Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
14 април 2012
Мислења
33.063
Поени од реакции
68.074
Јас се прашувам и гарантирам дека полошо од ова не може. Вкупно 2 бода освоени од денот кога го победивме Арсенал. Ја верувам Кардиф, Норич, Сандерленд имаат повеќе освоено, а да не зборуваме какви играчи и проблеми имаат они.

Тоа немањето среќа е оправдание и ништо друго. Имаше сезони кога Арсенал промашуваа невозможни шанси, ама и тогаш, а и сега викам не е тоа среќа. Сам со голман излегува 3-4 пати на утакмица и не знае да даде гол. Тоа е незнаење. И исто судиите понекогаш не гледаа очигледни работи, па биле оштетувани. Безвезе муабети.

Ова е катастрофа, не знам кај гледате позитивно нешто. До пред овие 2 утакмици се надевав на 2 победи и задржување на чекорот. Абе лани 90 бода освоивме со истиот тим, ај сеа да речеш ново еве 10-15 помалку, ама 50 нема да освоиме како што сме тргнале. Дадовме 90 гола, а последните 5 кола на смеа се играа. Сеа 50 нема да дадеме. И шанса за Мојс до крајот на сезонава, со ултиматум Ливерпул да не заврши пред нас за првпат после не знам колку години. Тоа нека му биде титулата сезонава. Уште тој ,,рекорд'' му остана за срушување.

2 пречки не се оправдување.
Недосуден чист пенал е оправдување.

Почнав да мислам дека не зафаќа Арсенал синдром, од пред неколку години, кога како по распоред им се повредуваше важен играч.
Еве, го немавме Ван Перси на неколку натпревари, Џонс одмараше на неколку, Руни го немаше денес, Керик уште неколку меча.

Кажав и погоре, ке бидам загрижен, ако сме во фул состав, а не победуваме.

Ова изгледа лошо, ама идат мечеви во кои екипите од горниот дел ке играат меѓу себе, а тука ја гледам можноста за приклучување кон врвот.

Има работи кои мора Мојс да ги среди, некои потези на екипата делуваат така аматерски, како да се работи за играчи од 7-ма Англиска лига.
Мора да почне екипата да игра поубедливо, и МОРА да се донесе свежа крв, затоа што имаме играчи кои под водство на Мојс се тешки просеци, а Фергусон знаеше да го вади најдоброто од нив.
Очекувам кога има слаби поединци да ги вади нив, а да внесува играчи кои може да сменат меч.
Проблематично е 30 минути имавме за да притиснеме јако, ние тоа едвај 2-3 минути притисок направивме.
Најголемиот пораз денес се дебилните навивачи кои станаа да си идат во 89-та минута.
Од сите екипи на светот, на таа најпознатата по доцните пресврти, таа публика стана да си иде. Е тоа ме нервира.

Ова со Ливерпул нема да го коментирам, тие 20 години не се мерило до каде е Јунајтед, не би требало ни сега. Мислам, потценувачки е тие да ти бидат било каков бенчмарк за успешност на сезона.
Кога менувавме генерации 2005-та, никој не беше среќен со второ место, затоа што сме завршиле пред Ливерпул кој завршил 5-ти...

Сити и Челси ја ублажија тежината на овој пораз, така да, не знам. Знам дека сте многу напиздени, 2 пораза кои многу не уназадија, но не ги потценувајте Евертон и Њукасл.
Убеден сум дека завршуваме во топ4 ако не не ебат повредиве до крај на сезона.
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.885
Поени од реакции
21.818
1. се надеваш на туѓи неуспеси
2. тимот нема ама баш никаков напредок ... едно е да губиш и да напредуваш а друго е да губиш и да се уназадуваш ние го правиме второто па затоа и не гледам теоретски шанси за 4-то место.
3. саф на времето не наследил шампионски тим туку група пијаници од кој направил шампиони, мојс го прави обратното.
4. гајле ми е за челзи сити ливерпул арсенал евертон и остала багра ... треба да си гледаме прво во сопствен двор па после и надвор од него.

Сезонава е феил а голема вина треба да се бара во мојс .... кога тимот ќе излезе на терен без мотив проблемот е во тренерот .... да дефинитивно сме во период на транзиција но по се изгледа и мојс е дел од таа транзиција( се додека не дојде некој кој ќе знае што треба да прави ) .. а со рушењето на рекордите од типот 41 година не тепале на олд трафорд .. допринесува тимот уште повеќе да паѓа психички. Никој не очекува трофеј од Мојс но ова што го прави со јунајтед е self humiliation ... да не може да тепаме дома и да не набутаат во шише противниците ( кој најголем успех во кариера им е играње во премиер лига )90 минути ... незнам !!!!
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.813
Поени од реакции
44.142
Сити и Челси ја ублажија тежината на овој пораз, така да, не знам. Знам дека сте многу напиздени, 2 пораза кои многу не уназадија, но не ги потценувајте Евертон и Њукасл.
Јас би кажал обратно. Челзи и Сити имаа тешки гостувања, кои може да се кажат и како планирани изгубени поени. Ние дома со Њукасл не сме изгубиле од 71ва. (ова буквално од тогаш) Мислам ме разбираш што сакам да кажам. :) Јас секако очекував бар една од двете да киксне, посебно Сити. И планирав Јунајтед да добие 3 поени и да се доближи. Затоа за мене е уште полошо што изгубивме. Оти овие стварно кикснаа, а нашите не знаеја да го искористат тоа. (без разлика што они играа после нас)
 
Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
2 пречки не се оправдување.
1. Недосуден чист пенал е оправдување.

