- Член од
- 14 април 2012
- Мислења
- 32.889
- Поени од реакции
- 67.520
Не ми се чини... натпревари се местат, а кладилниците имаа едно 3 пати повеќе информации од колку што може да има обичен играч кај нив.Кладилниците никогаш не губат,истотака како што ти не можеш стално да добиваш.Секојдневно некој губи,некој добива,а кладилниците се секогаш во плус,но ако долго време не си добил ти се чини дека се е наместено.
Земи ја пример, bet365, имаше овде член што ги одра на наместен македонски меч на точен резултат, и веднаш му го ограничија акаунтот на 1Е уплата. Moжеш да ги заебеш, ама само еднаш.
Се местеше и порано, тук таму, ама последниве 2 недели ме натераа да ставам пауза на кладилница, едноставно не можеш да играш против толку многу мини, и кога на другата страна се наоѓа некој кој е посупериорен со информации.
Избегнував да играм на конечен резултат, зашто таквото кладење го сметав, просто кажано, како да седнуваш да те шиша некој кој прв пат зел ножици во рака, и да очекуваш да излезеш со добра фризура.
Се менуваат формации пред меч, се повредуваат играчи, тренерите изведуваат бесни глисти...
Примери колку сакаш за ова, Ливерпул кога излезе со 4 централни дефанзивци во одбрана и крахираа дома, Реал кога излезе на Ел Класико со Рамос како задњи везни и други формациски утки кои ти влијаат врз исходот на конечниот резултат...
Значи, за да ги заебеш ти нив, треба толку многу фактори да ти се поклопат...
Кладењето во живо е друга прича, тука пак ти прават типичен low balling со коефициентите...
1.07 коефициент на полувреме Ваљекано-Реал за уште еден гол, 1.20 за уште 2 гола на мечот...
Замисли колку пари треба да лупнеш, за да видиш некоја добивка.
А секогаш постои можноста да Реал без многу замарање да си го одработи второто полувреме, и да не падне уште еден гол, а камоли 2 гола...
Доаѓаме до последниот фактор, спортската среќа. Ова ако го немаш, можеш и на уши да одиш со анализи и типови.
Тоа типчето што имаше постирано овде фатени 5 утакмици со фатени х-2, и х-1, една од тие утакмици му беше ПСВ-Ајакс...
Го гледав првото полувреме од натпреварот, и ПСВ створи, 10 шанси за гол, погодија пречка, статива, и промашија едно 3 пати од 5 метри гол шанси...
Почнува второто полувреме, и ПСВ за 5 минути дава 4 гола. Автоматски ја фаќа утакмицата како што ја играл, х-1.
Колку само примери имаш овде, колку само пари се изгубени за 0.5 поени, за 0,5 гема...
Дали таа граница е случајно поставена на тој хендикеп? Па не би рекол.
Последен пример за типично умешување на кладилници во исход на резултат од меч ти е првиот меч што го играше Македонија со Црна Гора во Струмица...
Се дозна во потесен круг дека мечот ке се игра 3х30 минути, а имаше граница од 61 поен на bet365, со 2.85 коефициент, како да ке се игра 2х30 минути, стандардно...
Македонија во последната третина, која наместо 30 минути, ја одиграле само 20, значи, за 20 минути дала фантастични 5 гола, и натпреварот за 80 минути игра, завршува со 57 гола.
Кога сакав да ја уплатам утакмицата во Хоризонт, го кренаа хендикепот од 55 гола, на 58, и го спуштија коефициентот од 1.85, на 1.40...
Случајно баш на 58?
Почнав посериозно да се занимавам со кладење лани од Ноември, но, со некои работи не се излегува на крај.
Посебно кога куќата во која се кладиш, го знае исходот на многу нешта.
И да, добиваат само оние кои не уплаќаат.
Ретко кој се откажал од кладилница со дебел плус. Ретко кој.