Не знаев, тотален дудук сум за женскиов ракомет последниве години, чат пат само глеав.
Првите 2-3 меча кога ја глеав си реков не е ништо посебно оваа, но тогаш ја форсираше Индира во напад. Сеа во одбрана се гледа какво играчиште е, таму го дава максимумот.
Потегов на Индира да игра без Лекиќ у прво беше ризик реално. Но секој шизик иде на ризик, и тоа е честа одлика на големите тренери у спортот. Сега и се исплатеше, влезе велемајсторката и им лупна 2 гола за одлепување! Иако после играше слабо за нејзини стандарди у поглед на голови, сепак од огромно значење е за тимот во напад. Откако влезе се разигра и Јованка, се изнадава асистенции и кон Хмирова!
Неверојатен тим е ова, мислам дека индивидуално е и сега на ниво на тој на Кометал. Противникот не знае да се брани кога имаш вакви играчи, од секаде фури. Радичевиќ само еден гол (од еден шут) до 35 минута, после дава седум.
A и за одбраните на Суслина беше многу заслужна одбраната. Ги форсираа на шутеви од надвор кои најчесто завршуваа по средина на голот. Сума сумарум, перфектен меч, доминација!