Може да се продолжи. На Т-Мобајл е 6 месеци пред истек (другар нон стоп така го продолжува), на ВИП е 3 месеци (јас се јавив, за мене да прашам). Јас се чудам, зошто првин во Близу ми рекоа дека неможе да го продолжам предвреме, а сега тие ми се јавуваат за продолжување. Секако дека несакам да ја испуштам можноста да го продолжам договорот и негде 2500 денари да платам помалце во тие две години, плус претплатата ми се намалува за 200 денари. Ама незнам што планираат да воведат новост. Пред две години кога го склучував договорот ги немаше спортклуб, а после 2 месеци ги воведоа во стандардниот пакет (поевтин од мојот за 100 денари), а доколку сакав јас да ги имам требаше да доплатам 100/200 денари. А сега да се префрлам не планирам, зошто најмногу користам интернет од пакетот, а со него сум генерално задоволен. Во овие две години дали сум имал 3-4 пати проблем со нетот, се си било во ред.