За Хубо нека не ве чуди ако е ист уред за многу поголема цена, се што продаваат е со значително поголема маржа од било каде.
...nadvoresnata e vo hodnik od trgovski ne e bas nadvor na otvoreno ama ne e ni topol hodnikot tuku e promaja.
Тоа и не е толку лошо, зголемен проток на воздух ја зголемува ефикасноста на надворешната единица. Топлината се зема од воздухот, колку побрзо тој локален воздух е сменет со нов, толку поефикасен е трасферот на енергија.
Во превод, добро е што дува во пролазот.
Затоа и не функционира идејата со надворешна единица во подрум. Исклучоци има, во случај на внатрешни простории со огромен воздушен волумен, ама за тоа нема да зборувам.
@Vanlok i dr. se uste ne mi ja resija ovie od Zorba, kogaj da se javim vikaat "utre doadjamo", mi se smacilo i da gi baram povece, ja imam novata vnatresna vo paket kaj mene i sam ce ja smenam so lokalen majstor pa neka izgubam i garancija i se bidejci i ova ne moze da se narece garancija. Klimata ne moze da postigne povece od 20c vo ducance od 13mk2 vklucena od 8.30-17h.
Tie sto kupile od Zorba Hansoli i Change neka mu ja mislat a tie sto ne kupile neka DOBROO razmislisat dali da kupat od niv.
Пријателе, ти велам јас гаранцијата на еден технички уред е важна исто колку у самиот уред. Или друкчије кажано еден уред е добар само колку што му е добра гаранцијата.
Во превод и најскапиот Даикин инвертор (воздух-воздух) од 3 илјади евра да го земеш, џабе ти е ако се расипе а гаранцијата не ти ја исполнуваат.
Сите производители, па и најдобрите во свет, си имаат процент на фалично производство. Затоа и служи гаранцијата, гарантниот рок од 3 години е доволно голем за да се исфилтрираат уредите кои не исправни.
За сервисот Зорба, срам да им е.
Никој бе не го интересира колку они се зафатени. Се имаат нафатено на обврска, правно и легално формулирана преку заверен договор за гаранција. Ако заради обврски не можат тие да си ја завршат работата, нека ангажираат втор сервис и нека ти го средат проблемот во гарантен рок.
Мене не ми е јасно, зошто до сега не си ја ескалирал работава. Постои Државен пазарен инспекторат, пријави ги.
http://www.dpi.gov.mk/
http://www.dpi.gov.mk/images/stories/brosuri/Vodic-za-potrosuvaci.pdf
Требаше да уште летото да ги пријавиш кога виде дека те маткаат со месеци. Верувај дека нема им е сеедно, па и најголемите врски во државава да ги имаат, пак ќе треба да враќаат дебели услуги.
Стопати полесно им е да ти го решат проблемот, само кај нас се работи по линија на помал отпор. Те гледаат мирен човек, и го злоупотребуваат тоа.
Јави се во Државен пазарен инспекторат, прашај си што како. На крају краева, викни си сервисер од саглам фирма, нека ја заврши работата и кога ќе му платиш побарај му фискална сметка. На тие од Зорба не им ја давај фазла внатрешната единица се додека не ти ја подмират сметката.
Треба да направиме список од вакви компании што не работат како што треба. Тоа не мора да биде само заради неисполнување на обврски, како сервис Зорба. Еве јас би ги спомнал и генералните увозници за Фуџицу, Хидросет. Цените им се навистина пренамумпани во однос на цените на истите уреди било каде во соседниве земји Грција, Бугарија, Србија... (пред некој да ја спомне ЕУ, да нагласиме дека Србија не е во ЕУ а Фуџитсу таму е и по 30-40% поевтин). Цените на Фуџитсу во Македонија се единствена причина зошто не земав таков клима уред.
Хубо Маркет го спомнаа погоре, најверојатно имаат најскапи производи во цел град.
Вистина е дека Македонија не е голем пазар, ама па не сме ни толку мали за да не заебаваат вака со ненормално поскапи цени за се што го увезува само една фирма.
Така да луѓе, кој што има да се пожали на некоја фирма или сервис... пишувајте, да разменуваме искуства и да сме свесни што е што. Којзнае, можеби и ќе придонесме малку за да се сменат работите.
Еве штом тие од Зорба слушнале дека ги пишуваме тука на форумов, не им е сеедно чим ти се пожалиле да не ги срамиш. А треба да ги срамиш, кога за неколку месеци ќе се направи цела година како не ти решаваат проблем со нов уред кој од старт никогаш не проработел како што треба. Твојот дуќан од 13 метри квадратни ќе го загрее и прозорска клима од 2 киловати, ако е исправна.