Се гледа јасно каде Цеск врши највеќе работа, каде е најпродуктивен. И Тата како и Тито и Пеп претерува со лажната 9-ка во ситуација кога го нема Меси.
Вчера комотно можеше да почне да игра со Санчез во шпицот а Нејмар и Педро по крилата, со тоа што повремено ќе си ги менуваат местата.
Не ја бива со Бускетс, Иниеста, Чави и Цеск во исто време на терен. Башка што сезонава Иниеста не е на ниво од претходните сезони, има само повремени блесоци, на неколку натпревари одигра добро, али не е тоа тоа, не е тоа неговото ниво кое добро го знаеме. А, Чави веќе одамна ги нема тие килер пасови што фалат во играта на Барса.
Друго, Билбао вчера ни покажа како се игра пресинг, а не тоа што ние го играме последниве 2 сезони.