Бабини деветини, суеверија

Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
samo neka mi go objasnat ova so secenjevo nokti so e forata, valjda strav od kloniranje :D

....размисли како изгледало сечењето нокти пред 70 години....месечина, лоена свеќа или во најдобар случај газиена ламба, а алат за сечење рѓосан срп, стар нож или берберски брич....стави ги овие работи во комбинација и пресметај колкав е ризикот за прст помалку, гангрена, сепса, тетанус.....најдобар начин да спречиш вакво нешто е дејството да го прогласиш за табу....во спротивно секогаш имаш поединци кои сметаат дека можат да направат одредена работа и се пресамоуверени...па се случуваат проблеми

најголем дел од бабините деветини имаат логично објаснување во времето кога настанале...но многу од нив со тек на времето го изгубиле своето првобитно значење и останале како празноверие без соодветен темел

Бабини деветини кои имаат смисла и денес

Не подавај работи преку бебе - дури и на најсигурниот човек може нешто да му се лизне од раце и да го повреди бебето

Да не се оди кај родилка до 40 дена - причините се очигледни - истоштеност од пораѓајот, подложност на инфекции и слично - едноставно период за одмор на мајката и снаоѓање на семејството во новонастанатите услови

Не седи на праг - им сметаш на останатите во норманото движење

Не прескокнувај преку деца нема да растат - секому може да се деси да се лизне, направи погрешен чекор, се сопне и згази врз детето односно го повреди

не пеј (не зборувај) додека ручаш ќе се омажиш/ожениш за циган/ка - овдека циганот/ката сужи за заплашување и одвраќање од дејството, а самото зборување - пеење за време на оброк го намалува џвакањето на храната (лошо варење) и им пречи на останатите што јадат

за деца - не пиј кафе ќе ти никне опашка - опашката ја има истата функција како и циганката, а кефето и хиперактивно дете не е добра комбинација

деветини кои го изгубиле значењето

не сечи нокти навечер - објаснето погоре
не треси чаршав навечер - осветлување (месечина, свеќа, газиена ламба)...а во чаршафот може да има останато прибор за јадење, накит или слично....а под тарасата (прозорот) може некој да поминува и да му истресете на глава

не стој под стреа - стреите биле од камени плочи или црепови кои лесно можеле да паднат (немало олуци и слични нешта)

не шиј навечер - исто како и за ноктите - недоволно осветлување, можност за повреда и погрешно зашиено парче (а облеката била ретка и тешко се обезбедувала) - немале бабите теранова, шутка и останати извори на ефтина облека

не седи на ќош на маса - предходно тука на овие простори ретко се употребувале правоаголни маси туку округли софри или трпези - со воведување на правоаголните маси лушѓето морале да се справат со ќошот - тој што седел на ќош се чивствувал пообесправено од другите и јадењето кое било на средина за него било подалеку

не чини помладата сестра да се омажи пред постарата - на времето кога поголемиот број од браковите биле договорени мажењето на помладата сестра пред постарата значело дека со постарата не е нешто во ред и ја чека судбина на стара мома - но денес поради ова многу родители им го упропастуваат животот на своите деца и тераат бесмислена традиција - не ги остават да стапат во брак се додека нивните постари браќа и сестри не го направат тоа

доколку бабините деветини имаат логичко објаснување и се применливи во денешни услови - треба да се почитуваат

а само доколку се сведуваат на НЕ ЧИНИ, а нема зошто нечини, треба да заминат во историјата и да се запомнат како културно наследство но да се избришат од секојдневниот живот
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Треба некој да напише книга која ќе се вика, Од ризницата на народната глупост.


кога одредена мудрост ќе ја извадиш од времето и просторот каде што настанала и упорно ја повторуваш без соодветни услови, станува глупост

....исто е и со религиите....во времето и просторот кога настанале биле новина и мудрост.....но постојаното повторување на ритуалите кои ја изгубиле смислата и раководење според нив после 1000+ години е глупост

....ако сите луѓе се раководеле и живееле како што живееле нивните дедовци и баби....ние денес ќе се шетавме со мало парче кожа врз гениталиите и стап со сечило од кремен на врвот во потрага по храна
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Трудна жена не смее да скине овошје или зеленчук од туѓа бавча без да каже, оти на местото каде што ќе се фати, детето ќе има нишан во форма на украдениот плод.

Родилка до 40 дена не смее да излегува од дома и спростените алишта не смее да ги стемне, да ги фати мрак.

После гостите што дошле на бебе, се бришат или се мијат бравите (тоа не знам зошто се прави, мислам дека е нешто против уроци).

До 40 дена во близина на креветчето на бебето се става метла за да може да се брани од ѓаволи.

Ако бебето нема 40 дена, а се смее, тоа значи дека го лажат ѓаволите.


ПС: потекнувам од семејство на големи неверници и сето тоа го имам чуено од трета рака, па слободно исправете ме ако ја утнав некаде.

Ако ме стави некој у потпис, ќе му се скара девојката/дечкото или ќе попие корпа.:pipi:
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Бабетини деветини, ама некои од нив се и вистини.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Прво ќе почнам со настанот што ме изреволтира со моиве "верници" по дома.
Седнавме да ручаме. Јадевме што јадевме и на крај мајка ми го собра чаршафот. Татко ми и рече да не го тресе навечер демек тоа носело лоша среќа, а чашката што лока е прекрасна среќа.. мдаа! Јас се изнервирав затоа што живеам во 21 век и немам намера да се замарам со празни муабети од типот рекла-казала. Демек немало да се ожениш ( јас па пукнат да се оженам ) ако тресеш навечер, немало тоа, немало ова, затоа била лоша ситуацијата дома. Добро се искарав и му реков ич не ме боли к*** и излегов надвор го истресов. Да не треба и гаќи цело време наопачки да носам за да не ми фрли мерак некоја вештерка? :ROFLMAO:
Друго, овие суеверија како што забележувам се почести меѓу верниците, а според Библијата и останати пропратни книги мислам дека е забрането. ( не сум верник, не ме интересира, не сум сигурен што пишува во некоја рандом книга)
И да еве ја дефиницијата за суеверие:
"Суеверие — празноверие, верба во празно, т.е. во ништо, верување во нешта кои не постојат, верување во невозможни работи; верување во постоење на Баба Рога; верување во постоење на вампири; верување дека црната мачка носи несреќа; верување дека бројот тринаесет сам по себе носи лоша среќа; верување дека со изговарање на точно определени зборови ќе оздравиме; верување во постоење на вештерки и уроци; верување во моќта на бајачите/бајачките и слично."
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Ех многу ги има кај нас поточно еве некои:
Ако насабјле некој те сретне прв со скрстени раце тоа значи цел ден несреќа ќе те следи
Ако прескочиш некое мало детенце тоа значи дека нема да расте големо :facepalm:
Скршено огледало = некој ќе почине,ќе те следи несреќа...
На свадба не се вози црна кола :facepalm:
итн...

Јас не верувам во вакви работи и многу ме нервираат кога ќе почнат со овие работи да ми кажуваат не го прави тоа тоа бидејќи не е убаво носело лоша среќа итн. :cautious:
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.666
Поени од реакции
8.719
Немој да седиш на ивицата од масата, нема да се ожениш ми рекоа, ја намерно зборував додека јадев и земав циганка, Who's the bitch now им реков на моите и до ден денеска нејќеме да се видиме... :icon_lol:
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Немој да седиш на ивицата од масата, нема да се ожениш ми рекоа, ја намерно зборував додека јадев и земав циганка, Who's the bitch now им реков на моите и до ден денеска нејќеме да се видиме... :icon_lol:

За ова јас знам дека баба ти нема да те сака кога ќе се ожениш.
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.983
Поени од реакции
12.620
Во книгите од Марко Цепенков еден куп има, еве скенирав две од деветтата книга - Народни верувања, кобења и обичаи:


Запазете ја формава за популарната игра Дама од истата книга - детски игри и играчки:

 

Kajgana Shop

На врв Bottom