2. Кажав и погоре, ке бидам загрижен, ако сме во фул состав, а не победуваме.

3. Ова со Ливерпул нема да го коментирам, тие 20 години не се мерило до каде е Јунајтед, не би требало ни сега. Мислам, потценувачки е тие да ти бидат било каков бенчмарк за успешност на сезона.
Кога менувавме генерации 2005-та, никој не беше среќен со второ место, затоа што сме завршиле пред Ливерпул кој завршил 5-ти...

Сити и Челси ја ублажија тежината на овој пораз, така да, не знам. Знам дека сте многу напиздени, 2 пораза кои многу не уназадија, но не ги потценувајте Евертон и Њукасл.
4. Убеден сум дека завршуваме во топ4 ако не не ебат повредиве до крај на сезона.
1. Aрсенал пред 4-5 сезони имаше такви утакмици во кои изгледаше дека ги мразат судиите. Ова во наводници секако, нели некогаш грешат за твојот тим некогаш за другиот. Затоа лани имаа најмногу сомнителни одлуки во нивна корист. Пеналот со Кристал Палас го памтиш сезонава. Значи доаѓаме до заклучок дека не може да биде оправдување.

2. Многу пати и под Фергусон, да не речам никогаш не сме биле со фул состав. Имаше сезона каде Видиќ отсуствуваше речиси 7 месеци, а Фергусон со Еванс направи тоа да не се осети ич. Никој од конкурентите не е со фул состав, не ги рачунам Сити кои имаат 25 квалитетни играчи.

3. Тоа со Ливерпул, нормално не ми беше кажано за успешноста на сезоната. Ќе биде смешно, верувај, ако завршат пред нас.

4. Сега веќе се претворате во Арсенал фанс. Само да ни е здрав (вметни рандом играч) и се бориме за титула/топ 2. Тоа е умешноста на тренерот, кога веќе секој може да предвиди дека ќе има проблеми со повреди(ретко кој нема де), да процени во текот на трансфер рокот кој играч може да заврши добра работа и како ќе се снајде. Абе чекај ако ми се повреди Керик шо праиме? Знам, ќе го пуштам Клеверли да ротира околу самиот себе, а и Џонс кој ако не му е природна позиција, страшен тандем ќе бидат. Тотално потфрла досега. Ќе има други шанси верувам, ама нема многу простор за грешки. Надвор од топ 4 да сме една сезона, да видиш како тоа парите ќе се смалуваат.

Знам дека играа и Клеверли и Џонс и кога Фергусон беше менаџер, ама до лани и Фердинанд знаеше да одигра феноменално, па Џонс можеше и десен бек и средина да игра. Не знам што е со Мојс, му остави Фергусон да си избере кој ќе земе среден ред, овој никој(да да Фабрегас). Дали сакаше уште од старт да се спореди колку е далеку од Фергусон или не знам.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.367
Поени од реакции
26.420
Следниве два натпревари ќе бидат доста интересни. Ако против Шахтар извадат Леверкузен тип на натпревар и си осигураат прво место во групата, а после против Астон Вила пак се мачат, тоа ќе биде показател дека играчите не сакаат некого. Затоа што оваа незаинтресираност на играчи кои лани на грб го носеа тимот е во најмала рака чудна.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500

само што играчите се вработени во клубот и се професионалци и најмалце треба на оние плати да искажуваат глупирања кога не треба.

Треба Мојс да постапи како Фергусон кога дојде тука. Избркај тројца четворица, закани им се на другите како што им направил на Робсон и Вајтсајд и ќе видите како се добива авторитет. А се мислам дека на лето ќе го направи тоа. Ко демек Фергусон го имал на почетокот тој авторитет како лани. Вака се добива. Исфрлај се на клоци што не чини макар те коштало трофеј.
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.885
Поени од реакции
21.818
само што играчите се вработени во клубот и се професионалци и најмалце треба на оние плати да искажуваат глупирања кога не треба.

Треба Мојс да постапи како Фергусон кога дојде тука. Избркај тројца четворица, закани им се на другите како што им направил на Робсон и Вајтсајд и ќе видите како се добива авторитет. А се мислам дека на лето ќе го направи тоа. Ко демек Фергусон го имал на почетокот тој авторитет како лани. Вака се добива. Исфрлај се на клоци што не чини макар те коштало трофеј.
нас нема да не кошта трофеј туку место во премиер лига.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
нас нема да не кошта трофеј туку место во премиер лига.
во очајнава лига како играме лошо и уште математиката не поддржава, глеј какви боси противници имаме, барем сезонава може да се пробуваат работи :)
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.367
Поени од реакции
26.420
само што играчите се вработени во клубот и се професионалци и најмалце треба на оние плати да искажуваат глупирања кога не треба.

Треба Мојс да постапи како Фергусон кога дојде тука. Избркај тројца четворица, закани им се на другите како што им направил на Робсон и Вајтсајд и ќе видите како се добива авторитет. А се мислам дека на лето ќе го направи тоа. Ко демек Фергусон го имал на почетокот тој авторитет како лани. Вака се добива. Исфрлај се на клоци што не чини макар те коштало трофеј.
Јас само шпекулирам. Затоа ќе ми бидат битни наредниве натпревари. Ако Перси, Видиќ и Евра против Шахтар изгинат на терен и не направат ниедна грешка, а после против Вила пак си трчкаат тоа ќе се случи по втор пат сезонава. И тогаш дефинитивно не е случајно.

Во таков случај дали клубот би застанал на страна на играчите или тренерот е малку покомплексна одлука. Чарлтон во Ферги видел визија за клубот и застанал на негова страна. Како гледаат Чарлтон и Ферги на Мојс денес, само тие двајца знаат.
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.885
Поени од реакции
21.818
во очајнава лига како играме лошо и уште математиката не поддржава, глеј какви боси противници имаме, барем сезонава може да се пробуваат работи :)
а што пробува мојс освен јанузај кој и онака саф го најави ланската сезона ? една иста тактика едни исти играчи исти глупи измени .. заха го снема , кагава исто ... јасно е дека после 1000 неодиграни натпревари истите ќе бидат очај кога ќе заиграат.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
а што пробува мојс освен јанузај кој и онака саф го најави ланската сезона ? една иста тактика едни исти играчи исти глупи измени .. заха го снема , кагава исто ... јасно е дека после 1000 неодиграни натпревари истите ќе бидат очај кога ќе заиграат.
затоа викам Алекс, зошо не пробува, мора радикални промени да има :)
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.802
Поени од реакции
5.586
мене ми мириса на ремонт овдека, а и Мојс мора да прави вакви очајни измени зашто толку дозволува квалитетот кој го имаме на средина. Коа не игра кагава зашто не игра, коа игра се гушел и не бил за ПЛ. Коа не играше заха зашто е тоа така, сеа зашто играл. И така може до сабајле стално има некој од кој сте разочарани. А не согледувате дека не е цел тим толку слаб колку што е очајна средината и мн важно да не заборавиме дека се приметува оти дел од играчите ги боли господинот што мојс сака од нив они си свиркаат. Ма земи се тоа избркај од тука и пушти младина бе, иди прашај го САФ дали со младинци не се освојува титула.
 
Член од
13 март 2009
Мислења
1.968
Поени од реакции
1.868
Абе да ги вратиме М.и В. Кин, Пауел, Лингард од позајмица,нека изигрет по некој натпревар, барем првотимско искуство да добиат и од наредната сезона да рачунаме и на нив :)
 
Член од
21 ноември 2008
Мислења
1.651
Поени од реакции
1.597
Абе да ги вратиме М.и В. Кин, Пауел, Лингард од позајмица,нека изигрет по некој натпревар, барем првотимско искуство да добиат и од наредната сезона да рачунаме и на нив :)
Така, и со децата џам ќе свиткаме ;)

Инаку воопшто не сум нервозен/лут/разочаран по поразов, очекував вакво нешто. И мене ми е криво што Мојс си го добива а не некои идиоти доле на теренот. Ова е тежок период за клубот, барем ќе се прочисти од глори хантерс. Пак ќе пишам, не се правете стручњаци и верувајте му на дедо. Кога тој вели да се поддржи новиот тренер, да го направиме тоа.

Сите што мислат дека Мојс треба да си оди, ме интересира кој тренер би го донеле за рок од 2-3 дена?
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.813
Поени од реакции
44.142
Јас само шпекулирам. Затоа ќе ми бидат битни наредниве натпревари. Ако Перси, Видиќ и Евра против Шахтар изгинат на терен и не направат ниедна грешка, а после против Вила пак си трчкаат тоа ќе се случи по втор пат сезонава. И тогаш дефинитивно не е случајно.

Во таков случај дали клубот би застанал на страна на играчите или тренерот е малку покомплексна одлука. Чарлтон во Ферги видел визија за клубот и застанал на негова страна. Како гледаат Чарлтон и Ферги на Мојс денес, само тие двајца знаат.
Перси денеска беше очаен, ама најверојатно ради повредата. :) Знам дека имало шпекулации демек сакал да си оди, за тоа не играл, бла бла.. Ама не ми се верува. Па најсмешната што ми ја прочита татко ми пред саат време, ќе се враќал во Арсенал. Да бе, он се посера кога им даде гол, ќе се враќал таму. :D

Евра секогаш си бил таков.. За Видиќ не знам, можеби полека го престигаат годините и него. :(
 
Kajgana Shop

На врв Bottom