмм па којзнај шо ќе му речиш на некој шо навива за Џордан Хил или за Стив Новак.. Веројатно не заслужва да живее а?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom