Ако сте уште живи вие на форумов, заборавив да пишам и за ова:
Баба Фабрика или баба Фанија од село Зб'жди, кој како ја знае сеа порано рекла дека знае каде е златото, но за да се извади бајаги луѓе ќе ојдат курбан. И не се нафаќале после луѓето. А во близина некаде тука нема да ги кажувам по име и од која фамилија се сеа, пред многу години нашле чизма со злато или златна чизма не знам како ја откопале ама им се покажал ќумур и му ја здувнале.
Апокалипто, како што кажав мислам дека се наоѓа тоа некаде меѓу Локов и Зб'жди ( Збажди ) на месноста викана Закамен или в' Корија. Локов е тоа со иконата во која не влегувале жени, после на врв на планина ја наоѓале иконата. Дури братучед ми се заинати вика ќе пуштам жена и ќе седам додека не мрдне.
А и од каде знаеш за ова ти? Плус бонус за Локов и Струга нешто мистерија:
http://forum.kajgana.com/threads/Македонски-урбани-легенди.10972/page-16#post-6279858