Исхрана - првиот клучен фактор за постигнувањето на атлетско тело

  • Креатор на темата Креатор на темата Myers
  • Време на започнување Време на започнување
Штетно е :D ограничи се на една жолчка денот,пошто холестероло до небо ќе ти се качва,а и доста масти има во жолчката.
 
Те излажале, не влијае егзогениот холестерол толку врз холестролот во крвта, посебно не кај активни индивидуи. Јас јадам по 12 жолтки неделно, денес баш бев да дадам крв холесеролот и триглицеридитие ми се во нормални граници.
 
Океј ама 6 жолчи дневно ми е прилично многу,ај да не е за холестеролот,има некое високо ниво на масти.
 
Ако ти е калкулиран внесот на мастите од жолчки нема никаков проблем и да се 6 дневно.

Студиите кои докажуваа како холестеролот од жолчките е штетен одамна се заменети со нови кои го докажуваат спротивното.

Впрочем, и јас јадам негде по 4-5 цели јајца на ден веќе години уназад и досега не сум имал проблеми со покачен холестерол.
 
Има причина зашто не си зголемил процент на масти додека си се обидувал да одржуваш форма, а во исто време си користел различни видови на ЈХ во исхраната.
Се си има свое, време и начин на употреба. Само, СЕ не реагира на ист начин на организмот и тој реагира различно на внесување на различни намирници, дури и на внесување на исти намирници, во случајот ЈХ, но од различен вид. Сето тоа доведува до одредена ситуација и промена во нашиот изглед.

Можеби не реагираат на ист начин во организмот, но до промена на изгледот кон подобро нема да дојде само поради тоа што се внесува подобра алтернатива на ЈХ. Молекула на глукоза е молекула на глукоза, сѐ се сведува на тоа.
 
Исто како да си рекол, нафта е нафта ;)
Значи, кога се работи за крајниот продукт, во овој случај глукозата, сите молекули нејзини се исти без разлика од кој тип на ЈХ доаѓаат. Но, разликата е во процесот на нивно формирање. Тоа преставува проблем и за изглед, форма, сила, енергија ...
 
Колку и какви овошја се дозволени за дијабетичари ? Нешто да ми препорачате што да јадам што да не јадам, чисто онака на кратко.
И дали е добро за човек со покачен шеќер да оди у теретана. Ако да, ќе може тука да ми препорачате некој план за вежбање/некоја програма?
Фала ви, поздрав!
 
Исто како да си рекол, нафта е нафта ;)
Значи, кога се работи за крајниот продукт, во овој случај глукозата, сите молекули нејзини се исти без разлика од кој тип на ЈХ доаѓаат. Но, разликата е во процесот на нивно формирање. Тоа преставува проблем и за изглед, форма, сила, енергија ...

Калоријата си останува иста, единствено нешто што е проблем е тоа што може да се внесат повеќе едноставни ЈХ поради нивното брзо разложување и добро познатиот вкус кај повеќето намирници. Самиот процес на формирање на молекулите не верувам дека доведува до некоја разлика.
 
Голема грешка во чекори кои ја прават почетници. За да ти објаснам сега каде ти е грешката, треба од почеток да ти кажам се за ЈХ, нешто што е потребно да се научи пред да се делат совети. Според тебе, луѓе може да прават форма и со шампити, тулумби или баклави, само ако се задоволат потребниот број на калории кои сте ги пресметале на дигитрончето...
 
Калоријата си останува иста, единствено нешто што е проблем е тоа што може да се внесат повеќе едноставни ЈХ поради нивното брзо разложување и добро познатиот вкус кај повеќето намирници. Самиот процес на формирање на молекулите не верувам дека доведува до некоја разлика.
Разлика прави микронутритивниот профил, витамините и минералите што извори на прости ЈХ ги немаат. За општо здравје подобро е да се јадат сложени извори на ЈХ.
 
Не само општо здравје во прашање. Во прашање и најбитно е реакцијата на организмот и хормоните во него. Еднаш напишав дека за добар изглед најбитно е да се држи инсулунит во права линија во текот на целиот ден. Има само еден до два момента во денот каде ни е потребна висока концентрација на инсулин. А сите прости шеќери предизивкуваат висока концетрација на шеќер во крв, а со тоа и високо лачење на инсулин, со цел да се регулира тој шеќер во крвта. Инсулинот го регулира шеќерот во крвта на тој начин што го чисти и складира (ако има потреба како гликоген) или депонира во масти. Мора да се ослободи од него, во спротивно висока концентрација на глукоза во крв (предизвикана од немање доволно инсулин тоа да се изрегулира) доведува до болест, дијабетес.
 
Sakas da kazes deka ovosjeto koe site go smetaat za prost seker, a ima duplo ponizok glikemicen indeks od orizot,a voedno ponizok i od ovesot, ke go pottikne insulinot mnogu poveke otkolku orizot otkako ke se apsorbira za nekoj 2-3 saati ? Pa koja e logikata tuka.Da bidam poprecizen koga rekov ovosjeto mislev na cresi,slivi,jabolki, praski.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom