НБА Сезона 2013/2014

  • Креатор на темата Креатор на темата grande-juve
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во сезоната 2013/14?

  • Бостон Селтикс

    Гласови: 2 2,5%
  • Њујорк Никс

    Гласови: 2 2,5%
  • Чикаго Булс

    Гласови: 17 21,5%
  • Мајами Хит

    Гласови: 17 21,5%
  • Сан Антонио Спарс

    Гласови: 9 11,4%
  • Индијана Пејсерс

    Гласови: 1 1,3%
  • Хјустон Рокетс

    Гласови: 1 1,3%
  • Оклахома Сити Тандер

    Гласови: 8 10,1%
  • Денвер Нагетс

    Гласови: 2 2,5%
  • Лос Анџелес Клиперс

    Гласови: 5 6,3%
  • Лос Анџелес Лејкерс

    Гласови: 6 7,6%
  • Голденс Стејт Вориорс

    Гласови: 0 0,0%
  • Бруклин Нетс

    Гласови: 2 2,5%
  • Атланта Хоукс / Перо Антиќ

    Гласови: 6 7,6%
  • Мемфис Гризлис

    Гласови: 1 1,3%

  • Вкупно гласачи
    79
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Нека се закопат уште сега овие Њујорк . Шарлот во среде Медисон Сквер Гарден напад не промашува . 47 поени за 18 минути .
--- надополнето: 6 ноември 2013 во 02:32 ---
06:56 Hardaway Jr. Layup Shot: Missed

06:30 Hardaway Jr. 3pt Shot: Missed

и овоа не знам шо се замислува , претерано шутира . Не значи дека ако е син на бивши играч во НБА негова е лигата !

Ги гледаш ли утакмиците на Њу Јорк или така само колку да се каже нешто.Целата екипа не игра на ниво иначе малиот е страшен потенцијал.Мене ми остава одличен впечаток за сега еден од подобрите руки годинава.
 
Ете колку се добри и силни Никси сезонава , а Марли пред неколку недели пред да почне сезоната пишуваше Никси се подобри од Индијана и дека имаат поголеми шанси во плеј оф Никси од Индијана . Индијана лани излезе во плеј оф пресметка со Никси како победник а Индијана лани имаше послаб тим со послаба клупа а Никси лани имаа подобар тим а сега многу им фали Џејсон Кид , Кид не трошеше многу топки но знаеше да ја смири играта и да асистира и не губеше многу топки а секој меч ќе украдеше по некоја топка и со тоа го надоместуваше колку толку она што ќе го изгубеа на терен Кармело Ентони и Џеј Ар Смит . А сега ќе немаат играч со искуство како Кид , а Мело , Смит и компанија слободно си шутираат и губат топки колку сакаат . Никси ќе влезат кај и да е во плеј оф ќе бидат 6 до 8 , ги вади тоа што се на исток да беа на запад ќе им висеше играњето плеј оф но како и да е ќе испаднат во 1 коло во плеј оф затоа што немаат шанси против ниту еден од овие 4 тима : Мајами , Индијана . Чикаго и Бруклин . Со ваква игра тие на терен делуваат како индијанци . Барњани не може скок да фати па макар од тоа да му зависи животот , Стодемајер и да е потполно здрав тоа ништо не вреди Вудсон го држи на клупа бидејќи Стодемајер и Мело воопшто не функционираат кога се на терен и гледа што помалку да ги држи заедно во игра . А сега без Чендлер ќе бидат и послаби . Од Њујорк не само Детроит , дури и Вашингтон е веројатно подобар моментално .
 
Вудсон не е материјал за прв тренер на тим со шампионски предиспозиции, он треба да е помошник во ваков тим, нешто слично на Мајк Браун компирот.

А за Харден, ете ви на дело што играч е, од видеото на Ванлок. Трубев ја нешто лани дека ОКС направија исправна одлука што го пуштија, не е луд тренер Брукс. Ем беше преплатен ем имаа дупка во одбраната кога тој беше на паркет, а и во нападот знаеше да влезе во црна серија и да троши топки константно.
 
Harden е лош одбранбен играч тоа никогаш не било тајна. Ама затоа е топ 3 офанзивен играч во НБА и тоа е доволно за да биде клучен играч на потенцијално шампионски тим.

Steve Nash беше еден од најлошите одбранбени кошаркари во лигата цела кариера, па никому ништо 2 МВП титули има. Kobe последните 2-3 сезони е двојно полош и од Харден (иако претходно беше многу добар одбранбен играч). Anthony цела кариера е катастрофа во одбрана. Griffin е исто многу лош во одбрана засега.

