Чудна утакмица, многу. Ама се радувам затоа што победивме со три гола разлика ( за чудо), на гостински терен против Вест Хем.
Не бевме којзнае колку подобрени за разлика од минатите натпревари, ама некои сегменти беа поправени. Одбраната беше добра денес, имавме неколку добри акции кои произлегоа најчесто од контри и бевме конкретни и шутиравме, што не беше случај претходно. И тоа од различни позиции, алелуја.
Друга работа, стратниве 11 од Мурињо, од коло во коло се попромашени. Мата мораше да игра, не мораше наместо Оскар, еве можеше наместо Хазард. Хазард е изгубен, мора да седне на клупа. Ја нема таа слобода од лани, Мурињо премногу го уназадува засега.
Инаку Оскар имаше добра партија, убав гол, многу паметно мислеше во моментот.
Лампард, овојпат одличен, нема место за критика. Кога игра понапред, на позицијата на која играше 10 години, а не задњи везни, тогаш е многу покорисен. Се виде тоа на утакмицава.
Азпи добар, ако продолжи вака ќе му го земе местото на Кол, пофалби и за Микел. Постабилен е средниот ред на Челзи кога тој е на терен.
Ама, има едно ама. Многу затворена беше формацијата од Мурињо. Криво ми е што имаме толку креативни играчи, технички потковани, а само двајца од нив се наоѓаат во почетните 11-мина. Мора Мурињо многу похрабро, има таков ростер, штета да не се искористи тоа.