Breaking Bad

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.400
Поени од реакции
85.351
Волт го отрул Брок. Е добро де. На почеток на серија беше ненормален џанки што без Волт немаше пола сезона да преживее и најде да ѕмиздри за Брок. Па не го уби ? Жив и здрав си е малиот, башка му се исполнила желбата да не иде во школо, и башка ќе им биде фраер во маало како преживеал труење. Да умреше малиот ќе сфатев, ама вака..

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Замре нешто темата. Дај споделете ги видеата што мислите дека ја содржат најдобрата Bitch сцена од серијалот. Еве ќе почнам јас.

Мене најјаката "bitch ситуација" ми е оваа :):) :
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.741
Поени од реакции
18.488
После 5тава сезона јас застанав на средина. Пред 5та... не дека ја мразев серијата, повеќе го мразев фактот дека е нај-overrated серија на сите времиња. И по 5тава сезона уште е, но барем колку толку фановите може да се правдаат дека со неа серијава заслужува да биде прва на imdb (далеку од тоа).

У глобала, ова ми беше досегашното искуство со серијава.
Прва сезона - тешко срање освен последните 2 епизоди.
Втора сезона добра само после Gus Fring (11та епизода од 13... fuck me).
Трета океј, иако ја има најглупата епизода во историјата на телевизијата (Fly), и голема штета што не го убија Хенк кога требаше.
Четврта океј, штета што Gus Fring умре.
Петта одлична, но малце опадна темпото после Dead Freight.

Ликови...
Marie - најдосадниот лик што сум го видел. Секое нејзино појавување ми беше неподносливо.
Skyler и Flynn се исто тука негде, но барем Skyler беше глумена од одлична актерка.

Од епизоди најдобра ми беше Dead Freight, Granite State втора, сите други имаа досадни моменти.

Финалето беше соодветно.

Кое богохулие од пост, страшно. Најпреценета серија на сите времиња? дали знаете што значи зборот преценето, и кога се користи? високо квалитетни серии со многу добра глума, и сценарија неможат да бидат најпреценети на сите времиња, ако сакаш да бидеш хипстер, и да се делиш од милионите гледачи кои унизерзално ја признаа серијава како една од најдобрите на сите времиња, ако не и најдобра тогаш ок, само немој да пробуваш да убедиш некого дека си во право, значи прво дознајте што значи преценето, и кога се користи или барем дефинирајте што подразбирате под тоа, па после да дискутираме. Ако серијава беше толку преценета, немаше да биде највисоко оценета на сите времиња, ќе имаше и други како тебе, кои ќе ги направеа оцените на IMDB многу помали. Исто така во секоја епизода имало нешто досадно? што беше досадно во Ozymandias? Face Off? Crawlspace? :facepalm:

За крај, наведи кои се најдобрите и пред се серии кои според тебе треба да бидат на местотот на Breaking Bad, и ѕирни ми го потписот, кога ќе најдеш друга серија со таква оцена на епизода, од толку многу гласачи извести не.
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
леле ама сте ми интересни, да не смее човек да има свое мислење :confused:
официјално, по неколку неделно мачење, јас вчера престанав да ја гледам после изгледани 3 цели сезони и 7 епизоди. ќе ја доизгледам некогаш, али веќе немам нерви. ме отупе:(
дури и онаа најлошата серија некогаш снимена (heaven) ми беше поинтересна .............
 
old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.157
Поени од реакции
5.933
Кое богохулие од пост, страшно. Најпреценета серија на сите времиња? дали знаете што значи зборот преценето, и кога се користи? високо квалитетни серии со многу добра глума, и сценарија неможат да бидат најпреценети на сите времиња, ако сакаш да бидеш хипстер, и да се делиш од милионите гледачи кои унизерзално ја признаа серијава како една од најдобрите на сите времиња, ако не и најдобра тогаш ок, само немој да пробуваш да убедиш некого дека си во право, значи прво дознајте што значи преценето, и кога се користи или барем дефинирајте што подразбирате под тоа, па после да дискутираме. Ако серијава беше толку преценета, немаше да биде највисоко оценета на сите времиња, ќе имаше и други како тебе, кои ќе ги направеа оцените на IMDB многу помали. Исто така во секоја епизода имало нешто досадно? што беше досадно во Ozymandias? Face Off? Crawlspace? :facepalm:

За крај, наведи кои се најдобрите и пред се серии кои според тебе треба да бидат на местотот на Breaking Bad, и ѕирни ми го потписот, кога ќе најдеш друга серија со таква оцена на епизода, од толку многу гласачи извести не.
Стана прва на imdb затоа што серијава има голема база на fan boys што одлучија да ги downvote-ираат The Wire, Planet Earth, Game of Thrones и другите високо рангирани серии за да нивното милениче се најде на прво место. Пред 2 години, кога The Wire беше одамна целосно завршена, а Breaking Bad беше во трета сезона (значи уште лоша), The Wire имаше оцена 9.8 (не знам точно за Breaking Bad). Како што течеше Breaking Bad оцената и' растеше, а на The Wire паѓаше. Coincidence? o_O
Еве уште еден интересен линк.
http://www.imdb.com/title/tt0306414/board/nest/220634703?ref_=tt_bd_4

