Овие камати за штедење што ги нуди Капитал банка дали се реални или само колку да привлечат клиенти па потоа КАПУТ
Капитал Банка АД Скопје | Тарифник за физички лица 15.07.2013
ПАСИВНИ КАМАТНИ СТАПКИ ВО ДЕПОЗИТНО
РАБОТЕЊЕ СО ФИЗИЧКИ ЛИЦА
Стандардни денарски и девизни депозити
РОК
МКД
ЕУР
УСД
ЦХФ
ГБП
КАД
АУД
ДРУГИ
По видување
0,10%
0,10%
0,10%
0,10%
-
-
-
-
на 1 месец
1,50%
1,10%
0,60%
0,30%
2,00%
1,50%
2,75%
договор
на 3 месеци
2,75%
1,75%
0,70%
0,45%
2,25%
1,70%
3,00%
договор
на 6 месеци
3,50%
2,25%
1,00%
0,60%
2,50%
2,00%
3,25%
договор
на 9 месеци
4,00%
2,50%
-
-
-
-
-
-
на 12 месеци
4,75%
3,00%
1,50%
1,00%
3,25%
2,60%
4,00%
договор
на 24 месеци
6,00%
3,50%
1,80%
договор
договор
договор
договор
договор
на 36 месеци
6,50%
3,75%
2,20%
договор
договор
договор
договор
договор
на 48 месеци
7, 0 0 %
4,00%
-
-
-
-
-
-
на 60 месеци
7, 5 0 %
4,50%
Па јас не гледам дека во споменатата банка се нешто поатрактивни каматниве стапки за депозити!? Во Тутунска (НЛБ) на пр. на 24 мес е 6,8% (зборуваме за моментални)
Од твојава табела не се гледа нешто многу ама на нивниот сајт
http://capitalbank.com.mk/upload/tarifnici/Тарифа физички лица 15.07. 2013 - мкд.pdf
гледам дека на 12 мес во ден... 4,75 на 24 месеци депозити.... 6% годишни камати!
Да пропаднат? Да! Можат како се што може да пропадне но не како и во ТАТ бидејки за влогови до 30,000 Евра гарантира државата, но како реков и таа може да пропадне!
А да можат по третиот месец на рочност да речат оп-стоп! Не важи веќе 6 (7-8% што јас не ги гледам) но може и да се прекине договорот и повлече долгот или да се префрли во друга банка! Е сега грдо е ако тоа се случи 23 месец од рочноста! Секое инвестирање па и ова е соочено со ризици! Ризик секако може да биде и девалвацијата на пример... Но за да се избегне овој првиот ризик за енормен пад на каматите, затоа пак се повлекува секој месец од каматата (без капитализација!) тоа го овозможуваат повеќето банки... Па и да рикне таму 23 месец со ептен ниска камата!
Со инфлација од 2,3% (оваа) 2% предвидувања на Боге, за идната... Боже мој, па 7-8% камата те 5% профит (ако ја одземеме инфлацијата)... незнам каде на друго место ќе се земе па и толку малку за да се помине кризава - рецесија која трае веќе 5 години... Во реалниот сектор? ИЧ!... На берзата? Мртва е и секој ден тоне... во инвестициски фондови? И тие тонат со берзата! Каде на друго место? Со одгледување на Paulownia Elongata?

Нема бегање, сите сме во еден котел! Ако пропаднат банките пропадна се! Како би се поделиле во тој сл. плати за 200 000 јавна администрација и уште толку пензионери!? Со парите од крш-економијава? Но! Ако тргне извозот со излез на ЕУ од рецесија кој е најавен за 2014-15, ако почнат да одат бродовите и контејнерите на ФЕНИ, на Минчев и Џонсони на квадрат, шлеперите со текстил од лон или не-лон текстилците производителите на мода те готов текстил (како ќерката на Живко-Жикол)... ако растот на економијата отиде над 5-6% ако се намали јавната потрошувачка, но ако се зголемат побарувачките за кредитирање, како на малото уште повеќе на големото стопанство извозно ориентирано, се зголеми побарувачката на кредити за широката потрошувачка... ако, ако ако.... е тогаш каматите можеби ќе станат атрактивни!? Нели по законите на пазарната економија. Се дотогаш - ТИЊА! (како и се останато)
,