Купување преку интернет (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Josifoskii
  • Време на започнување Време на започнување
Пази со овој нема никаков фидбек. Ни производот ни продавницата. А башка е и сумљиво што ти дава фри шипинг преку УПС што е скоро невозможно. Мој совет е да не го нарачуваш овој. Најди некој со добар фидбек. Јас чекам во секој момент да ми стигне телефон од пошта па ќе објавам како сум поминал со царини и даноци

Видов тоа покасно малце. Башка кај продавачи со добар review телефонот е 30-40 долари поскап. Ова ептен сумљливо ми е.
Баш ме интересира да ми кажеш како си поминал.
Види јас не се надевам дека нема да ме репнат на царина, финтата ми е да знам точно колку ке ми земат т.е да ми рачунаат по цена која сум ја платил а не да ме репнат од око по некој каталог и да ми испадне повеќе да платам за царина него ли за телефонот.
Пиши штом поминеш на царина.
 
Веќе пишував, али ете пак да споменам, за 1 телефон царината ми побараа да доставам фактура или потврда за плаќање, јас побарав од кинезот и тој ми испрати, па ја поднесов, но не ми ја признаја, потоа им дадов препис од интернет плаќањето од банката, и на крај ми пресметаа основица многу повисока и од фактурата и од банковата потврда, така да никој не може да ти каже унапред колку ке платиш данок на цариниците, велам данок пошто тоа најчесто се плаќа, додека царината е или 0 или 5 отсто, а данокот 18%. А можно е ако стои име на некој бренд на телефонот а не е оригинал и да го конфискуваат, исто како што е можно (и најчесто) воопшто да не го отворат пакетчето па макар било и галакси ноте внатре
 
Значи поскапана држава од нас не постои.
Шупакот на европа сме. У пм, башибузок.
 
баш ме интересира и мене како ќе помине мекселес на царина :unsure:
 
Здраво дечки!
Имам едно прашање до тие што веќе нарачале нешто од aliexpress :)
Ја не сум ја ако не избрзам нешто ...како што го читам форумов така мислам дека згрешив ...нарачав од 17 различни продавници се надевам дека све ќе стигне :) но не приметив дека уствари едното ми е од продавач што нема ни еден feedback ....:oops:http://www.aliexpress.com/item/Prom...V-Gel-Nail-Art-Tool-Kits-Sets/1486801412.html
и колку посто сум се зезнала ? :eek:
И друга работа немам ни една нарачка над 45 е што значи не би требало да плаќам поштарина ?
 
Не сум порачувал од aliexperess сеуште, така да ова е само мое мислење.
Не мора да значи ако нема рејтинг тој што продава дека е лош. Сите што имаат добар рејтинг некогаш почнале без рејтинг.
Ако си ги порачала сите ствари во еден пакет сигурно ќе те репнат царина, ако ти идат 17 прозиводи еден по еден не би требало но зависи од среќата и мислам дека зависи што си порачала.
Ако е големо пакување, пакет огромен и 2 долари да е по мое ќе те репнат, толку капацитет имаат да сватат кај нас царината дека можеш да најдеш нешто ефтино или на попуст.
Ако е елекроника, и за тоа мислам дека ќе те репнат.
Е сега, за шминки и парфеми појма немам.
 
Здраво дечки!
Имам едно прашање до тие што веќе нарачале нешто од aliexpress :)
Ја не сум ја ако не избрзам нешто ...како што го читам форумов така мислам дека згрешив ...нарачав од 17 различни продавници се надевам дека све ќе стигне :) но не приметив дека уствари едното ми е од продавач што нема ни еден feedback ....:oops:http://www.aliexpress.com/item/Prom...V-Gel-Nail-Art-Tool-Kits-Sets/1486801412.html
и колку посто сум се зезнала ? :eek:
И друга работа немам ни една нарачка над 45 е што значи не би требало да плаќам поштарина ?
Ако е нов продавачот, нормално нема да има никаков фидбек. Тоа незначи дека си згрешила. Доброто кај алиекспрес е дека дека парите стојат кај нив, се додека ти не подврдиш дека си ја примила нарачката и дека е се во ред со неа. Дури тогаш продавачот ги добива. Така да нема начин продавачот да те зезне. А досега се што сум нарачал од таму било ок. Пу пу
 
Некој да каже дали стигат нарачки од thehut.com и одприлика за колку време би стигнале.
 
Ако си ги порачала сите ствари во еден пакет сигурно ќе те репнат царина, ако ти идат 17 прозиводи еден по еден не би требало но зависи од среќата и мислам дека зависи што си порачала.
Не од различни продавници нарачував :))) барем една работа ко што треба ја направив :))
иначе најскапиот пакет ми е 26,34 сега дали пошто тоа е ув лампа дали може да ја царинат?:unsure:
големината на пакетот е 40cm x 30cm x 20cm и тежок е 1.950kg
--- надополнето: 29 ноември 2013 во 19:40 ---

Сигурно ќе ти го отворат и ќе видат што е а патем и ќе ти го царинат дека е тежок ..
 
Да не знаете одприлика колку ?:unsure:
--- надополнето: 29 ноември 2013 во 20:02 ---
Да не знаете одприлика колку ?:unsure:
 
Да не знаете одприлика колку ?:unsure:
--- надополнето: 29 ноември 2013 во 20:02 ---
Да не знаете одприлика колку ?:unsure:
E не знам како ќе ти го декларираат производот дали во електроника или некоја друга под група ... знам за облека е 32% царинска стапка и 18% ддв , за обувки е 25% царинска стапка и 18% ддв , за компјутери и телефони само 5% се плаќаше ддв , за тоа не знам .
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom