Твоите ставови се исти со ставовите на оние економисти кои мислат дека остварувањето на профитот е единствен смисол на постоење на општеството и единствен начин на фукционирање на општеството.
Но кај нас практично ништо не се ни произведува, па се прашувам кое производство ќе пропадне ако профитите се намалат?
Но еве да го прифатиме твоето тврдење како точно
Но што пречи да овие мизерни плати, кои им обезбедуваат профит на газдите, државата ги надопони барем за уште толку за станат барем пристојни. Веројатно знаеш дека за зонско се даваат огромни субвенции и можат да речат наместо да го субвенционираме зонско со милиони евра субвенции, со тие пари ќе ги дополниме најниските плати, а зонско ќе го укинеме
Има една друга димензија, која ти ја забораваш, а тоа е политиката -
Ако огромен број луѓе држиш во сиромаштво, беда и мизерија, можно е да се појават многу лоши работи.
По Втората светска војна, во 1948 година е донесена Универзалната декларација за правата на човекот. Во Преамбулата на ова декларација се наведени шест причини за нејзино донесување
Еве една од нив:
Бидејќи непочитувањето и омаловажувањето на човековите права резултираа со варварски постапки што претставуваат навреда на човековата совест и бидејќи создавањето на свет во кој луѓето ќе ја уживаат слободата на говор и убедување и ќе бидат ослободени од стравот од војна и сиромаштија, се прогласува како најголем идеал на сите луѓе;
Не знам дали ја разбра пораката - ако луѓето ги држиш во мизерија, а мизерија е плата од 8050 денари - може повторно да се сличи минатото од кое се срамиме.
Затоа во член 23 се вели дека секој треба да има работа и убава плата, а ако таа плата не е доволна треба да се надополни од посебни фондови
Те молам прочитај:
1. Секој има право на работа, слободен избор на работно место, праведни и поволни услови за работа и заштита од невработеност.
2. Секој, без каква и да е дискриминација, има право на еднаква плата за иста работа.
3. Секој кој работи има право на праведен и соодветен надоместок што нему и на неговото семејство ќе им обезбеди достоинствен живот, а кој надоместок ќе биде надополнет, до колку е неопходно, со други средства на социјална заштита.
4. Секој има право да основа и да се зачленува во синдикати заради заштита на неговите интереси.
http://mk.wikipedia.org/wiki/Универзална_декларација_за_човековите_права