- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.397
- Поени од реакции
- 13.234
Морам да кажам дека статијата не е на место, 90% од нејзината содржина е селективна.
Како за почеток авторот/авторката/авторите потенцира(ат) дека намерно не ги спомнува(ат) Нинтендо бидејќи не направиле ништо откако го измислиле Super Mario.
Како тогаш продале над 100 милиони примероци од Nintendo Wii ?
Во статијата се потенцира разликата во цените на Xbox One и PlayStation 4 од 100 американски долари во Северна Америка, односно 100 евра во Европа, но не се потенцира дека Xbox One е поскап од PlayStation 4 бидејќи Kinect доаѓа задолжително со конзолата, додека PlayStation 4 доаѓа без PlayStation Camera, која може дополнително да се купи по желба. Во статијата се потенцира дека цената за нас како Македонци е пресудна, но воопшто не се спомнува дека додека цените на конзолите се различни, цените на видео игрите и за PlayStation 4 и за Xbox One ќе бидат исти и воопшто нема да бидат лесни за македонскиот џеб.
Но најнедокажано е тврдењето дека PlayStation 4 е за дури 50% побрз од Xbox One. Вистина е тоа дека мнозинството критичари, но уште поважно, мнозинството производители на видео игри, тврдат дека PlayStation 4 е полесен за дизајнирање и програмирање на видео игри и дека доаѓа со појаки перформанси во споредба со Xbox One и според мене лично, ова е факт кој не може да се игнорира.
Но од каде дојдоа со таа бројка 50% и со што ги потпираат нивните аргументи ?
Дали како за почеток, ги виделе и ги тестирале лично конзолите на некој саем или на некоја промоција ?
Xbox 360 се спомнува како конзола на Матрик и компанија, иако Дон Матрик почна да работи за Мајкрософт дури во 2007 година, односно дури 2 години откако Xbox 360 излезе во продажба, што потврдува дека Дон Матрик немал никаква поврзаност со дизајнот и пуштањето на конзолата во продажба во 2005 година.
Но додека од една страна се спомнува дека Дон Матрик беше генерален директор на Одделот за Интерактивна Забава на Мајкрософт, од друга страна пишува дека Кен Кутараги е генерален директор на Sony Computer Entertainment, додека во реалност Кен Кутараги замина од Sony Computer Entertainment уште во 2007 година.
Се на се, статијата е селективна и несериозно напишана, со речиси 0 (НУЛА) детали за PlayStation 4 и за Xbox One, статијата повеќе се фокусира на PlayStation 3 отколку на неговиот наследник.







