Менаџерот на Челси го пофали својот голман Петар Чех истакнувајќи дека во моментов е најдобар во светот, но не го заборави ни младиот Тибо Куртоа.
Тибо Куртоа веќе трета сезона е на позјамица во Атлетико Мадрид, но Жозе Мурињо покажа дека не го заборавил.
“Ние сме многу добри кога е во прашање голманската позиција. За нас брани Петар Чех, најдобриот голман во светот. Мислам дека Чех со нас ќе биде уште долго време, тој сега поминува низ најдобриот период во неговата кариера”- изјави Мурињо.
Новинарите ги интересираше што Мурињо мисли за Тибо Куртоа кој брани во неверојатна форма.
“Нема сомневање дека тој е најдобриот млад голман на светот. Неговиот договор со нас истекува за две години и имаме целосна контрола на ситуацијата”- истакна португалскиот стручњак.
За младиот голман кој е на позајмица во Атлетико интерес покажа Барселона, но Атлетико сака да го задржи во своите редови.