Поентата ми е дека може да се биде многу добар играч и без да се биде којзнае каков во одбрана. Е сега нема дилема дека нема шанси да биде најдобар играч заради тоа, ама во соодветен тим може а има многу добри резултати. Подобар соиграч за Harden од Howard здравје. Уште да ја средат ситуацијата на плеј и на крилен центар и ќе бидат главни фаворити за титула во следните неколку сезони (за што не се сомневам дека ќе успеат бидејќи не треба многу а имаат еден куп интересни играчи и пикови за трејдање).

П.С. Трејдот имаше смисла за OKC пред се затоа што реално нив не им требаше играч како Harden (Martin повеќе им одговраше), а добија еден куп играчи и пикови за него од кои постепено ќе можат да си го склопат цел тим без притоа да имаат финансиски проблеми.

П.П.С. Апсолутно се согласувам дека Woodson не го бива за тренер на јака екипа. За Mike Brown ќе видиме, има шанси да се покаже сега во Кливленд.
 
Ех, ако е за ова што да се каже за човекот што ти е на аватар? :)
Не зезај, таква му е позицијата и улогата у тимот, нормално дека ке троши топки. А за одбраната, демек другите суперзвезди не се штедат у одбрана, самиот Коби го изјави тоа пред некој ден.
А ОКЦ се виде без него што тим се, барем малку да падне еден од КД или Вестбрук, отидоа јабана. Вестбрук се повреди, едвај една утакмица земаа со Мемфис, ни до финале на запад не стигнаа.
 
Сериозно го спореди Харден со Коби???? Ај прочепкај малце и види колку пати Коби завршил во дефанзивната петорка на крајот од годината. Харден е обична нула во секој сегмент кога човек би го споредил со Коби.
--- надополнето: 6 ноември 2013 во 16:11 ---
Harden е лош одбранбен играч тоа никогаш не било тајна. Ама затоа е топ 3 офанзивен играч во НБА и тоа е доволно за да биде клучен играч на потенцијално шампионски тим.

Steve Nash беше еден од најлошите одбранбени кошаркари во лигата цела кариера, па никому ништо 2 МВП титули има. Kobe последните 2-3 сезони е двојно полош и од Харден (иако претходно беше многу добар одбранбен играч). Anthony цела кариера е катастрофа во одбрана. Griffin е исто многу лош во одбрана засега.

Поентата ми е дека може да се биде многу добар играч и без да се биде којзнае каков во одбрана. Е сега нема дилема дека нема шанси да биде најдобар играч заради тоа, ама во соодветен тим може а има многу добри резултати. Подобар соиграч за Harden од Howard здравје. Уште да ја средат ситуацијата на плеј и на крилен центар и ќе бидат главни фаворити за титула во следните неколку сезони (за што не се сомневам дека ќе успеат бидејќи не треба многу а имаат еден куп интересни играчи и пикови за трејдање).

П.С. Трејдот имаше смисла за OKC пред се затоа што реално нив не им требаше играч како Harden (Martin повеќе им одговраше), а добија еден куп играчи и пикови за него од кои постепено ќе можат да си го склопат цел тим без притоа да имаат финансиски проблеми.

П.П.С. Апсолутно се согласувам дека Woodson не го бива за тренер на јака екипа. За Mike Brown ќе видиме, има шанси да се покаже сега во Кливленд.

Одговорот за Харден и трејдот во Хјустон го даде во П.С. :)
Затоа јас реков дека ОКС правилно направија што го трејдуваа Харден, едноставно он не може да функционира во тим со Вестбрук и Дурант, им се руши некако хемијата, бар според мене. Инаку Коби е тапа во одбрана последниве две сезони ради годините, паметен е човекот и ја користи секоја шанса за да го зачува своето здравје и сака да трае што подолго. А Хјустон треба уште леб да јаде за титула, и тоа многу, со тој кловнот што се смее и кога му води и кога му губи тимот со 50 разлика.
 
Сериозно го спореди Харден со Коби???? Ај прочепкај малце и види колку пати Коби завршил во дефанзивната петорка на крајот од годината. Харден е обична нула во секој сегмент кога човек би го споредил со Коби.
--- надополнето: 6 ноември 2013 во 16:11 ---
Wow, страшно ако сум го споредил со Коби :eek:
Не ми е поентата да го омаловажувам Коби, нити пак да го величам Харден, се знае на кој каде му е местото, сега за сега.
Друго, прочепкај и ти во нивните статистики па види кај бил Коби првите 3-4 сезони, скоро идентични им се бројките со Харден.
Значи, не викам дека ке биде како Коби или па подобар од него, ама не е крај на светот ако ги споредиме, никој незнае како ке се развива понатаму Харден.
Мене поентата ми беше во поглед на стилот на игра и трошењето топки, како што посочи ти, а ти се фати за тоа што сум го споредил со НЕСПОРЕДЛИВИОТ КОБИ :eek:

П.С. Крај на крај, колку само антиталенти у задњиве 20 години биле споредувани со МЏ, па и нарекувани ''новиот МЏ", па и не е толку страшно ако споредиме еден ол стар играч со Коби, нели? :)
 
За Харден-Коби дискусијата:

1. Споредувате двајца доста различни играчи (и од различна ера скоро) кои случајно играат на иста позиција. Јас не би ги споредувал освен во одредени детали.
2. Харден е цела кариера досега слаб во одбрана. Коби беше одличен одбранбен играч порано но последните 2-3 сезони и тој е многу слаб, најверојатно штеди енергија заради годините (ама дека минатата сезона на пример беше лош во одбрана, тоа е неспорно, кој гледал барем неколку натпревари на Лејкерс знае).
3. Харден е се само не трошач на топки. Поефикасен играч од него здравје. Треба дури и повеќе топки да троши. Еве една споредба од минатата сезона според TS% (True Shooting percentage) кое е до некаде најдобро мерило за ефикасноста во однос на трошењето на топки. TS% ги зема сите шутеви во предвид и нивните проценти на реализација соодветно со поените кои ги носат (и двојки и тројки и слободни). Генерално над 54% е добро за бекови.

На следниот линк споредени се сите бекови во минатата сезона кои одиграле преку 1500 минути во сезоната и имале usage rate (мерка за трошење на топки) над 20% што е горе долу просек во лигата:

http://tinyurl.com/pz4njzp

Харден е втор зад Кевин Мартин (ете зошто OKC го сакаа Мартин кој е супер ефикасен а притоа игра "без топка" - акциите одат преку Дурант и Вестбрук). Коби исто имаше добра сезона минатата година ама предминатата беше голем трошач на топки (единствен пат досега во кариерата претходно секогаш бил солидно ефикасен). На Коби маната со трошење топки му е во последните 2-3 минути од натпреварот кога сака се сам да реши, а тоа не е паметно за тимот многу често - тимските акции секогаш се покажуваат подобри отколку 1на1 игра во последнните шутеви за победа.
 
Подобар соиграч за Harden од Howard здравје. Уште да ја средат ситуацијата на плеј и на крилен центар и ќе бидат главни фаворити за титула во следните неколку сезони (за што не се сомневам дека ќе успеат бидејќи не треба многу а имаат еден куп интересни играчи и пикови за трејдање).

Точно така. За Хауард, ќе се сложат сите, никогаш не бил уверлив во нападот. Тоа што постигнуваше 20+ во Орландо беше заради физичката доминација, а реално целата игра паѓаше на него и Нелсон. Сега, кога ги има веќе изградените и одлични дефанзифци како М.Гасол, Хиберт, Ноа, Лав и уште неколку, Хауард делува очајно во напад. Post-up играта на основна линија му е очај.

Во одбраната е одличен. Затоа и ќе се изгради одличен тандем помеѓу Хауард и Харден.

Целосно се сложувам за плеј позицијата, Лин нема што да бара во таква екипа. Повеќе би одговарал играч со помалку загубени топки во просек и играч што помалку шутира.
 
сеуште е рано нормално, но еве неколку играчи шо импресионират засега-

Пол Џорџ 27/9/4
Ерик Бледсо 23/6/8
Крис Пол 26/4/13
Кевин Лов 26/14/4
Монта Елис 23/3/5
Андре Драмонд 11/11
Клеј Томсон 22/3
Ентони Дејвис 22/12
Иван Тарнер 22/5/3
Мајкл Картер Вилијамс 20/5/8
Брук Лопез 20/6
Енес Кантер 18/9
Тристан Томсон 13/9
Блејк Грифин 20/10/3
--- надополнето: 6 ноември 2013 во 20:30 ---
Точно така. За Хауард, ќе се сложат сите, никогаш не бил уверлив во нападот. Тоа што постигнуваше 20+ во Орландо беше заради физичката доминација, а реално целата игра паѓаше на него и Нелсон. Сега, кога ги има веќе изградените и одлични дефанзифци како М.Гасол, Хиберт, Ноа, Лав и уште неколку, Хауард делува очајно во напад. Post-up играта на основна линија му е очај.

Во одбраната е одличен. Затоа и ќе се изгради одличен тандем помеѓу Хауард и Харден.

Целосно се сложувам за плеј позицијата, Лин нема што да бара во таква екипа. Повеќе би одговарал играч со помалку загубени топки во просек и играч што помалку шутира.

o_O
 
Статус
Затворена за нови мислења.
Back
На врв Bottom