Btw, еве ги гласачките групи за The Wire и Breaking Bad.
Breaking Bad сега:

The Wire сега:

The Wire 2011та:

Ми изгледа дека девојките, а особено гласачите испод 18 решиле да превземат нешто околу тоа нивната серија да стане најдобра, а?
Зошто нивна серија? Затоа што ликовите готват метамфетамин. Ај кажи ми дека ако не беше серијава за толку атрактивна синтетичка дрога дека ќе имаше толкав успех. Да речеме, ако Волтер наместо тоа се решеше да готви палачинки или нешто неинтересно. Сите знаеме дека малолетниците се палат на серијава затоа што се базира на метамфетаминот. Не дека сфаќаат дека тоа е само заднината на серијата, дека во преден план е тешка психолошка драма што немаше да успее да не се споеше со метамфетамин.
Всушност, највисоките оценки за Breaking Bad доаѓаат од малолетници. Enough said.

Друго, 103 страни поназад го напишав овој пост. Таму признавам дека серијата си има одлична глума и кинематографија, но дека одвивањето на настаните е преспоро и тоа многу и' одзема оценка. За една серија да биде толку високо рангирана треба да нема момент кој ќе ти биде толку досаден да те тера да ја откажеш. Breaking Bad ги има премногу. И многу луѓе го имаат кажано тоа. Од друга страна, втората сезона на The Wire иако е општо земено за најслаба од серијата, пак е подобра од првите 2 сезони на Breaking Bad заедно. Затоа што пак има интересни дејствија, интересни ликови и има многу малку досадни моменти.

Трето, ти ми наброја 3 од најдобрите епизоди на серијава, сите од 4та/5та сезона. Океј, супер беа, но не ми се фаворити. Ај оправдај ми ја "Fly". Или "Gray Matter". Или "Down"...

За најдобри серии - веќе кажав погоре. Breaking Bad не би била ни топ 10.
 
old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.157
Поени од реакции
5.933
Аиии, теории на заговор :icon_lol:

Ако серијата не била за мет? ако the Wire не беше за криминалот на улиците во Америка? i'm done here.
И сам знаеш дека The Wire е многу повеќе од криминалот на улиците во Америка. Имаат опфатено толку многу дејствија што Breaking Bad ни за мал прст не може да им се фати.
Од друга страна, метамфетаминот е само двигател на приказната, но токму тоа е она што за малолетниците ја прави интересна. Основата е човек болен од рак кој мора да најде пари за операција. Да ги бараше на било кој друг начин - немаше да биде ни пола интересно.

Btw:
 
Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Ако во Брејкинг Бед имало досадни епизоди кои те терале да ја прекинеш серијата, во Жицата имаше досадни сезони кои едвај ги преживеав. Ама сепак муабетов ќе тера пак на секој со вкусот така да џабе се дискусииве.
 
И BB е многу повеќе од серија за мет, сега да не глумиме лудило....основата и пред се идејата и нејзината реализација е фантастична. Поточно начинот на кој Волтер се трансформира, и како од најобичен човек на крајот од својот живот, станува криминалец број еден, убиец, его манијак, лудак, човек кој иде и преку своето семејество само за да го задоволи своеото его буквално breaking bad, е тоа е клучот во серијата, не метот. Уствари серијава јас ја гледам како многу по сериозна и длабока него само забава од кување, ги гледам семејните конфликти, меѓу човечките односи, ја гледам човечката лакмост и подмолност, метот е само бонус и начин да се дојде до финансии, да се дојде на врвот, да се изгради империја дали ќе се продава мет, или хероин, или ќе се продава оружје не е битно, битен е крајниот резултат. Волтер стана зависник од криминал, Волтер стана човек кој сака да биде на врвот, Волтер самиот изјави дека е во бизнис на империи, кога ќе навлезеш во тие води нема враќање, на кој начин карактерот дошол до таму за мене не е битно.

Твојата омраза/аверзија кон серијава те тера да мислиш дека истава е за џанкерчиња, тинејџери, и напалени девојчиња, па дури и идеш до таму да пробуваш да пласираш теории на заговор, како тоа ПАЗИ СЕГА, гласачите од цел свет, на возраст од 18-на години, направиле договор, најверојатно преку пп :icon_lol: без никој да незнае, и сите масовно давале ниски оцени се со цел BB да дојде на прво место :D
 
old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.157
Поени од реакции
5.933
Ако во Брејкинг Бед имало досадни епизоди кои те терале да ја прекинеш серијата, во Жицата имаше досадни сезони кои едвај ги преживеав. Ама сепак муабетов ќе тера пак на секој со вкусот така да џабе се дискусииве.
Нема досадни епизоди во The Wire. Има премногу дејствија со премногу ликови и кои често зборат или комплицирани дијалози, или на тежок сленг и затоа станува тешка за следење. Но тоа е она што и' дава реалност.

Од друга страна, Breaking Bad има премногу вакви моменти.

