Ако си крпиш(шиеш копче на) алиште кое во моментот го носиш задолжително да си ставиш конец в уста за да не занемиш.
Бабините деветини најчесто се остаток од паганската вера, но и голем број индиректно сме ги примиле од нашите браќа и комшии Муслиманите.
На темава се изначитав за разни митски суштества од типот на самовили, сеништа и разни злодуси. Сите овие суштества можеби и постојат, не велам не, но ако постојат се знае што се. Тие се паднати ангели(демони) кои примаат разни облици само за да ги излажат луѓето и ги оттргнат од патот кој води кон Царството Небеско. Кога тие можат да примат облик на разни светци кои ги мачат луѓето, тогаш тие можат да примат облици на разни лажебогови и лажебожици, на самовили и други митски суштества.
Треба да знаеме дека сторенија и нагазенија ги фаќаат оние кои што се далеку од Бога и заборавиле на Неговото Име и на Неговата Црква. Оние кои се Бога и кои ги примаат редовно Неговите свети тајни, нив паднатите ангели ништо не им можат и нормално е да им се потсмеваат на оние кои место од Бога се бојат од неговите непослушни слуги. (Тоа доаѓа како јас да се плашам од некој службеник, а притоа министерот, раководителот и шефот ми се пријатели)
Вештерките и вештерите и тоа како постојат и сме ги виделе. Тие се бајачите и гатачите, кои место на Бога му служат на Сатаната и неговите слуги. Е сега да летаат на метли уште не сум ги видел, ама ништо чудно и тоа да се има случено и да се случува. Страшно е да играш оро со Натемаго.