Бабини деветини, суеверија

  • Креатор на темата Креатор на темата ogi_bt
  • Време на започнување Време на започнување
Се ми се чини дека нај суеверни се оние со нај нечиста совест.
 
Кога поминуваш покрај Старо Купуем - скриј ги прстите и забите, зошто колку прсти и заби ќе ти изброи - за толку дена ќе умреш.

Имаше и некое суеверие за ако ја јадеш главата на рибата - ама не ми текнува што беше





Ја ова го знам, ако гребеш по тањирот, ќе ти врне на свадба :D


Филот од тортите толку многу го гребев со лажица, што ако беше ова точно, требаше да има поројни дождови на мојата свадба, а не да биде +40 :)
 
Филот од тортите толку многу го гребев со лажица, што ако беше ова точно, требаше да има поројни дождови на мојата свадба, а не да биде +40 :)

Лажеш! Си палела ќибритчиња во вода за да ти биде сончево. :icon_mrgr:
 
Лажеш! Си палела ќибритчиња во вода за да ти биде сончево. :icon_mrgr:


Хахахахах... Не бе сум плукала под прозор :pos:
--- надополнето: 3 декември 2013 во 01:59 ---
Ако црна мачка поминува по патот, значи дека животното оди негде :pos:
 
Можам да речам дека сум суеверна по ептен малку. Секогаш а ме зачеша левата рака, а бе батко пари ми стигнуваат од некаде за ден два. И тоа и пари кои не сум ги очекувала. И ај сеа не биди суеверен. :D
 
Абе не се смеј, жива вистина. Само не знам како му објанила на попот, против што да пее.:D

Замисли попот се спремал за Егзорцизам, и кога пошол во куќата, што ќе видел... :facepalm:
 
Дедо ми нон-стоп замараше да не сум шетала по "глува доба". Тоа било период од 11:45 до 12:15 по полноќ. Тогаш шетале самовилите и си го земале данокот за загубените деца. Ништо не сфаќав што збори ама ми наби страв како мала, зошто таква самовила една ноќ во 12 го турнала него од скали.
После многу време кога тој почина ми кажаа дека таа ноќ самовилата кога го турнала тој бил толку многу пијан што заборавил дека имаме тараса и скали, па сол се направил паѓајќи. Умре со бастун и вештачки колкови.

Уште сум му лута што толку многу години брзав да заспивам пред 12.
 
Тој период на глува доба и мене ми го напоменуваат. "Еј не си иди 15 до 12 е , или чекај да помине 12 и 15 па после фаќај патот."
А ако не ги послушам, следи .." aко веќе тргаш не поминувај низ раскрсници", е не бе ќе ги прерипам.
 
А кога цигани пеат на јадење, што им викаат од дома, што ќе земат?
--- надополнето: 3 декември 2013 во 13:37 ---
Абе не се смеј, жива вистина. Само не знам како му објанила на попот, против што да пее.:D


А чекај, самовилите нели беа добрите?
 
За мене најјакото суеверие е дека ако те чеша лева рака ќе земеш пари.
Абе периодов ме утепа од чешање левата рака, а отидов у дебел минус, и не можам да погодам ливче на спортска. :pos: Доста јако суеверие нема што. (y)

Исто и мајка ми кога ќе ми каже да не сечам нокти навечер, само преку ден се сечеле, или лебот да не го ставам на маса наопачки, не било убаво према Господ така да правиш со јадење. :facepalm:
 
Кога си на гости некаде и сакаш да си одиш пред 12ч вечер и домаќините ти викаат дека треба да останеш барем да помине 12 , да почнело нов ден :D , а врска немам зошто.
 
Ко ќе умре некој да си бидеш дома пред 12 ноќе, да се чудиш во селската корпорација како се празни пола кафана во 11ипол :icon_mrgr:

Ако те чеша носот ќе се караш со некого. Да не ја ставаш ташната на подот. Ако кинисаш за некаде (на пат) да не метит никој зад тебе. Ако брчиш со устата ќе заврне. :icon_mrgr:
 
Се согласувам, истите суеверија се инспирација за македонските народни приказни и им дава посебен шмек. Но друже реално гледано, се што е претерано не е симпатично, ја губи смислата. Убавината е во мистериозноста. Јас лично не верувам во бабини деветини, но слатко ми е да ги слушам. Подобро да се смееме, отколку да се плашиме од истите зарем не?
Далеку од исмевање.


Не дека јас верувам оти ако сечам нокти после зајдисонце ќе станам вампир или ако пијам вода стоејќи на праг нешто лошо ќе ми се случи. Нити пак би ги избегнувал овие дејства онака за секој случај, да не случајно испадне дека се вистинити.

Но секогаш кога ќе се најдам во ваква ситуација ми текнува на овие верувањата, ми текнува на бабите и дедовците што ми ги кажувале, ми се навраќаат спомени за нив и помислувам на нивниот живот и на оние пред нив и на тоа што би ги натерало да ги створат. И можеби навистина ќе се тргнам од прагот, чисто од некаков вид на почит.

Тоа е нешто што не сакам да го изгубам.

Во ред е да се смееме на бабините деветини, се додека ги паметиме, но со потсмев можеби делуваме ретроградно кон нивниот спомен.
 
А кога цигани пеат на јадење, што им викаат од дома, што ќе земат?

Aко е млада ромка - Стеф ќе им дојде зет.
Ако е младо ромче - Веселинова.

И така...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom