samo neka mi go objasnat ova so secenjevo nokti so e forata, valjda strav od kloniranje
....размисли како изгледало сечењето нокти пред 70 години....месечина, лоена свеќа или во најдобар случај газиена ламба, а алат за сечење рѓосан срп, стар нож или берберски брич....стави ги овие работи во комбинација и пресметај колкав е ризикот за прст помалку, гангрена, сепса, тетанус.....најдобар начин да спречиш вакво нешто е дејството да го прогласиш за табу....во спротивно секогаш имаш поединци кои сметаат дека можат да направат одредена работа и се пресамоуверени...па се случуваат проблеми
најголем дел од бабините деветини имаат логично објаснување во времето кога настанале...но многу од нив со тек на времето го изгубиле своето првобитно значење и останале како празноверие без соодветен темел
Бабини деветини кои имаат смисла и денес
Не подавај работи преку бебе - дури и на најсигурниот човек може нешто да му се лизне од раце и да го повреди бебето
Да не се оди кај родилка до 40 дена - причините се очигледни - истоштеност од пораѓајот, подложност на инфекции и слично - едноставно период за одмор на мајката и снаоѓање на семејството во новонастанатите услови
Не седи на праг - им сметаш на останатите во норманото движење
Не прескокнувај преку деца нема да растат - секому може да се деси да се лизне, направи погрешен чекор, се сопне и згази врз детето односно го повреди
не пеј (не зборувај) додека ручаш ќе се омажиш/ожениш за циган/ка - овдека циганот/ката сужи за заплашување и одвраќање од дејството, а самото зборување - пеење за време на оброк го намалува џвакањето на храната (лошо варење) и им пречи на останатите што јадат
за деца - не пиј кафе ќе ти никне опашка - опашката ја има истата функција како и циганката, а кефето и хиперактивно дете не е добра комбинација
деветини кои го изгубиле значењето
не сечи нокти навечер - објаснето погоре
не треси чаршав навечер - осветлување (месечина, свеќа, газиена ламба)...а во чаршафот може да има останато прибор за јадење, накит или слично....а под тарасата (прозорот) може некој да поминува и да му истресете на глава
не стој под стреа - стреите биле од камени плочи или црепови кои лесно можеле да паднат (немало олуци и слични нешта)
не шиј навечер - исто како и за ноктите - недоволно осветлување, можност за повреда и погрешно зашиено парче (а облеката била ретка и тешко се обезбедувала) - немале бабите теранова, шутка и останати извори на ефтина облека
не седи на ќош на маса - предходно тука на овие простори ретко се употребувале правоаголни маси туку округли софри или трпези - со воведување на правоаголните маси лушѓето морале да се справат со ќошот - тој што седел на ќош се чивствувал пообесправено од другите и јадењето кое било на средина за него било подалеку
не чини помладата сестра да се омажи пред постарата - на времето кога поголемиот број од браковите биле договорени мажењето на помладата сестра пред постарата значело дека со постарата не е нешто во ред и ја чека судбина на стара мома - но денес поради ова многу родители им го упропастуваат животот на своите деца и тераат бесмислена традиција - не ги остават да стапат во брак се додека нивните постари браќа и сестри не го направат тоа
доколку бабините деветини имаат логичко објаснување и се применливи во денешни услови - треба да се почитуваат
а само доколку се сведуваат на НЕ ЧИНИ, а нема зошто нечини, треба да заминат во историјата и да се запомнат како културно наследство но да се избришат од секојдневниот живот