И BB е многу повеќе од серија за мет, сега да не глумиме лудило....основата и пред се идејата и нејзината реализација е фантастична. Поточно начинот на кој Волтер се трансформира, и како од најобичен човек на крајот од својот живот, станува криминалец број еден, убиец, его манијак, лудак, човек кој иде и преку своето семејество само за да го задоволи своеото его буквално breaking bad, е тоа е клучот во серијата, не метот. Уствари серијава јас ја гледам како многу по сериозна и длабока него само забава од кување, ги гледам семејните конфликти, меѓу човечките односи, ја гледам човечката лакмост и подмолност, метот е само бонус и начин да се дојде до финансии, да се дојде на врвот, да се изгради империја дали ќе се продава мет, или хероин, или ќе се продава оружје не е битно, битен е крајниот резултат. Волтер стана зависник од криминал, Волтер стана човек кој сака да биде на врвот, Волтер самиот изјави дека е во бизнис на империи, кога ќе навлезеш во тие води нема враќање, на кој начин карактерот дошол до таму за мене не е битно.

Твојата омраза/аверзија кон серијава те тера да мислиш дека истава е за џанкерчиња, тинејџери, и напалени девојчиња, па дури и идеш до таму да пробуваш да пласираш теории на заговор, како тоа ПАЗИ СЕГА, гласачите од цел свет, на возраст од 18-на години, направиле договор, најверојатно преку пп :icon_lol: без никој да незнае, и сите масовно давале ниски оцени се со цел BB да дојде на прво место :D
И ти сега претеруваш непотребно....

Никогаш не реков дека ја мразам, ниту ќе речам. Го мразам фактот дека е толку hyped. Знам дека не е за џанкерчиња, тинејџери итн итн, но они не го знаат тоа. И затоа ја гледаат само заради дрогата. Јас го делам истото мислење со тебе - семејна драма за човек што е толку очаен што ќе навлезе во светот на криминалот итн итн... Тоа со себе си повлекуваше досадни моменти (види го линкот во постов).
И џабе пробуваш да го исмееш фактот дека The Wire е масовно downvote-ирана од малолетници во последниве 2 години. Доказите се тука.
 
Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Нема досадни епизоди во The Wire. Има премногу дејствија со премногу ликови и кои често зборат или комплицирани дијалози, или на тежок сленг и затоа станува тешка за следење. Но тоа е она што и' дава реалност.

Од друга страна, Breaking Bad има премногу вакви моменти.
Знам дека има премногу дејствија, сленговите барем мене не ми се проблем, а и не знам зошто би му биле на некого кога постои превод (знам сега ќе ми кажете дека се губи малку магија од сценариото со преводот, ама не секој знае англиски толку добро, да може да ги следи Стрингер Бел и компанија што зборуваат).
Дејствија имаше премногу тоа е факт, петтата сезона ми беше ептен од повеќе, за разлика од тоа што зборуваш за втората мене таа ми беше една од поинтересните (ако не сум ги смешал сезоните, ама мислам дека таа беше со Пољаците или шо и да беа по националност). Има премногу раздолжени дејствија, една епизоди се фокусира на криминалот, дрогата и како таа влијае на обичниот човек, во друга епизода се префрла на политички игри и како се тоа се одвива, а тоа реално е малку напорно да го следиш, да не зборувам шо имаш милион ликови и ти треба време да ги научиш, па со сите тие убиства и апсења добиваш уште нови ликови.
Далеку од тоа дека The Wire е слаба серија, ама за мене никогаш нема да биде во топ 5.
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Добро ај серијава не е за многу глупи и за многу паметни. Тее тупење, била најдосадна, мислиш Индиска серија се работи. :facepalm: Па и наоѓаат теории за заговор и слично. Ако не ти се свиѓа - не ја гледај, не тупи и проповедај на други кои ја гледале дека била тапа. Еве сите ние одиме по други теми и дрвиме како се досадни сериите. Можеби серијава има фанбојс ама има и хејтербојс кои се на исто ниво досадни. Серијата беше одлична, една од најдобрите која сум ја гледал, заврши и тоа е тоа, времето ќе покаже што значи серијава а не оценки на imdb и постовите на форуми.
 
old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.157
Поени од реакции
5.933
Добро ај серијава не е за многу глупи и за многу паметни. Тее тупење, била најдосадна, мислиш Индиска серија се работи. :facepalm: Па и наоѓаат теории за заговор и слично. Ако не ти се свиѓа - не ја гледај, не тупи и проповедај на други кои ја гледале дека била тапа. Еве сите ние одиме по други теми и дрвиме како се досадни сериите. Можеби серијава има фанбојс ама има и хејтербојс кои се на исто ниво досадни. Серијата беше одлична, една од најдобрите која сум ја гледал, заврши и тоа е тоа, времето ќе покаже што значи серијава а не оценки на imdb и постовите на форуми.
Зошто упорно ми ги извртувате постовите? Ниту ја нареков најдосадна, ниту тапа (но, реков дека има премногу досадни моменти). Само докажував дека е overrated заради fan boys.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom